Почнувам и јас од денеска. 1/90 Денов го поминав со 1 јаболко големо, за ручек 2 јајца и салата краставици и 1 кришка леб, вечера 1 јајце. Се надевам дека нема да се откажам како претходниот пат. Имам скоро 65 кг, целта ми е да ослабнам околу 10 кг, освен диета ќе практикувам пешачење, вежбање и ќе вртам на орбитрек, свесна сум дека поголем проблем ми е затегнувањето и обликување на тело, отколку кг. Истиве кг , кога би ми било затегнато и обликувано телово би било супер, ама вежбањето многу тешко ми оди.
Ден 03/90 Конечно јаглехидрати. Јеј..... Имам едно прашање за сите кои го завршиле циклусот од 90 дена. Какви резултати имавте? Дали сметате дека е неопходно и по втор пат да се повтори диетата за да бидат резултатите трајни? Поздрав за сите кои се трудат да се подобрат. Имајте убав ден.
03/90 Толку се навикнав на салатите што денес пак ќе си направев салата. За доручек јадев овесна каша со малини (богата со јаглехидрати и нискокалорична) За ручек планирам да јадам едно парче пица + салата а за вечера 2 реда чоколада за готвење. Менито од прв ден: - јаболко -1,5 јајце со едно парче сирење + 2 парчиња двопек + салата -само салата Менито од втор ден: - суво грозје - печени компири + салата + 2 парчиња двопек - салата
Мислев дека ќе нема да има потреба пак да пишувам во темава ама после втората бременост пак дружба во темава. Почнав со некој мој режим ама очигледно не ми одговара и не слабеам воопшто, дури и си качувам, па решив пак со УН и тоа со турбо УН зошто не можам да се поднесам веќе, а да не зборувам за чувството секој ден пред испаѓање да дремеш 3 саата пред плакар и да се мислиш шо да облечеш зошто веќе ништо не те собира. Почнувам со 67-68кг и целта ми е минимум 10 кг помалку. Денес протеински: Појадок: 2 портокала Ручек: Шопска салата, супа со морков Вечера: Шопска или таратур.
Чекајте да се пофалам: 80/90. не помислував дека ќе стасам до тука... минус 10 до сеа. Ма да во последно време правам исклучоци и цело време пиев алкохол. Не многу ама кога имаше дешавка пиев по малце
Нема потреба да ја повторуваш диетата, доволно е доручекот да ти е овошје, ручекот било што, вечерата прескокни ја или половина од ручекот. Најдобро би било да не се враќаш на стариот начин на исхрана туку да продолжиш да се храниш здраво и во никој случај да не се прејадуваш, тоа беше и причината поради која за 1,5 год вратив 5-6 кг. Види во темата УН одржување. Денеска 2/90 Скробен Д- 1 големо јаболко Р- 1 чинија гравче, 1 кришка леб и марула В- многу малку гравче и зелка салата Испив скоро 2 л вода и 500 мл зелен чај со еден исцеден лимон пред ручекот, можеби згрешив што доручек ми беше јаболко, а потоа лимон, ама ајде морав со нешто да го збогатам вкусот на чајот. Вчера се измерив наутро и ми покажа 63,6 кг (ке си ги сметам како 64) , а јас мислев дека имам 65. Значи ја стартував диетава со 64 кг, се надевам ке ми е успешна како претходниот пат. Ај сега ке одам малку на орбитрек, па ако ми се оди, може и на некоја подолга прошетка.
Луѓенца, јас го завршив третиот ден од диетава и арна сум, здрава и права, ем здебеленка со надеж дека ќе имам резултати од диетава ем среќна.. Утре овошен ден воопшто не ме плаши, јака страна ми е овошјето. Туку тоа што ме мачи е денов со ЈХ, значи скробниот ден се си е океј се е таман и од еднаш организмов се изненадува со пица или тестенини и за вечера благо и утре најголем шок овошје цел ден... Па само мене овој ден со ЈХ ми е најтежок?! Мачно ми е на стомаков цел ден, незнам како ќе го издржувам денов понатаму, јас еден ред чоколадо да изедам мачно ми е а не па со ваква вечера Некој совет??
