Денес напраив голема утка сабајле јадов две јаболка после јадов еден кроасан па еден ред чоколадо керками јади и јас друштво и правев и две чинии грав и едно парче леб пукнав од јадење ,,,
Јас да се исповедам Денес, ден 5 Јаглехидратен доручек - една круша Ручек - Нешто како баничка ама празно внатре. И прекршив после ручекот еден чоко бисквит.... Незнам што ми стана денеска, многу прекршоци направив и сега ми е криво. Но утре ми е витамински ден и едвај чекам затоа што ми е најлесен. Да продолжам за денеска, нес ванила, 2 мали домашни колачи, 1 чаша вива сок од портокал, чаша цедевита и за крај чинија макарони со кечап и мајонез. Обично не правам големи прекроци, но со оглед на тоа што имам малку кг за губење а и вака сум таман, си дозволив денеска. Нема да се повтори се надевам....
замислете женски вчера бев на слава и тоа на две места и не ја прекршив диетата. Колку сум среќна .Си се гордеам со себе. Ама затоа претерав со цигари . неделава ме чекаат уште два родендени и една веридба. Се надевам дека нема да утнам. Поради веридбата ќе ја одложам турбо диетата па наместо на 46 ден, ќе ја почнам на 49 ден, Не би требало да е некој проблем нели ????
Џабе се мачиш со ваква диета ако ја нарушуваш со грицки. Ако веќе не можеш без грицки, број калории и јади здрава храна, не мора да се водиш по план на исхрана. Во УН диета нема калориски дефицит, се слабее затоа што организмот прима еден тип на продукти во денот. Ако го нарушиш тој тек, нема да слабееш.
Mu ja utnav sinoka,bev na slava,polni masi sto dusa ti saka, e aj bidi na dieta Denes si prodolzuvam so sema...
Поради вчерашните прекршоци, денеска многу по мотивираност и одлучност.И што е најбитно, нема прекршоци јуху Ден 6 - Витамински на мени:Две јаболки, 30грама бадеми, 40грама сушена брусница, зелка салата, и планирам подоцна една калинка да јадам ) Имајте убава вечер, без прекршоци
Од денес и јас се приклучувам во вашиот клуб на згодни цуци хаха па ке видиме до кога ке издржам.Поздрав
тој ден не е овошен туку витамински,што значи може да јадеш овошје свежо и сушено,зеленчук по можност без зејтин јас си ставам по една лажица маслиново,а секогаш кога ја јадам салатата без масло ми текнува на рекламата со Тошо малерот и ајварот хихихихи.Исто може да јадеш и семки или сончоглед но не повеќе од 100 гр во текот на денот или 100 гр ореви,бадеми или лешници. и мене денес ми е витамински и ова е моето мени за денес: доручек две јаболки,пола цитрон и кафе ручек салатасо домати,краставица,пиперка,магдонос,блитва и малку кромид вечера тиквицаи модар домат бланширани и додаток печурки и два литри вода со два лимони и едно лажиче ѓумбир Оброците во витаминскиот ден можат да бидат на два часа,што значи нема само три туку може и повеќе
Со поддршката од ун диеталки сигурно ќе успееш Јас кога сакав да прекинам со диетата за среќа се приклучив на форумов и освен што не прекинав туку сум и помотивирана и супер ми оди