Здраво девојки,ајде малку и јас со моето искуство... Некако денес се демотивирав, иако не сум утнала нит еден чекор од диетата. Пред три-четири дена имав симнато 4 килограми, а и добив кометари дека сум заслабнала, и некако добив храброст. Денес имам 3 килограми плус. Притоа ова е 22-ри, скробен ден .. И некако не ми е јасно како за толку краток период од 3-4 дена да вратам килограми а не сум направила отстапка во храна... Секако нема да се откажам, но има ли некој слично искуство?
значи и јас го имам истиот проблем...и мислам дека е заради нередовнотот одење во веце! пред три дена се мерев имав 66,7 прееска се мерам 69....ужас спор метаболизам
Мерете се наутро, тогаш покажува точно вагата. Ова ми го има кажано другарка што оди на нутриционист.
Веројатно да, впрочем јас од кога сум на диета имам проблем со одење во веце, и покрај толку салати и течности...
Cucki jaś pominuvam da vi kazań dekasi praktikuvam nekoja moja dieta zasp około faks nemozam da se pridrzuvam strogo , ali se trudam. Moze ułan malku kg simnato vo ovie 60 tina dena 11 misam deka se kasę meram utte. Denes nv vo shoping od pantalona broń 52 nękać i 4 stignav do 46.
@Viktorijaaa5 Како помина водениот ден? Мене ми се слоши, пошто пијам многу кафе, денес испив 3 од кои едно нескафе. Па затоа каснав 2 шаки соленки и испив скоро 4л вода. Еве, уште пијам вода не де делам од шишто
Накусо пак се враќам на ун и овојпат нема откажување барем два месеци. Бев на таа 20 дена 8 кг и не само што не симнав кг, бев постојано гладна,метаболизмот со 2та оброци ми се забави , се измалтретирав страшно и повеќе никогаш нема да ја применам.За разлика од таа со ун имав сосема поинакво искуство. Па ќе ме читате во темава.Се мерев преска па знам од каде стартувам, накусо со 10кг вишок.Си почнав со протеински денес со сок од 2 средни (повеќе накај мали него ли средни) портокали и пола грејпфрут, се освежив и расонив,за ручек 3 јајца варени (селски-помали се од другите) парче моцарела (не пржено) , парче леб и салата од домати, за вечера 2 јајца варени парче моцарела и салата од домати.Мене гладот ми го убива во литро вода еден цеден лимон и си пијам од неа цел ден, барем за почеток планирам тоа да си го применувам барем првите неколку дена. Мислам дека треба да се направи тема со најчесто поставувани прашања во врска со УН диетава за феминките кои сакаат да ја држат диетава да не вртат многу страни и да не ги поставуваат истите прашања.(кој знае и може да го направи тоа МОЛАМ да го направи, па експертите за диетава да не советуваат)
Денес овошен ден, се надевам ќе издржам. Имам јаболки и банани за денес, ако не ме заситат ќе одам да си купам сушено овошје.
Ххахаха помина денот конечно уф ! Јас не пиев ниту чај ниту кафе ниту пак многу вода 1л вода мислам дека испив,неможев на сила. Неможев да заспијам синоќа од цревата што ми свиреа ако веруваш во 2 саат станав испив малку јогурт и пола парче црн леб
Замисли вчера цел ден ич не ми се јадеше, стомакот не ми кркореше ни вечерта иако бев будна до 4, само што околу 5 часот ми се слоши. Еве денес кога станав ич не бев гладна, каснав 2 портокали и сега е време за ручек и не сум гладна. Стомаков ми е подуен, не можам да појдам во ВЦ. Отсекогаш сум имала бавен метаболизам, ама откако почнав со диетава е уште побавен. А нели диетава треба да го регулира метаболизмот, зар не? Во 30 дена само 4 пати се олеснив. Некој совет, како би можела да го регулирам метаболизмот по природен пат? Мислам без чаеви и таблети.
@Sanimk1 и јас не чуствував којзнае какви кризи во овошен ден повеќе ми се јаде отколку вчера на водниот ден. Се мереше ли ? Само што ручав и не јадев којзнае колку а се силев дека ќе изедам многу ... Јас искрено немам ич проблеми со одењето во веце одсекогаш сум имала брз метаболизам па со диетата дури и повеќе На протеински ден пиј чаша јогурт со ленено семе ,во овошен ден јади киви,суви сливи и кајсии,вари си чај од суви сливи овие работи би требало да ти помогнат
Фала многу, баш ќе пробам. Кога почнав со диетава се мерев, ама и истовремено имав и ПМС (во кој нормално накачуваме +2 кг поради целиот циклус). Некаде на пола месец се мерев и покажа -3 кг. Минатата недела пак се мерев и покажа -5. А на мене многу и не се познава. Што би рекла се' на се' релано имам симнато 3 кг.
Овошниов ден ми помина супер, 2 портокали, 1 банана и неколку урми. Да ве прашам за утрешниот ден(протеински) дали смеам свинско месо? Вчера колеа моите прасе и едвај издржав вчера и денес да не пробам, стрв ме фаќа. Некои ми кажаа дека само свинско месо не смеам, затоа прашувам.
Да се надоврзам на ова јас одам редовно во вц ама килограмите тешко ги намалувам ете вчера вагата ми покажа 59 а денес 59,5 знам дека не е некоја голема разлика ама мислам дека влијае тоа од претходниот ден сега ќе се вагам дури по 2 дена одкако ќе помини овошниот ден се надевам дека ќе биде 58
Денес за доручек 2 портокали и кафе, за ручек извадив свинско месо, иако не сум сигурна дека смеам свинско во диетава. После ќе си го сварам, супер е протеинскиот ден, го издржувам. Утре ми е скробен ден, смеам ориз со спанаќ? Или не смеам да ги мешам. Минатиот пат на скробен ден печев компири, но не ме држеа сита долго време.
Ајде и јас да се пријавам. Денес 29ти ден -воден . До сега испив само едно кафе па до крајот на денот ке пијам вода. Сабајле се мерев 65.6 , а денот кога ја почнав бев 73 Пресреќна сум Инаку barbiegirl.24 мислам дека не треба да ги мешаш ,но не сум сигурна. Некој поискусен подобро ќе ти каже. Инаку пробај некоја манџа на скробен (грашок,компири и сл.) Мене супер ме држат на скробен. Поздрав
Диеталки, дали јадите едно парче леб и за вечера во протеински и скробен ден? Овде на првата страна од диетава не пишува за лепчето, само дека треба половина од ручекот. На овој линк ја најдов диетава и пишува без леб. http://zdravjeiubavina.com/dieti/un-dieta/
Јас јадам само на ручекот парче леб ,некогаш не можам ни цело парче( ржен леб). На вечера не сум јадела.Кога бев на роденден еднаш на протенински ден јадев една кифличка со месото.