Здраво Девојки. Имам едно прашање. Кога спрема вас смееме да јадиме лешници, бадеми, ореви и индиски оревчиња. Како и во која категорија т.е. ден ги сврстувате јатките. Иначе имам мал предлог за сите девојки кои ја почнуваат диетата а се слабокрвни по природа. Да земате суплементи за железо. Мене и така ми е ниско железото, ама ништо не пиев кога почнав. Денес ми е 24 ти ден, ама се решив пред една недела, подучена од искуството на една друга другарка која ја држела оваа диета, да почнам со примање железо. Кај мене има голем ефект. Главата повеќе не ме боли, имам многу повеќе концентрација и не ми се спие толку многу. Во секој случај добро е за секој кој ја почнува диетата прво да направи испитувања на крвта да знае до кај е што е, за да знае во иднина дали му одговара оваа диета. Поздрав за сите
што се однесува до кафето дали смеам да го пијам повеќе пати мислам на турско или еспресо без шеќер но ме интересира дали количината има некакво влијание ?
ја почнав во 01.02.2015 ама ја допрев за 2 месеца ....дека колоквиумски и ја испоутнав ама од тогаш не мешам протеини со јаглехидрати т.е. се хранам со протеини повеќе и салати и пак оди надолу др.Кантаров ....иначе почнав со некаде 72кг
Ја држев 1 месец како што треба, после 2 недели прекршоци правев и од денес решив да се доведам во ред затоа што уште месец ипол ми остана од диетава. Сите ме пофалиа дека сум ослабена, но мислам дека уште поголем ефект можев да имам да не бев стрвла. Денес јаболки за доручек, за ручек 3 варени јајца со 1 кришка леб, салата краставица и супа. После ќе одам на кафе, ќе се напијам еден нес и таман ќе ме засити. За вечера 1 варено јајце и салата. Се мислам што да правам утре, најтапа ден ми е тој. Можеби чорба некоја ќе си сварам. Ќе се мерам на крај на месецов да видам до каде сум и таман уште еднаш на крајот од диетава на 22 јуни.
Здрaвo феминки.. Еве и јaс дa се придружaм нa диетaлките денес ми е 3 ден и декa уште не сум ручaлa ми се јaде мнoгу aмa читaјќи ве некaкo издржувaм .. пa зaтoa си рекoв aј и јaс дa пишувaм мoже ќе ми биде пoлеснo.. пoчнaв сo 63 кг a сaкaм дa дoјдaм дo 55 кaкo штo бев пред дa рoдaм.. и тoa пa ќе видиме дaли ќе имa резултaти и дaли ќе издржaм бaрем дo сaкaнaтa тежинa.. ќе известувaм и јaс зa тежинaтa и кaкo нaпредувaм.. пoздрaвче
14-ти ден...не сум се мерела ама си познавам по облеката...задоволително сега за сега ќе видиме понатака.... Значи дефинитивно ако го издрзиш почетокот првите 5-6 дена понатака веќе не осеќаш толку глад и се навикнуваш
4/90 уф уште кoлку имa.. денес oвoшен ден .. е aкo гo издржaм oвoј ден знaчи дoбрo е нaјверoјaтнo ќе издржaм и пoнaтaму? инaче еднo прaшaње: смее ли денес дa се грицкa сoнчoглед, бaдеми, oревчињa?
1/90 официјално ја започнав и јас оваа диета.. Си каснав две јаболка за поручек, па после пилешко на скара или печено Ќе ве известувам како ке терам ми се поткаснува ама ке се издржи
@unique.girl7 , смее, ама во мали количини. Јаткасти плодови се дозволени до 100 g дневно (читај: многу се калорични) P.S. Избегнувај сончоглед, тоа ти е исто како да користиш зејтин (сончогледово масло). Во замена на сончоглед, грицкај семки од тиква, бадеми, индиски ореви и гледај да не се солени.
И јас истото го мислам, како да ја искомбинирам со постот, оти пак јас постам секоја среда и петок, и мислам дека би можела, се се вклопува освен протеинскиот ден кој мислам да го заменам со печени соја шницли и зеленчук (наместо салата со зејтин). Е само за благото што би правеле не знам, ако имаш идеја нешто... поздрав до тебе и со среќа со диетата, ако уште ја држиш.
вo врскa сo вoдaтa мoрa ли мнoгу дa се пие, бидејќи немoжaм мн вoдa дa пијaм пoлa литрo нaјмн мoжaм вo цел ден
Денес јаглехидратен ден и супер ми помина со пица и 3 топки сладолед. Кога треба да биде вториот воден ден? Мора да го издржам.
8/90... Втор овошен ден. Терам сè како што треба, освен што пијам редовно кафе со млеко. Не ставам шеќер, кога можам пијам без него, кога не, ставам стевија. Тоа ми е единствена отстапка, друго нема. За колку иам намалено, уште се неам мерено.
2/90 добро ми оди за сеа е сеа уште нешо да прашам.. на пр на вечер мн мн не ми се јади само со салата сум ок .. дали можи така или мора да се изеди порцијата пола од ручекот?
16-ти ден овошен..резултати има секако си познавам по облеката..отприлика 3 кг...повеќе не осеќам глад како порано...си терам се како што пишува единствено што правам исклучок е алкохолот...доколку не го конзумирам сигурно и повеќе резултати ке има..А девојки бидејќи не можев да прочитам се што е до сега напишано ме интресира тиквичките каде спаЃаат? Дали ги сметате за салата.. на пример печени со оцет да си ги направиаш и лукче?
Јас пак ќе почнам со диетава.. по не знам кој пат веќе, ама сакам да ја истерам едно 2 месеци. Почнав да ја држам на почетокот на март, ја држев отприлика 8-9 дена и имав ослабнато 2 кила. Сега сакам да ја држам за да ослабнам едно 6-8 кила, односно да смалам еден конфекциски број, па после да си ја одржувам таа тежина. Гледам дека многу од вас имате резултати и сте задоволни, така што едвај чекам да ви се пофалам. Поздрав