Фала ти. Со кечап и маслинки јадев, ама геврек ипол(варен) зошто бев многу гладна, а за доручек само пола јаболко изедов. Супер тогаш утре ќе си исцедам некој сок и ќе си се снабдам со овошје за цел ден. И мене кафето ми го намалува апетитот, но мислам дека нес кафе смееш само на протеински. Поздрав.
Нескафе пијам без млеко и без шеќер и турско кафе и чај пијам без шеќер и без засладувач... Мислам дека нескафе со млеко не смее и во протеински но доколку ептен неможеш да издржеш напиј се ама со малку млеко ... Јас да си кажам дека успешно ми поминува овошниот ден
Aаа добро тогаш, јас дека пијам 3 во 1 и само во протеински, другите денови турско само. Ќе го баталам и тоа. Ми се јаде месо, чекам протеински да дојде офф. Денес сите дома месо јадеа, јас гледав.
И јас ништо друго освен овошје Јас понекогаш си пијам нес со млеко и шеќер без разлика дали е протеински или овошен
Овошен ден денес, 2 јаболки и кафе. После ќе си исцедам 2 цитрона и за во текот на денот имам портокали и урми. Стомакот ми е рамен денес, иако некогаш знае и подуен да ми биде. Сепак има голема разлика каков ми беше пред да ја почнам диетата, а каков е сега и сум многу задоволна.
Компир варен ,печен ,леќа, ориз потпечен или сварен со зеленчук , грашок манџичка со компири, спанаќ со ориз,тиквички полнети со ориз ... Се надевам дека ти дадов некоја идеа
Го издржав денов, на крај малку салата и малку пуканки... Утре протеински, можеби свинско месо пак ќе си сварам(многу ми се јаде, иако е покалорично) или стек. па четврток и петок таман ќе ги постам.
Ајде да слушнам мислење за пуканки дали дебелеат јадам од куповни со растително масло и сол само ..без путер тие такви работи..зимав да пуцкам сама но нешто не ми излегуваа бидејќи сакам на мн малју масло а можеби е и до пуканки треба да пробам со други ..ии за кефир исто по 1 литар дневно пијам..ии тоа ми е..можеби не ми е за тука прашање ноо сигурна сам дека вие тука диеталки сте повеќе упатени? Поздрав и убаав ден
Еден мој пријател посетуваше нутриционист и многу е ослабнат бидејќи му препишуваше храна според крвната слика и му има кажано дека може кога ќе осети глад во било кое време да конзумира пуканки без сол , да си ги пука сам (само не од тие во микро) со малку масло,а сол никако да не им става. Тој вели дека го применува тој совет и нема проблеми со симнувањето на тежината. Поздрав и до тебе
Еее фалаа Ви многуу ми го разубавивте деноот јеее <3 мислам јас немам за симнување него онака да си знам дали можам да си ги јадам слободно да не ме здебелат во случај затоа што јас кога запуцам само едно исто јадам додека не го прејадам..така оваа недела на пуканки хах. Фалаа
Обожавам пуканки Јас пред неколку години јадев скоро само пуканки (со масло и сол, сама ги правев), супи, овошје и зеленчук и многу чај од магдонос Неверојатно за месец дена ослабев 12 кг. Никогаш не бев гладна поради пуканките и јадев колку што ми се јадеше. Не ти го препорачувам истово, пошто не е здрав и правилен начин на исхрана. Али во секој случај пуканките не се толку калорични, а држат ситост.
Пуканките во УН диета можете да ги јадете во скробен ден како замена за вечера Денеска 43/90 п:/ р: леќа со компир + салата (марула,зелка, морков) в: исто како и ручекот Уште 2 дена и ќе почнам со турбо ун
Диеталки денес се мерев и -2кг, преубаво ми почна денов. Инаку денес овошје на менито грејпфрут, банани, малку кикиритки, јаболчиња и ако вечер ме фати стрв за солена вечера ќе биде салата од домати и краставички и 1-2 маслинки.