Eve nie slabeeme vo grupa so podrska ..grupata se vika..UN DIETA MK... se podrzuvame,spodeluvame,komunicirame se druzime i bas super slabeeme...podrskata znaci mnogu za da se pocne odpocetok pa do krajna cel.pozzz
Море не сум ја за диета... али ај.. 3 дена прекршив.. па 87 убаво ќе течат. Секако ја само 20 кг планирам да слабеам.. аххахаха
И јас планирам 20 де ама од план до реализација ехеее јас не ти предлагам да држиш воден ден затоа што цела ден ќе гладуваш и вечерта кога ќе треба да легниш ќе се изнајадиш се што ќе видиш пред очи,а тоа е уште полошо. Продолжи си со протеински ден или уште еден овошен...
Фала богу. Јас сум си гурман. Вечно сум си полничка (15 кила повеќе ). 2-3 недели гладував... ослабев 2 кила. Па коа мавнав на јадење после.. 3 кила качив. Битно до 5-6 ќе јадам до околу 200 калории. После зелен чај цело време.
Некој стварно има ваква диета? Јас денот не можам да го замислам без 4 до 5 оброци, еве дури и сега си јадам пуканки.
Пуканките се здрав оброк и се поздрави да ги јадеш нив отколку некои чипсови или смоки Има и таков ден во оваа диета - воден ден во тек на 90 дена 3 пати се држи таков ден ама ретко кој издржува
Се е до карактер и волја .... Ми се има случено да сум на скробен ден а да сум навечер на гости ... полна маса се и сешто но не сум потпаднала си продолжив вечера како пропишано- 2 парчиња торта и готово тоа е ... Ако сакаш да има резултат нема оправдување со тоа гурман , само уште ова или пак ај денеска ке јадам утре не .... Само се залажуваш себе не и другите ... Сите можеме само треба малку да си веруваме во себе и да сме стрпливи ... и да мислиме на нешто друго да не е храна во прашање секогаш кога ни е досадно... Диетава не е тешка за издржување се си има што ни е потребно и за гурмани и за вегетеријанци ....Позз
Со гладување само ќе трошиш од мускулот (нели поентата ни е да стопиме сало), ќе ослабеш, и после глупавава диета пак ќе се вратиш на јадење повеќе и од претходно. Поентата е почесто да јадеш, не обилни, туку помали оброци, за да го активираш метаболизмот, ама да не се осеќаш ниту сита, ниту гладна. А не да јадеш утрово во 8 едно јаболко, и во 4 две јајца. Ништо не си направила така. Дефицит на нездрави калории шеќер (освен овошје особено јаболко, природен мед, темно чоколадо со мин. 75 отсто какао), сол, пошто се врзува со вода, а истата со сало. Како ќе ти функционира организмот со 200 калории дневно, нагло ќе го намалиш шеќерот, ќе паднеш во несвест. Кој ги измислува овие никакви диети бог да чува...
Во право си. Ама салово треба да се стопи до јуни месец. Ќе гладувам ако треба, ама салово да го нема..
Ако почнеш и да вежбаш, со здрав начин на исхрана, и без да го лишиш организмот од благо (имаш убави здрави рецепти, јас цело време експериментирам со блендерот), ќе ослабнеш. Каква е оваа диета, еден ден парчиња торта, глупост жива. Треба да си го одвикнуваш организмот од нездрави шеќери пошто најверојатно си склона кон дебелеење. Пример брат ми на 188cm висина и тужни 67kg си јаде по две четвртини бурек сабајле, ама не се дебелее. Јас и ти да го правиме тоа за кратко ќе качиме 10кг. Поентата е да ослабеме на долги стази, со внес на здрави шеќери, јаглехидрати, протеини, незаситени масти како путер од кикирики (можеш домашен да си направиш), риба, готвење со маслиново масло. Сè што му е потребно на еден организам да функционира. Да не испадне во јуни згодни, па во септември со 30кг +. Мое мислење, сепак ти си знаеш најдобро. Поздрав
Јас ја држев после породување само 4 дена ги повторив 4 пати и ослабев 6 кг ама воден ден не држев.Денот со обошје секогаш имав -1 кг. Многу ми го забрза метаболизмот и веќе 6 месеци не качив ни грам, ама пазам со исхрана.