jas ja prekrsiv dietata i sega mi e mn krivo ama na gosti bev tri dena i toa e ... strvna sum da si pocnam li od pocetok so dietata???????????????
ептен ми е мерак што не сум сама ...викам ај да ѕирнам да видам каде грешем у диетава кога гледам многу девојки ја почнале месецов!!! ајде ке се подржуваме ако ништо друго...
Епа антибиотикот заврши и немам веќе оправдание. Во меѓувреме си кснав ајварче и лепче Е сега од утре здравје почнувам со јајца и салата (приметувате ли дека патлиџаните и краставиците некако повкусни се) а задутре посен грашак со зелка салата и така.... поздрав до сите!
Епа здраво на сите ги читав изминатите постови и гледам дека сите сте многу задоволни со диетава. Јас моментално сум на медицинската еве го завршувам 7 ден ама не гледам некои посебни резултати се осеќам малку полесна ама не е тоа тоа. Ја почнав бидејќи ми требаше нешто брзо, наредниот месец сум на еден многу важен роденден па сакав да симнам нешто набрзина ама не ми успева некако ама не се откажувам! Како и да е ќе ја завршам медицинската може енос ке дојдат резултатите ќе направам пауза па почнувам до оваа диета и здравје до нова година планирам да ја држам. Ми требаат некои 7-8 кг ама јас сакам 10 да си симнам. А и зависник сум од благо и тестенини па затоа и ми е толку напорна оваа медицинската на моменти ми се плаче од глад Со среќа на сите што ја држите, навистина сте ми голема мотивација и пишувајте резултати
Не се разочарувај, почни каде што си застанала, кој ден ти бил нареден, почни со него, сом многу поголема упорност . Поздрав ја имаш мојата поддршка
Здраво диеталки, еве да Ви се пофалам јас за 7 дена им кажав збогум на 3 килограми ( се придржувам на режимот), но и многу пешачам,наутро пред да одам на работа обавезно правам некои вежби, а од среда започнувам и со танцување, многу сум мотивирана да го симннам вишокот што го имам и убедена сум дека ќе успеам во тоа, само треба трпение ( зошто со оваа диета споро се симнуваат килограмите ). Инаку не ми е прв пат да држам диета 3 месеци, можеби и затоа не ми е некој проблем да се бодрам а и да се тешам . Оваа диета ме потсетува на диетата што ја држев пред 6 години во диет вита и сигурна сум дека ќе има резултати ( а ќе немам ослабена крвна слика ) . Затоа да бидеме упорни . Ве поздравувам и ќе Ви пишам наредниот понеделник за новите резултати
Кај мене измина една недела не сум одлабена ама не се разочарувам затоа што таму пишува и дека првите 10дена може воопшто да не се слабее. денес листаќе едно списание прочитав за супа од зелка сакам да прашам дали некој има испробано сега имало и капсулиhttp://supa-zelka.com/index.php се мислам дали да ги порачам долоколку има некој пробано нека пиши искуство.
Диетава е толку флексибилна и одлична,што си трпи мини отстапки.Зборам по лично искуство,ја држев и знам дека си прекршував.Немај гајле,продолжувај ја,не ја прекинувај,и сепак не претерувај со мешања и прекршувања.
Девојки еве ви го мојот распоред ако ви е од помош. Поздрав и good luck:] Диета на Обединети Нации Прв ден Доручек: Две јаболка. Ручек: Супа без тестенини и кокошка со салата. Вечера: Помала количина од ручекот без супа. Втор ден Доручек: Две јаболка. Ручек: Чорба (грав,грашок,боранија) или 3 варени компири. Вечера: Половина количество од ручекот. Трет ден Доручек: Две јаболка. Ручек: Тесто за пица со сусам или макарони. Вечера: Две колачиња. Четврт ден Доручек: Овошје. Ручек: Овошје. Вечера: Овошје. Доручек ист сите 90 дена односно 2 овошја било какви. За време на диетата да се конзумира лимонада наместо обична вода. Првиот ден 1 цеден лимон во шише од 1l ,втор ден 2 лимона и така натаму се до 9ти ден. По 9тиот ден се намалува бројот на лимони за 1. По секој 30ти ден се држи воден ден во кој се пие единствено вода. СРЕЌНО !!!
За 9 дена ослабев 4 килограми. Но потоа ја пркеинав диетава поради тоа што имав повреда и морав да јадам почесто.
Јас се мислам да ја држам диетава барем 10тина дена... Во една друга тема спомнав дека ми се доволно 60 кг на 170цм, но некако се премислив Сакам уште 2-3 килца да ослабам Па можеби од утре ќе ви се придружам
Оваа диета почнав да ја држам..издржав неколку дена ..почнав со факлултетот и ја баталив . Инаку знам неколку личности што ја имаат држано и навистина има резултати..ослабеа барем по десетина кг и откако престанаа со неа не им се вратија килограмите. А и не е многу ригорозна така што планирам за некој месец повторно да почнам со неа..овојпат се надевам дека ќе издржам до крај .