2/90 Доручек : 2 праски Ручек : варен ориз и салата од краставици и парче интегрален двопек Вечера :варен ориз и салата од краставици
Vi blagodaram za nesebicnata podrska na site. 1/90 pomina uspesno,bez poteskotii. Sleduva 2/90 dorucek: 2praski rucek: grasak + krastavici salata vecera: grasak + krastavici salata (prepolovena doza). Vi blagodaram za sovetite za limonot i mlakata voda.Dobredojden e sekoj dobronameren sovet. Pozdrav do site UN dietalki
32/90 вчера Овошје + салата + бадеми и индиски оревчиња + едно тајнирче супа само течност .. 33/90 денес Д: Јаболко Р: Салата + стек В: Салата + половина од ручекот
5/90 Д: две праски Р: пиле печено, салата марула В: салата мешана си ставам од се по малку што ми се наоѓа дома: марула, малку тиквица, малку краставица, еден домат, две млади кромидчиња и роквица
23 треба јх ден ама менувам во овошен.Прв пат ќе ја направам оваа промена.Утре сум на настан и секако ќе ја прекршам диетата така да јх ден е со најмногу калории и јх ден и ден со прекршок многу ќе ми дојде. Денес на менито јаболки,2банани обавезно,мандаринки и цреши. @Miss.N срцка гледам ти го помина 29 ден, го држеше како воден или ? И како се имаш ли пак мерено ?
3/90 Доручек : 1 банана Ручек : макарони варени со вегета Вечера : 3 топки сладолет и 3 коцки чоколадо за готвење
Не пишувам секој ден,знам(мрза сум ) ама добро ми оди..Секоје сабајле се мерам ама од сеа ќе почнам на недела..Како шо забележав слабеам 300гр на ден
zdravo na site )) neznam kolku ke vi se otvori linkot no kaj mene e se vore , eve vi resenie za site onie dietalki koi se macat so recepti stoda jadat i kako da jadat, sto smeat a sto ne smeat da jadat, vo prilog e linkot od originalnata kniga 90 dena )) mislam deka e na srpski skenirana od clen na scribd no ke vi posluzi , barem mene mi posluzi )) https://www.scribd.com/doc/7110904/90-Dnevna-Dijeta-Priručnik-Za-Mršavljenje denes 7/90 porucek dve praski rucek pica so pecurki kecap i maslinki vecera 2 topki sladoled i espreso )
Денес ми е втори ден и за ручек јадев ориз, подоцна ми кажаа дека не бил за скробен ден. Што да правам сега? :'( За вечера да јадам само салата? Вчера исто за вечера место стекот и салата само салата јадев и ми е страв ако цело време за вечера јадам салата да не немам резултат? фала ви
Не си грешка ориз може во скробен ден За вечера јади си пола од ручекот а може и само салата зависи како чуствуваш глад . Резултати ќе имаш штом се придржуваш според пропишаното
6/90 Д: две праски Р: печен компир со модар патлиџан, кришка нутри леб и салата цвекло,зелка и морков В: останато од ручекот без леб и салата
Денес 20/90- јагоди, цреши и малку ф'стаци за енергија. Утре 21/90 д-јагоди р-2 варени јајца, таратор и парче нутри леб в-2 варени јајца, шопска П.С. да се пофалам и јас, денес се измерив и сум -2 кг. што сметам дека е добро пошо неам многу кг за губење, уште 4-5 ќе ми бидат доволно. Од понеделник почнувам со трчање па се надевам резултатите ќепочнат побрзо да доаѓаат
Што најдев од поранешни постови Како правилно да ја комбинираме храната Денес нутриционистите предупредуваат дека постојат прехрамбени комбинации во кои намирниците како да се „караат“ меѓу себе. Ако ги јадете заедно, тие негативно влијаат една на друга и значително ја намалуваат својата хранлива вредност. Последиците од ваквите комбинации се надуваност во стомакот, колит, лошо варење на храната, надразнети црева, мигрена, артрит, кандидијаза и хроничен умор, посебно после оброк. Еве некои комбинации на намирници кои не се поднесуваат меѓусебно: Спанаќ и јајца: Ова е многу популарна комбинација во многу домаќинства. Се секавам како мала, мајка ми често правеше пире од спанаќ со јајце на око, моето омилено јадење. Но, запршката која му се додава на спанаќот е богата со фитична киселина, поради што, таа ја отежнува апсорпцијата на железото од жолчката на јајцето. Месо и компир: Месото и компирот не се комбинираат, бидејќи оваа комбинација предизвикува надуваност во стомакот, подригнување и гасови. Празнењето на желудникот е успорено, што може да доведе до запек, или пак, може да се случи и забрзано исфрлање на несварената храна. Често оваа комбинација на намирници ја пратат замор и чувство на исцрпеност. Месо и сирење: Ова е вкусна комбинација, но калциумот од млечните производи го отежнува апсорбирањето на железото од месото. Исто така, со