17 ден и утрово се мерев,демек ќе се мерам после секој овошен и се разочарав од пред 4 дена сега сум скоро еден кг плус. (значи смо 2 кг за овие дена намалено)Метаболизмот пак ми успори ,проблемот со ретко празнење на цревата пак ми се јави така да искрено губам воља...
1 ден – Протеински ден Ручек-месо, варено или печено (3 парчиња-ресторанска порција 250гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини. Супа но без резанци. Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината. 3 ден – Јагленохидратен ден Ручек-варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли. Вечера-две парчиња торта, или три-четири колачиња, или пак четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење. 4ден – Овошен ден Ручек и вечера само мешано овошје, колку што сакате. За овие три дена имаш колку треба да е количински само за скробниот нема потенцирано.Јас кога јадам во скробен без леб си јадам и по два тањири (пр леќа, боранија,грашок) додека кога јадам ориз може и со една да поминам за ручек и за вечера си преполовувам ако сум јадела две една јадам ако сум јадела една половина со повеќе салата или ако не можам да издрам пак еден тањир со салата исто како ручекот. во темата дневно мени ун диета можеш од сликите пак претстава да добиеш колку количински треба.Поздрав
Сфати си го како припрема за диетата и продолжи понатаму ПРАВИЛНО.Треба повеќе време да се симнат повеќе кг.Јас ќе се мерам најрано на 2 недели , затоа што првите кг се исфрла вишокот вода.Ти го советувам тоа и тебе.Посебно ако вежбаш и мускулна маса ќе качиш но ќе изгледаш поубаво затоа што мускулот тежи повеќе отколку салото.Сликај се или земи си метро или пак мери се на 2 недели или месец дена и тоа е тоа.Земи си и некоја тетратка и запишувај се така ќе имаш прегледност дали грешиш и ќе се мотивираш поправилно да ја држиш.
Скробен ден 6ти по ред.Доручек брусница+1јаболко ручек печени компири со сусам , вечера манџичка леќа .Полека се привикнувам на новиот режим.Пробувам да го намалам лебот, да си го јадам редовно овошјето.Ке треба да поработам само на салатите со секој оброк да ги правам за да намалам количински од главниот оброк и да јадам повеќе зеленчук.Многу ми се допаѓа групата каде што споделувате слики, само споделувајте ги и рецептите, да се инспирираме и да направиме нешто и ние.
Не се обесхрабрувај. Да не си пред добивање? Јас тогаш сум потечена и надута посебно. А ине е лошо 2 кг за 17 дена мислам. Не знам само како метаболизам ти се успорил, баш диетава е за забрзување на метаболизмот. Почекај уште малку па тогаш види дали ти одговара или не, ама да не избрзуваш со откажување. Девојки, јас не мерам колку јадам. Значи, оброците ми се обилни. Јадам колку ми се јаде. Ама, со тек на времето приметувам дека помалку можам да изедам. Она што некогаш јадев како нормална порција, сега после таква порција се прејадам и ми биде тешко на стомакот со саати. И логично е. Што помалку јадеш, желудникот ти се собира, па не мелеш во устата нешто нон стоп. @blondinka0530 не ми текнува ама ти намерно мешаш продукти, те.јадеш различно од ручек за вечера? Ако не, да те исправаме Денес протеински ден. 30 по ред. Д: лубеница (колку сакам) Р: беше во план пилешки стек, арно ама бев гладна па за себе си направив омлет, од 3 јајца. Рендано мешано сирење преку омлетот, 3 црвени печњни пиперки од салатата, онака поуљени , две парчиња интегрално чепче (од тие малите), плус патлиџан, пола краставица и чаша јогурт. Па после се чудам кога ми е тешко на стомакот В: две поголеми парчиња сирење и две црвени пиперки повторно. Завист ми се
@Sky-butterfly Ма не се откажувам ,јас реков еден месец најмалку ја држам па макар и се здебелила.А за спориот метаболизам јас си знам секогаш после некој режим прво има резултати а после ми се навикнува организмот и тоа е ,имам изгледа синдром на мрзливи црева(ова сама дијагноза поставено)
Ете ја мојата грешка. Јадев по едно јајце за ручек оти си велев диета е, ама ете грешка било. И после ја прекршував диетава прејадувајќи се. Денес почнувам од почеток. Тоа досега беше подготовка. Денес, прв, протеински. За доручек една праска, за ручек омлет со 3 јајца и сирење, шопска салата, а за вечера 2 јајца и шопска.
И зошто една праска? По правило идат две овошја, само банана една. Ама ако ти се јаде подобро изеди и три отколку да се стегаш. Јас јадам и овошје колку можам, грозје, лубеница. Јаболко додуша едвај едно оти не сум љубитељ, праски две-три, сливи 3-4-5. Не се стегај па после ќе си гладна. Поентава на диета е да не ги мешаш продуктите, автоматски ти е исфрлено прекумерно јадење мрсно, благо и нездраво, а за количина на овие оброци јади си колку можеш и колку ти е доволно. И пак ќе имаш резултати.
Ако ми веруваш овошје ич не сакам. Пред диетава воопшто не ни јадев. А сега го јадам со сила. Затоа овошен ден ми е најтежок и стварно не знам што ќе правам тие денови.
Тогаш во витаминскиот ден земи малку овошје наутро, можеш покасно нешто јаткасти плодови:лешник, кикирики (несолен), во комбинација со суво овошје. Тоа баш заситува. И до крајот на денот јади свеж зеленчук, салати. Дозволен е и зеленчукот. Јас еднаш јадев и грилован зеленчук.
Денес ми е 13 ден протеински, јадев две помали парчиња стек на скара, салата(домати и краставица), една кришка црн леб и една печена пиперка. Е сега оваа пиперкава што ја изедов ме копка, дали е голема грешка?
Пиперката е неутрална, можеш во сите денови да ја јадеш. Исто како и печурки, тиквички, модар, зелка, патлиџан, брокула итн зеленчук.
Не се оптеретувај да ја држиш 90 дена пстави си цел 15 дена. Па така ќе се навикнеш и нешто пак ќе ослабеш. Па ако згрешиш продолжи јас се заебав така што ај да скокнам и денес па 3 месеци ј одложувам. Почнувам и од трет ден повеќе не сум ни стигнала. А кога ја почнав 3 пати ем се прејадена сум само сабајле сум гладна, ем здраво се хранам и јадам тоа што треба. А така што најдам јадам се нездраво и купено. И мене пред да почнам ми се чинеше како вода диетава ама не било така. Колку и да има за јадење чекам деновите да поминат побргу.
Ако јадеш три јајца не јадеш сирење јајце и пол и парче сирење + чаша јогурт. Вечерта исто само без јогурт