Почнувам од денес повторно со диетава, си претерав со јадењето и сега имам дури 10 килограми вишка. Се надевам дека за 60 дена ќе стопам по нешто. Со среќа жени мои. 1/90 Протеински ден
Правев прекршоци цела недела заради 1мај и натаму наваму. Од утре до 90ден ќе ја терам построго да симнам барем уште 7-8 кила.
Два месеца пред да се ставам на диетава бев на режим и вкупно од тогаш до сега 14 килограми. Сега ќе ја држам построго за да симнам уште, иако деновиве се и сешто јадев и се нервирам, ама тоа е. На 21јуни ми завршува диетава, па мислам дека има време до тогаш да ослабам.
03/90 Следува овошен се надевам ќе издржам до сега без никакви прекршоци додуша до само трет ден сум стасана па ќе видиме понатаму. Диетава прв пат ја држам па држете ми среќа. Во овошниот ден оброците треба да бидат на 2 часа разлика?
Јас сум на ун 73/90, до сега имам симнато 12,5кг. Првиот месец беше супер -10 вториот само -2,5. Сега нешто стагнирам ама ќе почнам со турбо ун 12 дена за да го убрзам метаболизмот. А да и почнувам со т25 фитнес вежби. Мерење планирам на последниот ден па ќе ви пишам резултати
Здраво на ситенова сум овде на форумот и ве пратам веќе подолго од 1 месец и сум навистина воодушевена од оваа диета и вашата издржливост. Вие ми дадовте голема мотивација и од утре се спремам да ја почнам. Не можев да постигнам да ги прочитам сите 653 страни со коментари ама до сега имам прочитано доста од нив. Имам едно прашање и тоа за скробниот ден. Јадењето треба да е само варено и со сите зачини, ама не најдов дали треба да е чорбата со запршка или не? И како ја почнувате турбо диетата? Фала однапред. Ви посакувам многу успех и ќе пишуваме и понатаму.
и јас сум нова и мене тоа не ми е јасно но некои мои другарки велат дека прават големи прекршоци но и покрај тоа имаат големи ефекти на пр. наместо вегетаријанска пица, капричиоза итн. така да и чорба со запршка не би требало да претставува проблем pozz
Ти благодарам многу за овие информации, не би требало да претставува некаков проблем. Едвај чекам од утре да почнам. Позз
Дечки од утре и јас ја почнувам диетава морам да симнам 8-10кг Нејасно ми е околу вториот ден значи сигурно може и компири освен грав, грашок и леќа така? Исто така и за супата, на пр јас јадам само алпска супа со полжавчина.. со такви тестенини претпоставувам не смее нели? и дали таа е задолжителна ? Се надевам на добри резултати.. ќе ве известувам како ке биде првите денови
не смее таква ќе си земиш коцка а можи и компири и ориз и спанаќ но само едно не да мешаш колку што знам
Ако може ориз супер, пошо од овие само грав, компир и ориз јадам ) И да едно не смее да се меша А супата е секој ден или само во протеинскиот ден?
Во вториот ден се јаде скроб освен леќа, грашок и грав можеш да јадеш и компири и да си правиш комбинации со секаков неутрален зеленчук. За жал супичката со полжавчиња ќе ја заборавиш Од супата се пие само течноста без фиде мислам дека и не е баш задолжителна има многу кои што не ја пијат а една од нив бев и јас ,па имав резултат.Но ако можеш да ја пиеш пиј си ја зошто да не Доколку се придржуваш резултати ќе имаш сигурно,верувај.Не се опуштај и држи ја строго Среќно и постигни си ја посакуваната цел
Аха супер Имам уште едно прашање, а салата неможе да се јаде така? И сеа на пр јас си пијам сокчина за имнунитет пошо со тоа си имам мака.. си сркам кокосово масло чисто цедено дали тоа е проблем или нема врска