Тоа 250 грама ти важи само за месото во протеинскиот ден. Во скробен ден не мериш, наполни ја чинијата за ручек и за вечера јадеш пола чинија.
6 ден ми се случи инаку матичниот ме посоветува дека 0 крвна група да не ја држи оваа диета туку на Жан Митрев но јас повеке не се осудувам да држам диети си го исплажив малото .Инаку не ми е баш најдобро сеуште ми е врти но ке помине ми дадоа витамини.Инаку крвта ми е супер се е ок ама диеѕава не е баш за мене.Позз
Има разлика од организам на организам , мене ми е супер со оваа диета,знам по некоја грешка да правам грицка или нешто такво ама си велам продолжувам понатака нека оди бавно ама сигурно,,,на нев изгледа слаба крвта и помалку има јадено од наведеното па затоа има здравствени проблеми
Крвта ми е супер денес ја проверив а јадев според правилата.А и се зависи од активноста на човек ја сум од 24 часа 17 часа на нозе.
Жал ми е Хев што си стасала до болница, се надевам дека си подобро гледај си го здравјето и штом си толку активна не ти треба диета.
Денес цеееел ден го утнав ,, вчера имавме манџа со спанак мн ја сакам си трнав за мене за денес да имам за ручек, арно ама денес имавме грав со мевце мевце и тоа арнп врти кружи гледам убавп, сите јадат јас грев коа му влегов малку јадев неколку лажици ама малкуи мевце зедов џоа на диета су се каша ми ојде ,, денес криза за јадење ме фати,, женски зарем и вие ги правите овие работи или само јас правам, и навистина стангирам застанав со слабеењето сама си сум крива
i ja ja utnav vecerva,za rucek grasak mandja i salata,ama za vecera ne mi se vecerase,pa krknav edna raka pukanki i edno 200gr.cokoladirani kikiriki
5ти Ден, најтешкиот го поминав Овошниот @minne992 не се секирај и јас скршнувам понекогаш, вчера си испив две чаши вино а претходниот ден 2 лажички пудинг изедов а пак кога имав шпагети вечерата не ја преполовив ама не се откажувам, не верувам дека од ситни забушавања може нешто да се деси. Денес се радувам на стекче или риба Иначе си запишувам на календарче што јадам и си ги заокружувам деновите Господе дај ми волја и сила да издржам
Шпагетите ти се во јаглехидратен ден, и тогаш за вечера не јадеш пак истото од ручек. Имаш друго за вечера. Тоа со преполовувањето (what a word ) важи само за скробен ден. Барем јас така ја сфатив диетата, некој поупатен нека каже подобро.
@LivingGlam гледаш не сум знаела :/ благодарам ај нека каже некој и за преполовувањето дали важи за сите денови
Првиот ден што јадеш за ручек исто и за вечера, вториот пола од ручек за вечера,а третиот тестенини ручек а благо вечера, ама јас толку не пазам колку јадам некогаш знам повеке некогаш помалку ,,затоа сега има една недела иста килажа сум ни нагоре ни надолу одам
Од 90 дена нема шанси да не се направи барем некој мал прекршок, но сепак тоа е многу ретко и си продолжуваме понатаму држејќи си ја диетава на која навикнавме.ж Мене ми е 23 јх ден, немам никаков проблем се навикнав на овој начин на исхрана и предвреме си знам што ќе имам следниот ден на мени.
@jagoda1979 вино мислам дека може ама сепак да не се претера, еве јас вчера си дозволив 2 чашки се напив.
Имам ли подршка за од 75 кг да стигнам до 65,66 кг? Ќе имам ли ваша помош феминки? *во друштво е полесно!* Стрвна сум, а глад можам да трпам ( добро не многу де...). Од навика ми иде по благо да посегнам. Ете, на газираното му реков ЧАО од пред месец дена и да, горда сум на тоа. Што мислите за колку време ќе дојдам фо моите 65,66 кг??? Со оглед на тоа дека имам речиси брз метаболизам.
Добредојде butterfly, секако имаш поддршка и помош од нас за се што е потребно и за она што можеме да помогнеме. Исто и мене газираното и благото ми се најголемите "пороци", но без се се може ако се сака. Газирано се немам напиено од пред да почнам со диетава, а благо е дозволено во јх ден, така барем си ограничен во однос на благото, а не си скроз без него. Во однос на последното прашање никој не би можел да ти одговори, започни ја диетата па ќе видиш какви резултати ќе имаш за еден месец и сама ќе си одлучиш дали ти одговара и дали ќе одиш до крај. Можеби ќе стасаш до посакуваната тежина по месец и пол, два па не мора да одиш до крај.