Ехх сеа баш ја нема овде да ја прашам да ти одговорам,но знам дека рече нешто отии влијаела за здрави јајници и редовен менструален циклус! кај малите деца мислам дека рече оти правела гради да им растат исто како и пилешкото! мислам дека е тоа ако те интересира подетално ќе прашам! инаку сојата е растителна замена за месото!
за женските е добро да се јаде соја, содржат природен естроген хормон кој се вика генистеин, а за машките не е мн препорачливо. (студент сум на фармација и ви кажувам)
лелее шом има женски хормони не е ИЧ препорачлива за мажи! добро,боки 13 сигурно редовно ја конзумира
Јас денес почнав со диетава и сакав да ве прашам дали во овошниот ден може да се јаде сушено овошје-како на пр сушена папаја и дали во овошниот ден се јаде само овошје или може и салати од зеленчук? ПС извинете ако веќе е поставено прашањево но има многу мислења па неможев да ги прочитам сите поздрав
значи, до пола ден можеш да јадеш овошје, а после пола ден можеш да јадеш зеленчук (салата), за сушено овошје стварно незнам да ти одговорам.
можеш суво овошје ама до 100 гр не повеќе бидејќи има мн шеќери, моја препорака ти е јаткасти производи како ореви, бадеми и сл ама исто до 100 гр мак
а дали мислите дека кожата ке ми биде овисната или ке ми се направи целолит/стрии стварно некам да дојде до то,а иначе и почнувам да бидам физички активна на сабајле трчам на справа ама не многу околу 10мин неможам повеке,а поруцек вежбам на еден аеробик што го имам спуштено од интернет вежбам некаде 15мин и после правам обични вежби стомачни,и некој за бутовите ама сепак се плашам да не ми овисне кожата ако ослабам 10кг.а иначе кг си ги накачив во бременоста стигнав од 62 на 92 за 9 месеци и после без никаква диета се вратив на 72 за 1 год само одбегнував да не јадам на вечер јадев само 1 јаболко а преку ден јадев се со има за ручек и пак ослабев до 72 ама сега од 72 никако надолу а важно ми е до април да си се вратам на 62 ке си идам за мк и морам до тогаш да ослабам.
Здраво!нема што да се секираш и јас го имав истот прашање милосавлјевски ми одговори тој не се замарал со вежбање а сепак ослабел 17 кг и не му висела кожата,а и ти плус вежбаш а и тоа целулитот што го имате вие мислам дека како и салото се повлкува при слабеењее и исто така пиј многу вода! Што се однесува до стрииите,јас имам стрии на стомак веќе 3 години,таман ќе ослабам тие стануваат бели,таман се поправам станат црвени,али дојде лето се исончам плус некои креми таму од братучедка ми шо ми порачува од тие таму фирмите орифлејм и една др имаше нез незз и сепак се повлекуваат!Али ако вежбаш,не би требало да има стрии! позз
И плус друго за на тие што сакаат да не им висне кожата,нов новинитет шо дознав сеа баба ми рече пченица да се јадело по 1 лажичка секој ден али пошо е дозволена само на скробниот тогаш може да си јадете по 2-3 лажички!
здраво дечки! денес 14 ти ден- скробен дор: 2јаболки руч: компир салата (варен компир, цвекло, кромид, и балсамико оцет) и 2 пиперки од туршија. леб не јадам бидејќи не сум мн гладна и кога можам го избегавам веч: пола од ручекот пишете како напредувате, јас не сум се мерела уште од првата недела( тогаш имав изгубено едно кило) ама мн полесно се осеќам а и во обем имам доста намалено особено во пределот на стомакот позз зљ нутриционист: може ли да кажеш на кој начин се подготвува? варена? треба ли да отстои во вода или слично? фала
Здраво здраво,супер ти оди диетата! Инаку да,варена треба да е пченицата! на мене ми е 9 ти ден,протеински дома ми беа напраиле во мала калена чинија сирење па габи сирење па габи ко мусака плус морав да апнам 2 рибанки(тенок нутри леб бидејќи сирењето беше мн солено) и на крај испив една чаша јока јогурт! за вечера валјда јогурт само ќе пијам(едно пола кило ) позз!
Дечки а да ве прашам ајвар , пинџури, малиџани такви зимници и руска салата царска секој различно ја викаа пиперки од тегла модри патлиџани туршија во кој ден може да се јаде, и дали смее да се јаде пченка печена поздрав
салатата можеш пред јадење секој ден нема штета од тоа, пченката скробен ден а за ајвар пинџур и такви ствари подобро избегнувај колку што можеш сепак е препржено и нездраво
Туршијата ти е факти чки салата,а ајвари пинжурии јас во јаглехидратен ден сум јаделајвар со празно тесто(лиснато).Печена пченка во скробен ден
Мене денес ми е 58 ден и досега имам намалено 12 кг.Пред ова неколку пати почнував да ја држам диетата и издржував неколку дена.Секогаш намалував 1-2кг и не ги враќав па од јули до сега имам намалено 17кг. Денес ми е воден ден и го издржувам без проблем.Инаку сега сум на ТУРБО УН т.е. денес завршувам и од утре продолжувам со нормални 4 дневни циклуси.Што се однесува за туршијата таа може да се јаде секој ден бидејќи се смета за неутрална исто како и печурките.Ајварот се јаде како салата секој ден но јас го јадам на протеински ден со сирење.Други го јадат и на јх со кифли, геврек... Можеби диетава не е многу здрава и нема некоја логика во називот на деновите но има ефект. Страв ме фаќа што ќе биде кога ќе завршат овие 91 ден диета и уште 91 ден одржување.Склона сум кон враќање на кг. но се надевам на тврдењето на авторките на диетата дека се менуваат лошите навики и метаболизмот.
Диетава баш напротив е здрава!Имаш се да јадеш,во различни денови! на хрватски форум видов многу детални и позитивни коментари,ја покажав диетата на баба ми првин не ја одобри бидејќи е против диети таа но после пак самата ја побара ја разгледа дури и сега таа оброците ми ги кажува како што да јадам кое овошје наутро оди со тоа шо планираш ручек итн! инаку браво за упорноста еееј 58 ден ти си веќе звезда!За да не ги вратиш килограмите,за доручек доручувај секогаш овошје после тоа 1 недела пред ручек пиј 2 лажици јаболков оцет и ручај а 1 недела одмарај после пак!Исто така ќе запазиш пак да не мешаш ЈХ со протеини! друг трик шо ми го има кажано е после калоричен оброк 1 чаша црн чај ги разбивало маснотиите или незз шо друго! позз и со среќа само упорност! можеме ние!
Сакам да ја држам диетава,ама што мислите се издржува ли 90 дена?? Има ефекти? сакам мислења.. Редактирав бидејќи заборавив да прашам..Кога се водните денови си дозволувате ли да јадете и нешто друго?