би сакала и да те прашам дали навистина е ефикасна бидејќи ти веќе ја држиш? .. јас имам искуство со медицинската диета и ослабев повеќе од 12 кг. но еве килограмите се враќаат...ми треба нешто што навистина ќе ми помогне за долгорочен резултат ..
Ме убедија и мене вашиве искуства...од утре почнувам па ќе видиме колку ќе издржам Иначе вака веќе не ја бива :/
И јас од утре ви се приклучувам, па на крајот од денот ќе пишам што како, се надевам нема да ви здосадам со моите постови!
Ајде miljkovic среќно па вечер кажи како ти поминал денот...јас сум до сега само со појадокот (2 јаболки) па ќе видиме дали ќе се издржи до вечер
Здраво женски... многу долго ги читам вашите коментари и конечно решив од утре да ја почнам УН диетава (единствена диета што ја немам пробано). Од ниедна диета немам резултати бидејќи имам намалена тиродна жлезда... ме има фатено голема депресија поради тоа што имам мн вишок кг. а не можам никако да ги симнам Па се надевам со ваша помош дека овој пат ќе успеам ... Со среќа на сите Диеталки
Ајде ајде ќе биде,да се надеваме дека оваа диета и нас ќе ни помогне како на повеќето овде...среќно па пиши утре како е Јас го издржав првиот ден без проблеми
Опааа супер продолжи и понатаму со тоа темпо...просто не ми се верува дека диетава е толку ефикасна...се надевам дека и кај мене ќе има такви резултати
Ја имам држено и тоа минатото лето. Симнав едно 6-7 кила за месец ипол... Ефективна е, има резултати и тоа многу брзо, не се враќаат многу лесно ако внимаваш откако ќе ја завршиш, а и не е напорна, воопшто не осетив глад или дека ми фали нешто посебно за јадење. Понапорно беше за мајка ми кога готвеше затоа и не ја држам пак...
DEVOJKI JAS KE JA POCNAM DIETATA OD 1 JANUAR SO 72KG A SAKAM -10 E SEGA IMAM NEKOLKU PRASANJA DO POISKUSNITE STO JA DRZAT OVAA DIETAALI MOZE ZA SALATA DA SE JADE ZELKA I NELI SO SEKOJ RUCEK SE JADE SALATA A ZA VECERA ISTO OD RUCEKOT VO POMALI KOLICINI E SEGA JAS SAKAM ZA VECERA SAMO SALATA BEZ TOA STO SLEDUVALO ZA RUCEK DALI E TO VO RED?DALI MOZE VO SKROBNIO DEN OSVEN MANCI SO GRASAK,KOMPIR DALI MOZE SUPA SO FIDE I MORKOVI?I DALI MOZE RUCEKOT BEZ NI 1 KRISKA LEP DALI TAKA KE BIDE EFIKASNA DIETATA ILI NE?BARAM VASE MISLENJE POZZ DO SITE I SO MNOGU USPESI SO DIETATA A JAS KE VE INFORMIRAM DALI IMAM NAMALUVANJE NA KG
Секако дека неможе да очекувате после два дена да сте ослабнати..Најубаво би било ви препорачувам на крај на секој месец да се мерите..Диетата се држи скоро три месеци и девојки никако не го испуштајте водниот ден,бидејки тој игра многу голема улога во диетата,го прочистува организмот.Само строго држете се по распоредот и се ке си дојде на свое место.Од диетата неможе да ти ослабне крвта или пак да се јават некои проблеми бидејки внесувас се што ти е потребно.Поздрав девојки,па пишете ми за резултатите или пак доколку некои подетални информации ви требаат.
Феминки држете ми среќа.Dиетава ја почнувам од понеделник.Eдна моја другарка ја држеше и доста ослабна,мислам стана друг човек.Eве,читам и од вас и од другарки дека диетава е прогласена за една од најуспешните!Се надевам дека и јас ќе ја завршам диетава успешно!
дали е важно колку кафиња се пијат дневно(без шекер се разбира) и дали може турско со млеко или мора без млеко да биде(зошто со млеко го пијам,не можам без) плиис писете ми
Па и не менува нешто многу тоа колку кафиња ке испиеш бидејќи се без шекер но не пиј повеке од две три дневно без разлика дали си на диета или не. А што се однесува на млекото не би требало да го ставаш во кафето освен ако не си на протеинскиот ден и ако тој ден консумираш само млечни производи ( бидејќи ни во протеински ден не смееш да мешаш различни видови на протеини ). Инаку вчера се мерев и сум качила некое килце, што од празнициве што од недоволна физичка активност поради факултетот и сеа имам 62 кила а имав 57 Ја почнувам од утре (бар се надевам дека ке ја почнам )
јас ја држев оваа диета 3 месеци, првиот месец праев некои грешки. после 3 месеци имав ослабено 17 кила, и сега, после година ипол имам вратено половина од килограмите. иначе финтата е да водиш инает на инаетот и да си поставеш цел дека сакаш да го изгубиш вишокот на килограми и да не се биде многу стрвен.