Рано е за резултати планирам 30тиот ден да се мерам. Добро ми оди засега, малку јх ден ќе ми е проблем оти со тестенини не смеам сиренце и не знам со што да ги комбинирам на пр. макароните, со кечап не ми се убави... читав назад низ темава дека првите 3 недели се најтешки, ако ги издржиме после песна ќе е тебе како ти оди?
Немам воопшто проблем не се огладнувам ,малку само на овошниот, незнам за јх јас ги јадам со кечап и немам проблем, сега ко ми беше јадев пица со кечап, наредно ке јадам домашни јуфки со кечап , и многу вода пијам премногу и од тоа се потам
Девојки помош!!! Денес ми е 35/90 ден а имам ослабено 4 кг (може не се и толку во грамови - вагата ми е малку стара). Висока сум 170 и почнав со 80 кг. Некои екстремни отстапувања сум немала,два пати на вечера кај пријатели имаше тава со месо еднаш во јх и еднаш во витаминскиот ден но зедов само колку да пробам чисто од култура.Водениот ден го држев со вода во која имав ставено едно јаболко исечено на парчиња(само колку да има мирис) и неможев да издржам па изедов една краставица,Како демек 90 проценти вода е,и едно 2 во 1 кафе.Банана воопшто немам јадено а оброците ми се стриктно од еден вид што за ручек тоа за вечера само половина и без леб,без мешање на на пр. месо со млечни производи и сл. Вежбам двапати на ден отприлика околу еден час дневно, од кои 40 мин на орбитрек. Стварно сум депресивна. Кај мене ништо не делува
Некако малце за месец дена, со водени денови плус држење, вежбање . Дали одиш редовно во ВЦ т.е. дали се промени метаболизмот за овие 35 дена во смисол да ти се забрза? Јас би ти препорачала на сабајле по една лажица ленено масло. И не се прејадувај сепак, иако е по правилата. Среќно, биди упорна, ќе се исплати!
Мнпгу малку ослабната за толку време и плус вежбаш,чудно,,,ама можеби покасно ке се покажи кај тебе,и јас исто како тебе со иста висина и тежина
@SneznaSnegulka можеби создаваш мускулна маса бидејќи редовно вежбаш. Мускул тежи повеќе од маснотии и затоа разликата не ја гледаш на вагата. Ама сигурна сум дека во обем и на изглед има разлика. Се чувствуваш постегнато? Измери обем пред диетата? Ако не, измери сега на стомакот и рацете, па мери пак по две недели.
@SneznaSnegulka сум пишувала јас многу пати, ја држев после пораѓај 3 месеци, после тоа продолжив со јадење за појадок овошје уште три. Воден ден нити еднаш не сум држела, секој ден пиев кафе со млеко и шеќер. И по завршувањето, значи 6 и повеќе месеци од првиот ден поминаа, наеднаш во рок од една недела дојдов на 59 кила, а со 80 почнав. Пак ви велам, не се мерете секој ден, остајте тоа вагите, фармерките ќе почнат да лизгаат!!! Само без обесхрабрување и напред. Ќе ве дружам здравје од пролет пак!
Женски незнсм дали на дорумов има тема дневно мени на ун диетс, јас кога држев на еден форум членував и таму сите си запишував ме кој ден сме и што јадевме, па се советувавме ако некој не знае што е некоја намирница, комбинации идеи и сл. Ако има активирајте се на тоа, или создадете еко нема, баш е од голема помош.
Женски како ви оди диетата? До кај сте ? Симнавте ли по некое килце или барем грамче ? Напорно ви е или ?