па сувото овошје ти содржи јаглехидрати, а секој нутриционист ти препорачува да грицкаш ужинка од овој тип пошо содржи здрави масти така да не секој вид на масти е штетен, овошјето наутро го јадеш
Јас пак се кандисувам да ја почнам диетава само никако црвтсо да одлучам, еден ден почнувам и ќе згрешам со нешто благо...ах што се разјадив пак благо. Инаку се тие што веќе ја држат диетава, да ве охрабрам, ниакко дане се откажувате. После диетат се случи да забременам (инаку ослабев 10 кг а не ја држев до крај, само месец и пол мислам). И што е најважно и бремена не се здебелив многу, нормално си се здебелив10,11 кг. Знаши организмот и желудникот кога ќе се навикнат на помалку храна и да сакаш повеќе да изедеш, после нема да можиш Помина скоро 2 години од диетата и јас сеуште си ги имам килограмите што си ги сакав, единствено 4 кг се здебелив (што за мене е супер, бидјќи сум склона кон дебелеење, а 4 кг на толку јадење последниве 4 месеци и не се многу) Поздрав и не се откажувајте, многу здрава и корисна диета
браво за резултатите! еве и јас да ве охрабрам, ја држам диетата точно 30 дена, супер ми оди.. го издржав и водниот ден ...а резултатот кај мене е од 72/71 симнав на 66/65 ( не е многу ама мрднав ШТО Е НАЈБИТНО) и не планирам да се откажам! Се е до карактерот!
А да! што се однесува на грицкањето семки, сончоглед..од се што прочитав на оваа тема по многу форуми поточно од луѓе кои ја имаат оригиналната верзија на книгата за оваа диета викаат дека МОЖЕ да се конзумираат за време на ОВОШНИОТ ден, во другите никако!
Значи диетава е супер,многу ефикасна и јас намалив килажа и не накачив,а и луѓето околу мене што ја држеа,лесна е има избор за јадење,само упорност и имате сигурни резултати ако се придржувате,само не размислувајте на тоа дека сте на диета и се ќе биде во ред
Од Понеделникот ја почнав диетава па се надевам дека ќе успеам да ослабнам. Имам 64кг а висока сум 161cm сакам да ослабнам некаде 9кг значи до 55кг. Денес ми е јаглехидратен ден ... Поздрав до сите УН Диеталки и ќе се дружиме
Има ли некој друг кризни денови или само ја ги имам Денеска среќа шо ми беше јагленохидратен ден затоа шо кога му полегнав на чоколадото пола го однема. Сакам да прашам утре ми е протеински ден и ќе го држам, а може ли у вторник и среда да бидам на овошен ден, затоа што треба да ослабнам до нова година побрзо, а кога го држам овошниот ден има побрз напредок во слабеењето
Јас имам неколку глупи прашања, па да си прашам... Пијам витамини,минерали (комбинација), дневно за зајакнување на имунитет, и антибиотици ќе пијам 10 дена... Дали да си почекам после НГ, кога ќе престанам со лекарставата? И од сабајле секогаш јадам јогурт со ленено семе, сусам, сончоглед, и семки од тикви (мелено), за чистење на организмот. (дали и тоа да го ускратам?) Спојлер антибиотици пијам не дека сум болна туку за бактерии што ми ги најдоа.
Еден мој другар ја држеше диетата точно 90 дена,му заврши сега на 20 декември..Ослабна 18 кг.Сега ке ја паузира 1 или 2 месеци и пак ке ја почне и ке ја држи 2 месеци.Па девојки,кога можеше машко да ја држи диетата,и тоа зависник од fast food и многу голема мрза и сепак да успее и да ослабне,зошто да не пробаме и ние?Сепак тоа е добро за нас..Доколку чувствувате глад помеѓу оброците можете да изедете малку лешници,ореви,бадеми или индиски ореви..СО СРЕКА на сите што ке ја држат диетата..јас ја почнав.
Јас и држев и не држев овие неколку недели ама не е тоа тоа прекршувања секој ден. Не знам шо ми се дешава не можам да почнам салам да ја држам како пред 2 месеци. Како ме лажат овие празниците сега се готви се спрема и не можам ни да помислам на диета камоли да ја држам. Ама сега ми земаа мерка за фустанче за нова година и кога си ги слушав мерките баш лошо се осетив . После празниците си ветувам и себеси и вам тука дека ќе почнам со диета и ќе ја држам одговорно. Морам, сакам да си ја покачам самодовербата и конечно убаво да се осеќам во своја кожа.
јас од утре планирам да почнам .. се надевам дека ќе биде успешно.. би сакала да знам дали е препорачлива физичка активност.. т.е дали би придонела за дополнително слебеење?