ЌЕ ИЗДРЖИМЕ! И јас имам симнато најмногу во градите и стомакот одма под гради Секогаш прво таму слабеам (кај што не треба )
Турбо ун се држи ако стагнираш со намалувањето на килограмите има посебно денови кога треба да се почне.Изменет редослед на деновите за будење на организмот еве ти сликичка за да си знаеш како оди по редослед
Ти благодрам! Мене баш и ова ми треба :/ Значи од 46от ден се почнува? Леле да знаев дека вакво нешто постои ќе почнев уште од 17от (иако не треба ако се држи за прв пат) бидејќи првиов месец желудников го чуствував како мртов. Ја имаш цела книга?
Ја немам ама се распрашувам по други што знаат што и како И јас планирав на 17ти ден да почнам но ме предомислија велејќи дека рано е за турбо така да ќе чекам 46ти ден ,здравје Ајде заедно ќе почнеме тогаш турбо
Ај ако сака некој да постира линк или ако ја има книгата за диетата да ја прикачи овде бидејќи неможев нигде да ја најдам
Денес втор ден. За доручек имам 2 портокали и кафе, а за ручек ќе печам компири. Синојка многу ми се јадеше и си легнав порано. Дали во текот на овој ден смеам пуканки? И да ве прашам за утрешниот ден, пицата со што ја правите? Планирам утре да си купам тесто за пица.
Можеш пуканки за вечера 100грама со малку зејтин и сол Јас вчера јадев пица види во темата фемина инстаграм поставив слика Сама направив тесто а одозгора ставив секаков зеленчук.Пелати,кромид,печурки,маслинки,тиквица,пиперка,сусам и преубаво излезе. Со купечко тесто правев во претходниот циклус кога држев ун ама не беше ич убава,но ти пробај види како ќе ти биде полесно
Девојки вакви компири може да се јадат за време на диетата? http://www.kafepauza.mk/zivot/krckavi-pecheni-kompiri-so-feta/
Јас се откажав. Мноооогу ми е тежок овошниот ден. Цел ден ми се јаде и желудникот ме кине. Прочитав некоја друга диета те додаток од мед лимон и рен. Колешка ми ептен го исфали. Па со тоа ќе пробам. Се на се 3 кг помалку за 12 дена не е лошо. Само да не ги вратам одма.
Не треба салата, не пишува во диетата, а и салата и пица не оди Уживај во денешниот ден )) Јас денес цел ден на вода сум :/
Па знам, баш затоа и прашав за сигурно. Леле, со лесно. Сакам да ја издржам барем до крајот на месецот. Едвај чекам вечер благо, ммм. Пицата ја направив со готово тесто и вкусно излезе затоа што и ставив повеќе печурки и сусам. .
Пребарував на Google за УН диета и ми излезе овој форум каде најдов некои интересни информации и коментари. Гледам се жени овдека па се зачленив само да пишам 1 пост за моето искуство со диетава. Денови не бројам ама од прилика сум околу крај на првиот месец. Диетава ја спроведувам војнички без грешки (што се однесува до комбинациите на храна). Имало некои минорни отстапувања ама ништо сериозно во споредба со тоа како некои ја кршеле диетава на форумов. Покрај правилната исхрана првите 10 дена пиев Slim Line Gel за да ми се убие гладот. Не чувствував глад па некако полесно поминав на почетокот. После тоа престанав да ги пијам бидејќи телово некако чудно почна да се однесува, но гладот го снема или кога ќе се појавеше го контролирав многу полесно. Во овие 30 дена изгубив 7 или 8 кила. Трчав на кеј 6 пати, на Водно се качив 2 пати, и бордав 3 пати. На секои 4 дена паѓав за околу (+, -) 1 кило. Имав нешто над 90 кила, сега сум 84. Крајна цел 78. Околу исхраната: - Салата јадам со секој оброк освен во овошен ден. - Не пазам многу вечерата да ми е пола од ручекот. Јадам, ама гледам да не ми биде колку ручекот а да сум сит (не најаден или прејаден). - Овошен ден јадам кога ќе ми текне.. До 3 банани во денот, портокали, јаболки, суви сливи без шекер и урми. - Доручек во 08:00, Ручек во 13:00 и Вечера во 18:00. - Во текот на овие 30 дена немам пробано сирење, леб (освен пица), јогурт, кашкавал, благи работи (освен 1 ред за готвење во јаглехидратен ден), јајца, млеко, и други работи кои ми беа присутни во секојдневната исхрана. - Скоро секој протеински ден јадам пржен кромид со печурки + месо (често скара) и салата. Диетава ќе ја држам уште 60 дена со зголемени спортски активности. Ручекот нема да го мерам во грамажа, ни вечерата.. но сепак ќе пазам да не се прејадувам или да внесувам поголемо количество храна за вечера.
Najprvo zdravo na site dietalki Jas denes pocnuvam so dietata utre mi e zrnestiot den, pa da ve prasham grav od konzerva moze li da se jade? Inaku mnogu dobra motivacija ste
Диеталки јас дојдов само да ви кажам дека денеска ми е 29/90 воден засега немам испиено ниту 1л вода... знам дека треба повеќе ама ајде до вечер има време Сеа за сеа не ме фатиле некои кризи ама осеќам дека во 22:00 ќе си легнам вечерва Морам за инат да издржам затоа што вчера на овошен ден првпат ја прекршив диетата и каснав благо пмс ми е страшна и очајна работа ...
Девојки хелп! дечко ми сака да ја почне само ми треба ваша помош. Кафе пие со две лажици шеќер. Може ли наместо шеќер да става натрен?? И дали може сок од цеден портокал и лимон со мед внатре??