Dragi moi feminki sto smeam drugo vo ovosen den da jadam osven ovosje. Dali nekoja salata ili sl. Fala vi
Свежа салата,зелка,марула,роквица,краставица,домат,кромид во овошен ден можеш да изедеш и 100гр јаткасти плодови и 100 грама суво овошје но да ти биде расподелено на повеќе пати
Devojki imam edno prasajne do vas i majkami saka da ja zapocni dietava no taa e dijabeticar mnogu cesto se slucuva da i padni seker pa mora da kasni nesto blago dali toa ke pretstavuva problem ve molam za odgovor
Тоа е витамински ден до 5 саатот јади овошје после 5 можеш салата но да не биде зачинета затоа што целта е да се прочисти организмот.После зеленчукот не се јаде повторно овошје.Можеш сушено овошје но малку распоредено во неколку оброци, може и јаткасто овошје но до 100гр исто распоредено во повеќе оброци и непечени да се. Банани и јаткасто овошје (и двете да ги јадеш во овошен) не е препорачливо ако имаш повеќе за слабеење или сакаш побрзо да слабееш. Тоа треба лекар да си праша, најверојатно она треба некоја посебна исхрана да си има не да биде на диети. И стигнав до мене протеински ден 25 ден протеински. За доручек имав два избора или да го скокнам или да јадам банана, подобро банана (тоа е погрешно не го правете тоа ) за ручек јадев варено коковче и изедов прилично малку( некако ич не ми беше слатко ) за вечера пилешки прсти со салата.
5/ 90 Доручек : 2 праски Ручек : 1 парче стек и 1 парче џигер на скара и салата и 1 парче интегрален двопек Вечера : 1 парче џигер на скара и салата
НЕ!!! Направи си го пире со тоа што ќе додадеш од водичката во која што претходно се варел компирот(лупен) додади си зачини и ептен ќе ти се допаѓа
Секогаш менито си го правам претходниот ден за да немам грешки , така и сега. Утре 22/90 за доручек имам цреши, ручек веќе го направив за да си земам на работа- ориз со печурки и домат, и вечера преполовено од ручекот и салата.
8/90 Овошен ден За доручек јадев цреши, ручек салата овошна и вечера исто. Измеѓу ќе каснам бадеми печени.
после 17 јади само салати .. доста ти е овошје пошо овошјето содржи шекери не е препорачливо да се јади навечер..
36/90 Овошен ден, после 17 часот салати и ке си каснам бадеми или индиски оревчиња.. + тренинг * за еден месец -5кг и по -5см во струк и колк, а -3см во гради.. се надевам дека ке има уште повеке резултати..
Фала женска. Па искрено и се мислев дали да јадам салата некоја за вечера, се презаситив со овошјето.
Виршлите не се месо, тие се многу нездрав производ кој не треба да се конзумира не само кога си на диета туку и кога ќе престанеш со тоа . Значи виршли паштети смоки разни грицки(дури и тие лаки кои се познати како диетални) сокови и алкохол заборавете на тоа. Јади јајца,пилешко телешко месо,шопска,мимоза, во протеински.Во книгата пишувало соја во скробен па во скробен освен тоа на првата страна може и боранија,златна мешавина,ориз со печурки,пуканки, пченка,пченица.Во јх кифли и задолжително ред чоколадо со мин 75%какао .Овошен или витамински ден разно овошје и гледајте свежо а за вечера можете салата но незачинета. Поздрав
И вчера падна излегување и блондинка ја прекрши пак, не да сум лута сама на себе, се напив еден алкохолен пијалок(326 калории) Со оглед на тоа колку обврски имав периодов да не бев на диета знам дека ќе имав барем +5 на вагата затоа што јадам кога сум под стрес и тоа се калорични и нездрави работи, а сега и да не сум ослабната барем што не сум здебелена е добро, екстра.Досега не бев баш некој пример за држење на диетата, правев прекршоци но скоро сите овошни ми се без прекршок на што посебно сум горда.Ќе се мерам после водниот ден.Денес 26скробен за доручек мандарини презреани грди изедов најверојатно половина.За ручек леќа, за вечера пак леќа. Без леб но не се ограничувам количински. @Viktorijaaa5 врати ни се во темава ако имаш уште вишок килограми, ни треба мотиватор како тебе
@blondinka0530 вишок кг секогаш има Не ве дружам на ун затоа што јх ден ме УБИВА Терам јас некоја моја диета ,мотивација секогаш е потребна за да можеме да успееме.Еве понекогаш ме има овде за некој совет затоа што многу пати сум ја држела ун и има ефект доколку строго се придржуваш а ако кикснуваш и каснуваш тоа што не треба се слабее ама побавно. Се тешам и јас со тоа што го кажа ти дека периодов барем не сум здебелена затоа што стресните ситуации и мене ми влијаат како што ти влијаат и тебе
23/90 д- цреши р- домашни соленки в- 2парчиња торта, ред чоколадо за готвење. За соленките се мислев, печени се од оние вртените со сусам, мислам дека одговараат за јх ден. Ако може некоја феминка да ми пише мислење