овој спој на намирници се внесуваат премногу белковини од животинско потекло, со што се оптеретуваат бубрезите. Млеко и кафе: Популарното кафе со млеко за некои лица е претежок напиток, бидејќи заедно овие две намирници создаваат супстанција, за чие варење во желудникот, се потребни и три часа. Основна поделба на намирниците Основна поделба на намирниците е на: белковини и скробни намирници. Белковини Сите видови на месо, риби, јајца, сирења. Концентрираната белковинска храна мора да се одвои во посебни белковински оброци. Можете да ја мешате со секој зеленчук, освен со компирот. Исто така, добро би билобелковините да се јадат без леб, тестенини, ориз или било кој друг вид на житарици. Таквите оброци лесно се припремаат и лесно се варат во цревата. По ваков оброк нема да се чувствувате тромо, уморно и безволно. Ако сакате да го подобрите варењето, во ист оброк јадете само еден вид на белковини. Со концентрираните белковини јадете доста салата. Зеленчукот, житариците, млекото и јогуртот содржат белковини, но во помали количини. Гравот, грашокот и леќата не содржат многу белковини и воглавно се комбинираат со скробнатахрана. Примери за комбинирање на намирниците Месо или риба со зеленчук (само не компир), Јајца – омлет со сирење, печурки, зеленчук и салата, Салата од сирење, јајца и зеленчук, Јадења со сос од сирење, Карфиол со сирење и јајца, Мешан зеленчук, печурки, сирење, Тврдо варени јајца во сос од сирење со зеленчук. Скробни намирници Во скробни намирници спаѓаат: компирот, сите житарици, лебот, тестенините, оризот, гравот, грашокот, леќата, сојиното млеко и јогурт, тофу, жолчката од јајце, бананата, слатките круши, смоквите, свежото и сувото грозје, медот, џемот. Скробните оброци се слични на оброците при постење. Нема сирење, млеко, јогурт, јајца, месо. Дозволено е скорбните оброци да се збогатат со жолчка од јајце, слично како што се зачинуваат супите. Така може чорбата од зеленчук да се зачини со жолчка од јајце и сојино млеко. Оброците, исто така, може да се збогатат со разни видови на зеленчук, печурки, ореви и семки. Путерот, павлката, меките и полномасни сирења се допуштени само ако содржат мал процент на белковини. Белковините од зеленчукот одат со скробните оброци, но може скробните оброци да се комбинираат и со слатко овошје, на пример да се комбинира леб и грозје. Примери за комбинирање на намирниците Грав со салата, Купус, печено цвекло, пиперка и леб, Шпагети со зеленчук и печурки, Зеленчук со ориз, Зелечук со компир, Разни видови на пити со купус, печурки, компир и праз. Како функционира варењето на храната? Основна функција на дигестивниот тракт е да ги разградува хранливите супстанции и да ги апсорбира во крвта, заедно со водата, електролитите, олигоелементите и витамините. Варењето на храната опфаќа голем број на физичко – хемиски процеси, кои го овозможуваат претварањето на храната во погодни форми, кои можат да минат од цревната содржина во крвта, а од таму во сите клетки на организмот. Потоа клетките ги користат хранливите материи за нивниот клеточен метаболизам. Целиот процес на варење на храната се дели во четири фази. Првата фаза е варењето во усната шуплина, потоа следи варењето во желудникот, па варењето во тенкото црево и на крајот следат биохемиските процеси, кои се одвиваат во дебелото црево. Ензимот на плунката, птијалин, го разградува скробот до глукоза, а за разградување на белковините е задолжен ензимот пепсин. Казеинот е ензим задолжен за рзградувањето на белковините на млекото, додека липазата ги разградува мастите. Варењето потоа продолжува во тенкото и дебелото црево. Различните делови на органите за варење се задолжени за различно разложување на храната. Денес постои мислење дека поделбата на храната на скроб и белковини е многу корисна, а лицата кои го применуваат овој метод на исхрана, велат дека немаат надуваност во стомакот, тешкотии при варењето на храната, замор, и дека јадат помалку, а имаат повеќе енергија. Со ваквата комбинација на намирниците се постигнува и одржување на нормана телесна тежина.
7/90 Д: банана Р: Макарони потпечени со печурки, блитва и маслинки В: ред чоколадо за готвење, сладолед
35/90 Д: Две малечки праски + некоја цреша Р: Макарони со кечап В: Еден ред чоколадо за готвење и салата пошо сабалје бев на пат си каснав и една тортичка благо така да за вечера нема да јадам