1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Ееееех коа би можел да правам и стомачни и да вежбам раце, знаеш ли дека со секој мал напор ме боли толку многу лигамент е во питање секој покрет ја умирам шо се вика и да правам стомачни ги истегнувам и нозете многу боли да се нема! инаку фала ќе јадам салати али мора да признаам мноогу ми фали месото!а се надевам дека со овој режим и притисокот ќе ми се снижи!
     
  2. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Е па нутриционист.....ако боли мирувај. Инаку притисокот ќе ти се регулира....на пр. јас имам низок притисок 100/90/80 со 60/50/40 ...значи катастрофа. Со диетава ми се покачува и супер ми е. Тебе ќе ти се намали верувај, 100%.
    А месото.....ќе се одвикнеш. Јас на пр не јадам месо со години ( понекогаш само риба ) и после долги години пробав месо.....не знаеш каков е вкусот чуден, дури и одвратен, што ме врати пак на место...да не јадам месо. Се живее и без него ;)
     
  3. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Баба ми вели дека низок притисок е многу добро да имаш,подолго се живее!и не претставува никаков ризик! например мојот професор што беше по биологија имаше притисок 80 со 40 константен! здраво е да имаш низок притисок! лошо е висок како мојот 140/150(некад 160) со 100/90! ај се надевам дека ќе се нормализира!:D позз
     
  4. monika988

    monika988 Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    А дали може некој да ми каже временски како се распоредуваат оброците. Јас јадам овошје во 10часот, а веќе ручам во 13часот, па вечера ми доаѓа накај 17часот. Малце ми е проблем што навечер ме напаѓа глад, па ако може некој нека пише некој совет за оброците како да се поделат.
    Иначе ја држев еден месец, без никакви отстапки а ослабев само 2 килограми, се разочарав и не ја продолжив, ама сега пак ја почнав, се надевам ќе скинм некое килце, зошто качив 6 кила за 1 месец ;(
     
  5. Ambrosija

    Ambrosija Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site ! Jas ja imam drzano ovaa dieta ... i stvarno oslabev 10 kg. ...arno ama za praznicite se popraviv 4 kg. i planiram od 14..posle stara nova godina .... da pocnam...
    ako ima nekoj sto saka da ja drzime zaedno.... neka pise.. ..da se motivirame !
     
  6. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Јас наутро јадам 2 овошки исто во 10,потоа во 12 си каснувам уште една од ист род, па дури накај 3 ручам, и после тоа вечерам во 7 -7 ипол и толку!(не се издржува само со 2 овошки до ручек апни си уште една).Така да доручкувај во 10, ручај во 2 вечерај во 6 ипол ако сакаш само со 2 овошки.
     
    На monika988 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Според книгава што ја имам пишува дека од 12-20 часот е период на прехрана....од 20-04 часот е пробавни циклус (т.е период кога храната се вари и од 04-12 циклус кога телото се прочистува.
    значи..
    од 04-12 часот се јаде само овошје, се пие најмногу вода, чаеви и нискокалорични напитоци
    од 12-20 часот време наменето за ручек и вечера. Не е важно колку е количината на храната туку комбинацијата на намирниците и растојанието помеѓу оброците. Кога на менито има месо и зеленчук, растојанието помеѓу оброците мора да биде најмалку 4 саати, а кога се другите денови, растојанието помеѓу оброците мора да е најмалку 3 саати. Во овошниот ден може да има повеќе оброци нели, но доколку се јаде банана или суво овошје, растојанието мора да е најмалку 2 часа.
    после 20 часот не се јаде ништо.

    кога претходно ја држев диетава, ако ми се пријадеше навечер јадев по некоја краставичка свежа или морковче...можеш да грицнеш некој зеленчук ама свеж.

