Денес 9ден, протеински. Супер го издржав, може малку повеќе количински, ама изгладнета бев од вчерашниот ден. За ручек 1 туна, марула, 1 кришка интегрален леб и малку коцка супа. За вечера пак цела туна со помалку салата, многу бев гладна. Си се напив и нес конечно после 10дена и срцето на место ми е сега, супер се осеќам. Можеби вечер уште еден ќе испијам додека учам, да ме освежи. Другарките вчера сите ме пофалиа дека сум ослабела и јас се приметувам, стомакот ми е многу намален. Да ве прашам, за нареден протеински ден смеам крем сир мало пакување со 2 варени јајца? Ми се јадат млечни производи. И за утрешниот ден, скробен некако имам најмалку идеи. Немам поим што би јадела.
Во протеински ден можеш сирење и варени јајца. Вообичаено, јадам 2-3 парчина обезмастено кравјо сирење со 2 варени јајца+салата,парче леб.За вечера едно варено јајце и парче сирење.
Jas od 1vi ppcnuvam imam plan do 29 da oslabnam bid. Togas mi e rodenden pa na koj mu se pagja na 1vi proteinski bi sakala da se druzime, makar i so tie sto ne sme ista den, iman potreba od motivacija ☺☺☺
Pomina 1 mesec i namaliv skoro 8 kg (i so fizicka aktvnost), vcera bev na veridba i se pocastiv ubavo na ovosen den torta,apki,kiflicki od se apnav Denes prodolzuvam so proteinski . Jabolko, pa malku sirenje so jajce.
Здраво девојки, вчера малку си ја подпрекинав диетата бидејќи бев на пат и не стигнав да јадам тоа што требаше наместо јаглехудати за ручек јас јадев пилешки стек . Мислите дека би можело да ми следува период на стагнација заради тоа поточно дали некој ја има такво искуство оти веќе ја правам прилично 2 месеци и не сакам да се разочарам сега
Денес 11 ден јаглехидратен. За доручек 2 мандарини и пешачев цело сабајле. За ручек си варам шпагети ќе ги јадам со домашен кечап и вегета. За вечера еклери ќе прави мајка ми, таман ќе си изедам 1 или 2. Утре ќе се мерам, па ќе ве известам за резултатите.
Денеска овошен ден и направив грешка ... каснав нешто што не треба ми иде да одам и се да исповратам ах... тоа е ме фати момент на слабост До вечер не каснувам ништо а од утре продолжувам да терам напред без ни една грешка, еве ветувам !!!
@Viktorijaaa5 пази што ветуваш, овде исто како да си ветила во Црква Верувај мене ме држи тоа што си кажав овде уште на почетокот дека ќе издржам, па затоа секој ден го посетувам сајтов и читам како другите напредуваат со диетава. Девојки, вие ми сте најголемата мотивација!
Девојчиња, јас го завршив првиот месец, од вчера почнав нов циклус протеински ден, денес ориз и така Очекував повеќе резултати на килажа, имам само минус 4 килограми, иако во обем имам разлика, мешето ми изгледа понормално, спољерчињата ги нема обесени. Белким деновиве ќе се сменат работите на поарно, барем уште 4-5 да симнам. Како се држите вие?
јас се придржувам кон диетава два месеци што значи истерав два циклуса од 7*4 дена и два водни. резултатот ми е -8 со тоа што првиот месец имав -5 а вториов -3. во обем во првиот месец помалку намалив, а во вториот цел конфекциски број. засега сум задоволна и не се чувствувам гладно или истоштено воопшто. вториот месец воведов секое утро по една чаша млака вода со пола лимон и лажица мед и нависитина имам чувство дека организмот ми е прочистен( може повеќе е автосугестија но како и да дава стимул плус . проблем со кој се соочувам во текот на диетава е јагленохидратниот ден затоа што освен тестенини не знам што друго би јадела, а некако не сум навикната толку често да јадам тестенини. ако некој нашол интересна замена нека сподели би ми било од корист, пошто претходниов јх ден се зезнав јадев салата со парче леб вечерта јадев ред чокаладо за готвење и еден ред млечна дорина и жива гладна останав, утредента овошен ден па ми следеше воден ден и дури стигна денот со месо мислам дека ќе колабирав за храна.
Луѓе да ви кажам дека прекинав со диетава и почнав да јадам само протеини и зелена салата последниве 3 дена јадев кисело млеко. пилешко и јајца и ослабев 1 кило...ќе гурам вака до велигден
Денес не успеав да се измерам кај другарка ми, во петок здравје. Денешниот овошен ден ми помина ептен добро, ич не осеќам глад, можеби веќе се навикнав. Пешачам многу во последно време, пијам многу вода и си легнувам порано за да не ми се јаде. Нозете ми се ослабени, сакам да успеам да ја издржам до крајов на месецов и се надевам ќе ми успее.
Јас денес се мерев и само 6 кг за 38 дена. Инаку пред 2 дена кога ми беше ЈХ ден, вечерта се напив алкалакс и замислете не ме протера. Сеуште не сум се олеснила. Па што организам ќе беше ова...јас не знам. Како што ми оди бавно губењето на килограмите ќе си ја терам едно 180 дена. Било штетно, не било не ме интересира. Се навикнав и се чуствувам многу полесно.
Први ден успешно поминаат... како што бев навикната на многу храна, вчера многу малку јадев а глад не осетив. д: си купив банана р:само шопска бид. Јајцата не ми се направија в: исто шопска ама многу помалку. денес на мени имам за појадок јаболко ручек боранија со марула салата вечерата половина од ручекот. со среќа на сите
Денес 13 ден, протеински. Рано ручав поради тоа што имав обврски ( 1кришка интегрален леб, 2 варени јајца, марула, коцка супа и фета сирење), па вечерав во 18часот ( марула, 1 варено јајце и малку фета сирење). Осеќам глад, што смеам да грицкам? Утре сабајле се мерам конечно, едвај чекам.
Обиди се да не грицкаш ништо , напиј се чај. Ако ептен не можеш,најдобро е да јадеш краставица ,дека е 90% вода
Направи си панцероти полнети со фил ) Јас месам тесто со 500 гр. брашно, филџанче зејтин, околу 200 мл вода млака, во третина од водата раствори квасец и малку, лажичка сол ќе ставиш во смесата. ( оваа количина е за две лица) ќе си преполовиш едно топче за тебе). Од тоа топче тесто, правам две панцеротки. Филот е со кечап, маслинка, кисели краставички, пиперки, зачини, наполни си со повеќе фил за да ти е посочно. После во една чашка земи малку брашно, вода и сол да дојде некоја густа, сепак течна смеса, за да ги намачкаш одозгора панцеротите, ( јајца несмееш да користиш нели), сусам и ленено семе, испечи, и ќе бидеш презадоволна, среќно најадена )