Јас не би ти препорачала никаква диета, ако имаш проблем со крвта, ако и покрај тоа сакаш да ослабнеш намали на лебот, грицки, благо и такви ствари, јади повеќе течна храна и внесувај повеќе витамини преку овошје, а шумливи таблети или витамини можеш да потражиш во било која аптека.
od deneska ke ve druzam i jas pocnuvam so 80kg celta mi e da oslabejam 15kg pa ke videme....drzate mi sreka hahaha
Фала ти 6 ден денес - скробен ден. Во план ми е варен ориз и салата од зелка и евентуално малку супа. Полека почнува да ми исчезнува чувството на гладување што го имав првите денови. Само овошјево малку тешко ми паѓа секое сабајле ама се издржува некако. Минус 2 кила од стартната состојба Давам поддршка за феминката горе што ја почнува диетата - Welcome to the club
Може предлог од мене? Јади три пати дневно, за доручек јаглехидрати(леб, житарки+млечни производи, овошје), ручек нека ти е протеини (месо, риба, јајца)+салата без леб, а вечера нешто сосема лесно, на пример само салата. Јади две ужини помеѓу оброците( 1-2 овошја/зеленчуци, или десетина јаткасти плодови). Сосема исфрли благо, грицки, сокови со шеќер. Гарантирано ќе ослабеш и без да броиш калории. Витамински додатоци има по аптеките, посоветувај се со аптекарката, најчесто сите се со вештачки засладувач.
Денес стартувам и јас. И лани ова време почнав и успешно беше. Сметам дека е најдобар период од годината за држење. Плус ќе вежбам... Па лејдис, ја викам да газиме П.с. не заборавајте да пиете водаа
Јас еве денеска почнувам повторно Незнам зошто секогаш ја издржувам диетата првите 3 дена а 4 тиот морам да се испрејадам... Помош
јас ја почнав во петокот но вчера од оправдани причини морав да ја прекинам и еве денес пак почнувам од почеток
Втор ден. успешен. Ама го мразам нај нај. имам филинг дека сум гладна цело време. Ми кажаа финта демек да јадам прокељ - многу држело бла бла џабе е. Дури и парче леб не каснав.... Мизерија. ама па посреќна сум кога сум гладна јбг