36/90 ден, уште стојам на - 4 кг, немам мрднато на вага. Се чувствувам ептен истоштено деновиве, и ова ми е ваков втор по ред, тежок овошен ден, јас умирам од болки во желудникот, како да ме боде со иглички некој. Паѓам во депресија, барем да имам некаков резултат на повидок.
Многу малку, баш ме чуди. Јас не движам ич, а скоро 7 кг за 43 дена. И тоа првиот месец не знаев, па за вечера си јадев по 1 парче леб. Пробај со турбо ун од 46ти ден.
Денес 18ден, си направив ориз со спанаќ. Ручав во 1 со една кришка леб, многу малку салата и супа и после два саата пак земав малку ориз зошто бев многу гладна. Се надевам дека до вечер ќе издржам да не јадам пак и така сум на гости после до покасно, па можеби пуканки ќе си направам ако ми се пријаде ептен.
Почни со турбо одма после овошен. Јас исто стагнирав две недели. Вчера го завршив турбото и мрднав од мртвата точка.
Мене ми е 72/90. имам - 10. Супер ми е. Не кризирам. Само семплашам што.ќе.биде после 90/90. јас ќе ја продужам некој ден,до 1.Мај. И после??
И после ќе се придржуваш Биди на ун одржување има тема разгледај си ја Денеска ми е 45ден овошен досега изедов една круша и пијам цеден лимон моментално Од утре почнувам со турбо ун се надевам дека за Велигден нема а ја прекршам диетата затоа што во недела ми е протеински ден а во понеделних јх да си местев така немаше да ми се наместат
Мојот претпоследен ден, си јадам и си уживам, после Велигден ќе продолжам со УН Одржување, кој е за со мене ајде
Денес јаглехидрати... Доручек цитрони исцедив, ручек пица со зеленчук, а за вечера подобро да не кажам. Киндер буено 1, крем банана, 2 коцки чоколадо за готвење црно, 1 ред милка и си стопив на рингла 2 реда бело чоколадо за готвење. Страшно ли е белово чоколадо? Многу ми се јадеше крем, па помислив дека ова е помалку калорично. Многу ми се јадеше благо, сега кафе пијам и се надевам дека до вечер нема ништо да изедам.
@barbiegirl.24 гледај да јадеш 2-3 саата пред да си легнеш,ако легнуваш касно нормално дека ќе си гладна ,така да комбинирај си и прави си план во текот на днот за ручек и вечера за да ти биде полесно. Денеска супер ми помина овошниот ден, изедов 2круши 1банана 4-5 јагоди големи и 50гр бадеми ,вода со цеден лимон пиев во текот на денот и за вечера јадев салата од зелка марула и морков. Утре протеински едвај чекам шопска да јадам
Да, во право си, гледам да си легнувам порано изминатиов период. Утре ќе си купам овошје и некои јаткасти плодови да не гладувам цел ден и за вечера салата некоја.
Ако чуствуваш глад можеш да си направиш салата од краставица марула или зелка во било кој ден и во било кој дел од денот,барем ќе те засити а и е со многу малку калории....ќе ти ги отргне мислите од јадење
Ми се јадииииииииииииииии! Значи во цел ден: Појадок: едно јаболко Ручек: пола банана, јаболко и 2 киви со сок од лимон и малку цимет=салата Вечера: Истото од ручек плус 2 краставици. И пак ми се јадииии Ќе си умрам
Денес е последниот ден, се осеќам ко да поминаа едвај 2 месеци, а тоа поминале цели 3. Ќе правам малку пауза за Велигден и ќе јадам што ми сака душа, ама затоа од следната недела јово наново, односно Одржување Би требало да завршувам денес со воден, ама немам сили искрено, изедов некој портокал и се мислам дури и да земам јатки 100 грама. Кога ќе добијам конечно и ќе ми се спласне ова надуваново перниче напред полно воздух ќе се сликам и ќе ви покажам што постигнав за 3 месеци, како почнав а како завршив.
Девојки, кажете идеја што да јадам на протеински ден..вегетаријанец сум, а од јајца варени ми дојде преку глава