Многу си се радувам, овошниот ден ми беше мнооогу лесен, не осеќав глад воопшто! Е сеа, во скробниот ден направив грешка, имав компир за ручек и мајка ми пилешки прсти имаше правено, па каснав 3 од нив А во јх, ручав макарони во 1, накај 5саат фереро и 2ресани, и после накај 8 мусли take away чоколадни. Многу ми дојде, ама па вчера мераклиски го поминав витаминскиот. Денес: д: 2 портокали р: пилешки батак, тонус леб, свежа брокула и морков, чаша супа в: пилешки батак со салата ќе биде За утре гравчето ме чека.
Значи секоја чест за диетата, многу е ефикасна но кога ја држам ме удира психа и се на храна мислам, не можам да се сконцетрирам а треба да учам дали е и кај вас така и дали после недела две поминува тоа чувство
Јас сигурно 5-6 пати ја имам почнато и исто како тебе психата ме тераше да се откажам. Но, незадоволството од она што го гледам во огледало ме натера да се обидам пак, и си ветив себеси дека ќе одам до крај. Убавото тело не е невозможно. Сликите на @LadyinBlack29 ме мотивираа најмногу, и конечно сакам и јас да имам успешна сторија. Само верувај во себе, и секојпат кога ќе сакаш да прекинеш и да посегнеш по храна сети се на тоа како НЕ сакаш да изгледаш. ТИ можеш. Сите можеме.
Ти благодарам на поддршката и мотивацијата. Од утре дефинитивно почнувам и нема откажување по никоја цена
@Winter Lady не користам фб, ги следев еднаш ама многу ме нервираа коментарите од админките, мислиш тие ја измислиле диетата и ја напуштив групата.
Јас исто немав ич мотивација ама видов една девојка во групата на фб изгубила 32 кила и реков почнувам .. прв пат ја држам ,7-ми ден денес и искрено немам проблем дури се прејадвам некогаш, Јас обично леб не јадам , благо исто , ова ми е многу ама добро е ме држи да не осеќам глад навечер. Ајде поддршка и од мене
Денес почнав накај 1 ручав 2 ипол варени јајца, кришка леб, супа и салата. Е сега околу 3 ипол мајка ми пржеше печени пиперки со сирење и јајца, не можев да издржам и си каснав 3-4 вилушки,дали е голем прекршок и дали утре да ја почнам одново или да си продолжам со скробен
... само да кажам , да една женска со диета на ден со само јајца јадење по некоја шема таму , направи таков проблем што си ја извади жолчката и закачи акутен панкреатитис одвај се стабилизира ... и сега е уште подебела
Ручек имав грав, ама заборавив да земам за на работа и не јадев ништо, прегладнета сум а не знам што би јадела? Ориз печен и компир варен имам дома, па пошто е скроб и ова дали смее? Освен моркови немам ништо друго и за салата
Никој не ми одговори вчера, па си утнав. Салата мешана си порачав, и мало парче печено сирење каснав. Ама знаев дека ќе ми биде криво Ништо, денеска јх со домашна баница со праз па утре на витамински "ќе си се исчистам од гревот"
Денес 7ми ден ЈХ. Досега ептен лесно - 2кг Појадок: две јаболки Ручек: пица со тиквичка, сенф, маслинки,печурки,кромид и оригано Вечера: две мини крофничиња и еден ред чоколадо. Утре овошен. Најлесен ми е, ни готвам, ни правам нешто
Гледам многу поназад на страниве дека има постирано рецепти за протеински ден со стек и павлака? Не е тоа прекршок или јас сум грешка? Мислам дека е јасно наведено, или месо со супа , или сирење со јогурт (павлака). Или секој си крка како што сака ?
jas ne mesam..mislam deka i ne treba. Za podobar efekt ne bi trebalo da si priustuvas takvi zadovolstva. Ako jades sirenje ili izvarka togas pies jogurt.