    јас на пр. не сум доручкувала сеуште и кај и да е ќе грицнам овошка.....ручекот околу 5 или 6 и доста е за денес....иако е стара нова година алкохол нема( може чашка бело винце ) и тоа е се...ааа и од 4-5 вежбање
     
  8. milosavljevski

    milosavljevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    10
    и јас планирам повторно да ја држам ама прво нека помине сесијата оти организмот ми бара благо додека учам. иначе оваа диета е најефикасна да знаете, сум пробал мн диети, ама како оваа нема ниедна да знаете. само овошниот ден е малку тежок. а моментално ги пијам турбофаст додека да почнам да ја држам диетата
     
  9. triboiplavo

    triboiplavo Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Епа диеталки да знаете цел форум го прочитав :) и се регистрирав специјално за оваа тема. јас сум на ун диетата веќе 10 ден. се мерам еднаш неделно и имам симнато едно кило. не е мн ама не е ни лошо, повеќе во обем сум ослабена, а и го немам тоа непријатното чувство на надуеност во стомакот. инаку висока сум 161 а имам 60/59 килограми и сакам да дојдам до 52/53!
    инаку денес ми е скробен ден и за ручек имав салата од варен ломпир, цвекло, кромид, и балсамико... и едно парче интегрален леб. за вечера истото само помалку.
    со среќа на сите што сте на ун па да се бодриме заедно и со нови сили во 2012 :)
     
  10. sanja-bt

    sanja-bt Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    денес ми е 6 ден и незнам зошто ама воопшто не се осекам убаво некако како да ми се лоши и ми се врти незнам во шо е проблемот дали и некој од вас осека нешто слично и дали мислите дека треба да ја прекинам диетата,а исто така осекам и како подуеност во стомакот.ве молам ако некој знае нешто да ми одговори
     
  11. triboiplavo

    triboiplavo Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    срцка да не е стомачен вирус? не верувам дека ти е од диетата зошто сепак не е толку ригорозна. инаку има ли некој да ја држи диетава воопшто? јас сакав да предложам да водиме дневници, така е полесно а и поголема контрола и мотив ќе имаме. позз
    еве мене денес на менито ми е :
    дор- 3 средни јаболка
    руч- качамак со ајвар најверојатно
    веч- интегрално домашно колаче и ред чоколадо секако диетално
     
  12. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    И на мене ми се врти во моменти кога така одеднаш станам тоа ми се нема случувано,инаку еве и дијареа ме фати веќе 2 дена али не ја прекинувам диетата зарад тоа,веројатно имаме вртоглавици зашто по многу вода пиеме и ни е разредено се во стомак! Ќе се навикнеме :D
     
  13. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Има има,на мене ми е 6 ден, скробен ден, за доручек 2 портокали,за ручек ориз со цвекло а за вечера пак ориз со цвекло(ама половина).позз :D
     
  14. triboiplavo

    triboiplavo Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    за нутриционист: прво пофалби за мотивацијата а друго пошто прочитав дека си спортист така? мислам дека диетава ти е одлична со тоа што можеш коа ќе почнеш да тренираш наместо овошен да држиш протеински ден, за да имаш повеќе енергија а како што знаеме месото не дебелее одвен ако не е пржено... ајде ќе успееме... денес инаку се чувствувам лесно како пет кила да сум симнала :)
     
  15. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    138
    луѓе маслинки во што спаѓаат????
     
  16. milosavljevski

    milosavljevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    10
    маслинки се салата
     
  17. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Да да спортист сум,фала за пофалбата,претежно се занимавам до ватерполо и ракомет,понекогаш и кошарка,но еве веќе 3 месеци скоро како само шетам.гледам тв и накачив, и пред да почнам да се занимавам со спорт бев дебелко али после се ориентирав на претежно протеинска исхрана,сега пак се вратив на лоша исхрана али со диетата се се нормализира.Инаку тебе кој ден ти е??

    Маслинките се во салата,а баба ми вели дека и габите се зеленчук(сиров-незз што тоа значи) исто како доматите! позз
     
  18. triboiplavo

    triboiplavo Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    мене ми е јаглехидратен ден, значи третиот. па викам ај место макарони да зготвам нешто поинакво. пр качамак е сеа не го јадам со путер и сирење ама ајварот добро компензира :)
     
  19. triboiplavo

    triboiplavo Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    а за маслинките мислам дека се неутрални намирници, така што може секој ден ама сепак внимателно бидејќи се мн калорични. 5/6 максимум на ден
     
  20. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Да да може,ајварот е јаглехидрат! инаку на мене дома ми правеа тестенини и одозгора сос лут сос многу од чили просто чурнав ми идеше низ цело маало да трчам.