Пред да ја почнам диетава бев на режим 2 месеца и четвртиот ден од диетава се измерив бев ослабена 10 килограми. Денес ми е 14 ден, се мерев сабајле и имам симнато уште 4 килограми. Ќе продолжам со диетава, ќе се измерам пак за 1 недела, немам трпение. Денес скробен ден, сварив грав со везени пиперки и млад кромид, тоа ќе јадам. А утреее пицааа и благо, ммм.
Со оглед на тоа дека уште вториот ден направив голем прекшок, изедив 4-5 залчиња торта а во 3ч си се најадив убаво месо, од денес решив да бидам малку поозбилна и поорганизирана за тоа што ќе јадам наредните денови па си направив список. На списокот вели за денес тестенини со кечап, а појадокот го пропуштив поради тоа што станав во 11ч па не сакав да јадам овошје туку дирекно да преминам на ручекот. Во 12 се напив млака вода со половина исцеден лимон и вежбав на орбитрек 10 минути (само 10 оти ми е прва ден што вежбам), а половина час ми помина во чистење што значи дека и тоа е некаква активност. Е сеа ме буни дали е голем прекршок тоа што не појадував и ќе одам дирекно на ручек, или не е многу страшно, само да не се повторува?
@cukarkoval грешка е што не се појадува,но еве да ти кажам дека јас многу ретко појадувам.Директно одам на ручек затоа што покасно станувам. Денеска ми е 40/90 јх ден . Искрено ми смета јх ден,се чуствувам подуено а и каснувам повеќе од што треба,ама секогаш си се тешам со овошниот ден Едвај чекам да дојде 46ден да го пробам турбото да видам како ќе ми одговара Денеска ручав јуфки со томатело ,каснав 2коцкички тортина и една крембанана а до вечер сигурно ќе каснам уште нешто благо.
И јас многу пати си реков: "леле овој ЈХ ден не е за мене, требало да не го ставаат во диетава, т.е диета со благо и тестенини не е за стрвловци како мене" Секогаш во ЈХ си каснувам тро фазла. Али како и да е барем другите денови сум сериозна и се придржувам. Инаку, Вики со тебе почнувам турбо ун на 46 ден, барем поретко ќе имаме ЈХ денови
Иако не сум љубител на гравот, денес супер поминав. Пешачев, во движење бев цел ден и супер ми е сега, не осеќам глад. Едвај чекам пица утре да си јадам и нешто благо да си купам.
Тука сум ама малку демотивирана. Не знам зашто ама сега потешка ми е детава него првиот пат кога ја држев. Денес овошен ден, фешти. Банана, 2 авокада и шака индиски ореви. Ми се плаче колку му се јаде. Многу пати ја имам прекршено диетава и тоа не само во овошен, мноу пијам, малку спијам и ми се јаде поише него порано. Тешко мене,
@Hipster Ако те фаќаат кризи грицкај семки,сончоглед можеш и суво овошје 100гр. Мене па некако овошниот ден ми е полесен затоа што можам во текот на цела ден да каснувам нешто... И последниот пат се налевав со зелен чај па некако лесно ми се виде Или пак направи си салата зелена,испечи си моркови доколку си слободна ,барај некоја занимација за да помине време
Е тежиме едно 2кг повеќе поради целиот циклус. За време на циклусот внатрешниот ѕид на матката набобрува (нели се спрема за да си се вгнезди оплодената/неоплодената јајце клетка, затоа и чувствуваме подуеност), па поради ова нормално секоја жена во просек добива +2кг. Оваа информација ми е од Проф. во средно медицинско, а и има логика.
Вака сеа утре сум на натпревар па од сабајле од 7 ипол до кај 3 че бидиме таму и после натпревар одиме во City Mall па планирав да си порачам од таму цезар салата. Иначе не продолжувам со овошен туку одам на протеински оти знам дека нема да го издржам па би сакала да прашам ако знае некој да ми даде предлог каде би порачалла салата ама без сосови, глупости.. Или пак да одам на кинеска храна, уживам во тоа, но што би јадела и со кинеската?? Helpp
А каков ден ти е утре? Ако ти е овошен, а планираш да го прескокниш подобро не го прави тоа, туку јади како што си е редоследот, бидејќи ЌЕ ИЗДРЖИШ! Значи ако треба јади цел ден било какво овошје колку што ти се јаде, отколку да скокаш ден што има удел како и сите останати во диетата.
^ Во City Mall имаш и штанд со свежо цедени сокови на истата страна од кај што е Star Ocean (кинескиот ресторан), спроти чоколадната фонтана
Оф леле, голем предизвик ќе ми биде па се плашам дане цела ден на овошје овошје и навечер да ме фати криза
@Sanimk1 i @Jordanovska-K сепак фала, ќе пробам да издржам, фала за советите а утре вечер ќе ви пишувам
Толку и се радував на пицата денес, а моите ми купиле варени гевреци. Немам ни овошје, треба да одам да си купам, офф колку ме мрзи. Со што можам да го јадам геврекот? Кечап, ајвар, маслинки? И дали за доручек смеам свежо цеден сок? Вчера си исцедив 2 цитрона, повеќе сакам сок отколку овошјето да го јадам.
Ѓеврекот можеш да си го комбинираш со кечап,маслинки,ама ајвар мислам дека баш и несмее иако и јас си каснувам ама ретко,досега само 2 пати сум јадела ајвар Исто и за цеден сок мислам дека може да се пие во овошен ден а не и за доручек,но и да го пиеш неверувам дека е којзнае каква грешка. Јас целосно го прескокнувам појадокот затоа што неможам овошје наутро... Денеска мене ми е 41/90 овошен ден досега супер се осеќам изедов една банана и 5-6 лешници и едно нескафе.Колку ми го намалува кафето гладот тоа е чудо некое До вечер и турско ќе се напијам највероватно. Планирам да си направам и овошна салата имам доволно овошје дома за тоа а до вечер и зеленчукова салата си купив денеска зелка,цвекло,роквици,марула,младо кромидче и лукче мф мф, убавини ми е овој витаминскиот ден бе
Јас еве 3 дена со ред кога ќе станам пред кафето прво си цедам еден лимон и со млака вода го пијам. После кафенце па појадок. Денес за ручек овошна салата ќе правам. До сега никогаш не сум измешала зеленчук со овошје во овошен ден. Ако има кај вас резултати мешајќи овошје и зеленчук кажете, пошто заради столицата треба да внесувам што е можно повеќе овошје и зеленчук, а тоа можам да го правам само во овошен ден.
@Sanimk1 Овошниот ден всушност е витамински ден Можеш и овошје и зеленчук... најдобро е навечер да внесуваш зеленчук наместо овошје затоа што потешко се вари во текот на ноќта. Пола ден овошје пола ден зелечук јас така сум цело време + измеѓу јаткасти плодови и ретко каснувам суво овошје. Ти имам кажано еднаш мислам,јади повеќе киви, суви сливи и кајсии за да ти се забрза метаболизмот.