Е тоа дојдов да прашам. Денес ми е скробен ден. Дали може да пропржам на малку масло кромид и морков со ориз и потоа да го ставам во рерна? Значи малку пропржено?
Здраво девојки, Сакам да ве прашам дали во скробниот ден може да се комбинираат повеќе состојки кои содржат скроб, на пример ориз и грашок во ист оброк, или ручекот ако бил грашок вечерата да биде компир. Ви благодарам однапред.
Подобро комбинирај со неутрални намирници. Еве јас денес сум скробен ден и направив за ручек полнети пиперки со кромид, морков, тиквичка, патлиџан и ориз. Зеленчукот го пропржив кратко (оти најдов дека може во еден рецепт за скробниот ден па поврзав дека може), па го динстав, додадов зачини: лукче, босилек, бибер, вегета, ги затворив пиперките со кругчиња патлиџан, наредив во тавче, залив со вода и во рерна. Наместо ориз можеш со пире од компир во кој е додаден пропржен кромид и зачини и да ги полниш пиперките. И не се прави комбинација за ручек и вечера. Треба исто. Еве еден многу добар сајт со убаво објаснето и со куп рецепти за секој ден. http://www.dijeta.net/un_dijeta.htm
@Sky-butterfly -b па може нормално со масло ако не ставиме масло не бива нели. Препорачливо е мслиновото поздраво е. Готви со него, не се ни осеќа вкусот после на него дека млку горчи. Кога правиме не правиме само за нас јадење па јас мислам дозволено е и 2-3 лажици да ставиме. За тефлонска тава незнам дали може да се пржи ориз само на една лажица масло. Инаку пробај вака кога го пржиш оризот ќе ставиш масло и стави 3 лажици вода тоа колку дното да се залие и да не залепи оризот.
После овошен и воден ден поминати без грешка, денес се прејадов . 59/90 Д. 1 праска Р. Две парчиња месо со сос од домати, пиперки и печурки и едно парче црн леб + супа В. Си оставив едно парче месо и салата Уфф, не можам да дишам .
Ставив малку масло и потоа додадов тиквички и исецкан излупен патлиџан и се динсташе, па супер испадна со течноста од тиквичка и патлиџан А маслинки можат како салата, неутрални се?
Во книгата за диетата во многу од рецептите за скробниот ден се мешаат зеленчуците, не гледам зошто би имало проблем.
може само несолени, ама и јас незнам какви се тие па девојки кажете. можеш маслинки и во јадењата да додаваш, пица и т.н.
Ама не се меша скроб. Грашок, грав, ориз, компир.... би требало да не се мешаат. Неутрални зеленчуци: морков, патлиџан, тиквички, модар патлиџан, пиперки итн..може Е маслинки ќе ги држав во вода да се отсолат... тие несолени се грозни.
Јас ја цитирам книгата за диетата. Каде пишува да не се мешаат? Самата книга е многу полиберална во рецептите од 90% од менијата на членките тука.
Јас ја немам книгата. Од тука гледам. http://www.recepti.dijeta.net/category/un_dijeta/skrobni_dan/ Во една фб група прочитав дека не се мешаат или евентуално ко некој што напиша дека е сооднос 80-20 (што и да значи тоа), и спрема рецептите каде јас гледам заклучив дека е подобро без мешање. Исто како и со протеинскиот ден каде не се мешаат протеини. Или и тоа е дозволено? Ако ја имаш книгата, тогаш цитирај ни од неа на прашањата. Либерална сум јас.
Ете ја книгата: https://www.scribd.com/doc/7110904/90-Dnevna-Dijeta-Priručnik-Za-Mršavljenje Пример: На стр.9 има ориз со грашок и шампињони, стр. 45 има и бадеми и грашок во оризот, итн.
Јас не внимавам толку дали ќе потпржам повеке од 5мин дали ќе ставам повеќе од лажичка масло и такви некои ситници.Тоа е ептен строго а тоа не го можам. Диетава ја држам често и се слабее и со поголеми оброци и со некоја грешка и со некоја чаша алкохол,доколку има граница за се и да е во нормала резултати има. Во скробен ден може да се меша скроб со скроб но да биде 80со20 се случувало да имам за ручек ориз со грашок или ориз тава со малку компир.Тоа не е којзнае колку страшно но за вечера се јаде истото Важно е да се запази доручек ручек вечера и да не се греши премногу. Ви ја предлагам групата за Ун диета на фб што ја има многу информации има.
Добро дали вие синоќа видовте една што напишала дека за 19 дена ослабела 12 кг ? Сега неможам да го најдам постот Демек па којзнае колку сол имат маслинките. Ама ај
Е и јас нејќам ептен така ригорозно. Ете пропржување, ставам сол во салати, масло исто така без да мерам, маслинки ете солени ќе јадам Може само повеќе да ми се смачи и да ја прекинам ако ептен е ригорозно. Ама диетава ја гледам како помош да намалам со благо и тестенини/теста (моја слабост), повеќе како режим на исхраната. Ама очекувам и резултати секако
Јас во понеделник ја започнав диетата, не дека треба мн да слабеам ама колку да внесам некој ред во исхраната. Е сега, јас не јадам месо и не сакам да конзумирам месо, што може како замена да земам?