Денес јаглехидратен ден. Доручек 2 цедени портокали и кафе, ручек пица со кечап, маслинки, печурки, оригано, вегета и босилок. А за вечера еклер и колаче едно, ммм. Вртев орбитрек завчера, се масирав со талог од кафе, се мачкав со креми за стрии, целулит...
Јас сум тука само ми е срам да напишам. Денес повторно почнувам и ако не издржам до крај самата ќе си се казнам. Се заинатив и морам да успеам. Редовно ќе пишувам тука и ќе си се подржуваме меѓусебно.
Јас денес успешно го поминав овошниот ден. Решив да не ве замарам со тоа што јадам секој ден, ќе ве известувам само за резултатите
Денешниот овошен ден супер ми помина, не направив прекршоци. Ај некој нека ми предложи што би можела да јадам на скробен ден, ќе одам на шетање цела недела и немам поим што би јадела. Нема да можам да готвам таму, затоа.
Ја почнав диетава пред 2 дена, ама почнав со течен ден зошто паралелно одам на кавитации и антицелулитни масажи и така ми укажаа. Има некој искуство со кавитации и диетава? Ако има плс пишете ми Не сум држела диети во животов до сега, ама имам сега baby fat кое сакам да го симнам. Да бидам искрена не ја држам многу строго, но за разлика од претходно јадам многу помалку, особено тесто и благо и пијам значително повеќе вода. Не знам дали вака ќе дојдам до резултати али не сакам да симнам 20 килограми така да не сум толку ригорозна со себеси. Доручекот ми е најтежок искрено, овошјето не ми е доволно обично. Денес пример изедов еден ѓеврек.....(и салата). Битно значително подобро се осеќам во поглед на леснотија на организмот и хидрирањево ми годи невидено многу. Hope it works. Дури и мојава шашава речиси диета.
Сакам да прашам дали диетава има ефект доколку сакаш да симнеш 5кг, или само за повеќе кг има поголеми и видливи резултати.
2. Скробен Д-Јаболко Р-Компир манџа кришка леб и салата В-само салата 3.Јаглехидратен д-портокал р-интегрални тестенини со кечап В-cheesecake 4.протеински(денес) д-портокал р-банана в-печено пилешко со stir fry veggies Денес денов ми е катастрофа од работа цела изнервирана жива гладна дојдов дома и си викам ајде не влагај у филм шанса нема да издржиш на овошје.Ги сменив малце денојте ама тоа е ќе пробав утре да седам на овошје цел ден.
Ден 11/90 Денес од сабајле се измерив, како по поминати 10 дена од диетата и видов дека имам ослабено 3,3 кг. Добро е. Тргна работата Веќе се навикнав на исханата и не ми претставува никаква потешкотија оваа диета. Ќе ве известам на ден 20 како оди процесот на слабеење. Поздрав за сите кои се трудат да се подобрат. Имајте убав ден.
Фала ти многу јас по некоја моја логика си јадев ориз чисто со печурки и ручек и вечера и после одкако проверив во ун видов дека е нагласено само грав, грашак и компир и реков ја утнав работата
Се доведов во ред со диетава. Денес шпагети за ручек со кечап и еклер за вечера. Ќе се мерам понеделник или вторник да видам до кај сум, иако повеќето ме пофалиа дека сум ослабена.
Многу побрзо и повеќе кг се губат ако имаш повеќе кг, ние што сме да кажам послаби и што ни е потребно 5-6 кг симнување, оди потешко, ама се слабее. Она што е убаво кај оваа диета е што можеш да се најадеш, не си гладен (освен на моменти) внесуваш се што ти е потребно,а сепак можеш да ослабнеш. Она што се губи на почетокот е течност, па послабите може да ја држат диетава ама сепак потребно е и доста вежбање.Кај нас тие 5-6 кг се најтешки за губење бидејќи тоа е она што е најталожено. Мене ми е 12/90 вагата покажува -2 кг. Шувствувам дека сум малку поослабната. Најубаво ми е што фармерките кога одам веќе не ми се смкнуваат, па не мора на секој втор чекор да ги поткренувам. Ама треба мнооооооогу вежбање А мене ме мрзиииии.
Девојки, мене многу ме боли глава во последно време. Не знам дали е од диетава или од времево променливо. Уште тоа фали, да се разболам од диетава. Денес за доручек 2 урми, ручек 3 варени јајца, 1 кришка леб и 2-3 голтки јогурт. Супа и салата не јадев, пола морков изедов само и не вечерав немав време. Сега пијам магнезиум да се освежам малку.
Драги мои Девојки!!! Диетава е една од најефикасните за мене,и ја препорачувам на сите... Јас ја почнав од 1февруари и до 10 април имав намелено 12кг.За празниците ја скокнав тие неколку денови и од 15 април пак се вратив со диетава.Ви посакувам успех на сите .....
Јас ја прекинав непосредно пред велигден, и да ви кажам од неодамна се ставив на строг режим и добро ми оди. Подобро него диетава. Немам овошен ден, ама немам и јаглехидратен ден да се товам само со празни јагхлехидрати и чоколади. Месо јадам 3-4 пати неделно и ми е супер. Јас овој пат не можев да издржам ама ви посакувам успех и истрајност поголема од мојата.