Мојот вчерашен ден не ми испадна баш како што планирав, ручекот го почнав во 4 а го завршив во 6 (не дека ждерев цели 2 часа туку за дома го зедов пошо не можев да го дојадам во бифе) Немаше пица па земав нешто налик на пица со мисиркино месо и кашкавал и тоа ми беше ручекот (според резултатите во ФитнесПал сендвич со мисиркино месо е околу 360 калории а мене сендвич/пицата од бифе ми изгледаше далеку покалорична па ставив божем 2 порции) Вечерата 7 коцки црно чоколадо (пошо немав торта) + јадев смоки (пола од големо пакетче ама и тие се „богати со јаглехидрати“) затоа што според ФитнесПал „I couldn't complete my entry because I obviously wasn't eating enough“ -_-
Денес 28/90 овошен ден. Ај хелп! Утре сакам да држам воден ден, но нема да издржам цел ден само на вода. Искуства од некои од вас што го држеле водениот? Дали смеам салата или коцка супа, бадеми, било што?
Пробај да го издржиш само со вода. Веќе ако ептен не можиш, според мене најдобро би било да јадиш салата. Јас на 21ви држам воден ден по втор пат. Се надевам дека овој пат нема да прекршам. Се качив на вага и веќе подолго време стагнирам, па тоа ме мотивира до крајот да ја држам строго.
Мислам дека не смееш да мешаш месо во ЈХ ден. Јас кога јадам пица, јадам вегетаријанска (маслинки, кромид, печурки, пиперка).
Девојки каква е оваа Ун Диета ? Поголема глупост од оваа диета нема.Докажано е дека доколку сакате да изгубете тежина мора да направите калориски дефицит.Што значи тоа ? Еве на пример за вашиот организам да функционира нормално, треба да внесувате дневно по 2100 калории.Доколку го намалете внесот на 1200 калории имате дневен калориски дефицит од 900kcl.За да изгубете 1 килограм неделно треба да согорете 7000 кcl.Тоа е можно во комбинација со калориски дефицит и одредена физичка активност.На тој начин безбедно се слабее без последици по здравјето. Како што можам да видам оваа диета од нутриционистичка гледна точка е чиста 0.Калориски дефицит му е мајката, а не внесување на junk food.Со оваа диета само можете да станете анемични, и да се здобиете со дефицит на минерали.Најважен минерал е Калиумот (K), невротрансмитер кој учевства во пренесување на нервните импулси од цнс до органите,мускулите.Дневната доза која се препорачува e 3500мг. Поголем дизбаланс на калиум може да доведе до кобни последици.Верувајте во светот многу луѓе умираат како последица на дефицит на Калиум. Едно прашање кој е творецот на оваа "Диета" ? Не ми е цел да демотивирам никого,но искрено се загрижив читајки ги постовите. Еден совет од мене: Не си играјте со здравјето, тоа е нешто што е многу скапоцено, но многумина не го ценат се додека не го изгубат.
Диетава е многу ефикасна, една другарка ја држеше и стварно имаше резултатите, но после вториот месец и шо е најбитно килата не ги врати..
Многу луѓе кои направиле испитување на крвта пред и после диетава добиле подобра крвна слика. И нормално со оваа диета се внесува се', а најмногу витамини и минерали, затоа што секој ден појадокот е две овошки, а ручекот со салата во неограничени количини и плус еден цел ден само со витамини и минерали.
Дозволено е суво овошје до 100грама во овошен ден разредено на 2-3 пати во текот на денот. Се преопрачува да се јаде брусница,суво грозје,суви смокви,кајсии,урми...
Покрај диетата многу е важно и да вежбате. Подолу ке ставам слика, некому можеби ке му послужи за мотивација да продолжи понатаму и да не се откажува. Колку вложуваме, толку добиваме. Не ја држев оваа диета, свој режим на исхрана. Но кратко објаснување дадов во првата реченица зошто одговарам во оваа тема. Бев 110 кг Март 2014 год., моментално 63,5 Април 2015 година
Јас денес воден, ама повеќе како јаглехидратен да ми е, ама тоа е, бидна веќе. Од денес почнувам со вежбање, орбитрек и јаже скокање. Од утре протеински строго ќе ја држам, во понеделник 1 месец од диетава и таман уште 2 месеца морам до посакуваните резултати да дојдам. Веќе вакви прекршоци не смеам, мора повеќе упорност.