Е во оваа ситуација не смееш да ги мешаш видовите месо никако па така останува само салата да си направиш евентуално и супа без фиде
Од истото месо за ручеко напрај ди било со ќофте,плескавица,кепаче ама гледај да не е пржено инаку ако има и јајце во состојките на месото не би требало да е така ама и јас си така правам,не бива инаку не е слатко или е се едно исто
@NoNeeded знам знам, ќе направев да бев дома, туку пусто на работа сум до вечер Па ќе се снаоѓам што да праам, салата салата, да не е без ич
Здраво на сите...веке изврсно време ве читам и сакам да ја почнам и јас ама иман еден мал проблем па се надевам дека ке добијам некоја идеја ... Значи работам без пауза за ручек и веке година дена е така по 9-10 часа дневно....што би можела да направам ??? Имам стварно потреба да намалам некои десетина кг. фала ви однапред
Женски денес ми е ЈХ ден јадов две јаболка сабајле , е сега сум на работа и овде нема денес никаква паста ни пица , јадов само салата ... шо можам друго да јадам?
Денеска јх д: само кафе затоа што немав време за друго р: 4 помали парчиња пица со кечап в:сутлијаш И меѓу оброци пиев сок од портокал (морав некако да се освежам , имав напорен ден ) Утре овошен , едвај чекам
Здраво девојки, Од поодамна ве следам и сакам од утре да ја почнам диетава, но сакам да знам дали ја има некој држено а притоа има намалена функција на тироидна жлезда, дали има резултати ?
Вчера читав на хрватски сајт, доктори не ја препорачувале диетава зошто доаѓало до опаѓање на имунетот. Имаше и коментари, на некоја мајка и ја држела диетава, ослабела 20кг но имунитетот и паднал до тој степен што дошло до рак на плуќа, и докторите рекле само од диетава е . Оф страв ме фати сеа Јас пијам цинк,селен и вит.Ц 1000мг дневно, мислам дека имунетот ми е супер,нема настинки фала Богу, но сепак коментариве воопшто не ми се допаднаа. Ајде збор два за утеха?
Јас ја имам држано и пред тоа мајка ми е докторка и секој месец одев на проверка за крвта и супер ми покажување намалив 9кг за месец и пол што не е ни мн ни малку,мајка ми ја препорачува и на др пациенти што не се пожалиле,ипак во др земји е др климата,храната,колку што сум читала таму воопшто не е здраво овошјето и зеленчукот до мн хемикалии и со вештачки хормони за убав изглед,па можеби е до тоа
Паа најдобро ќе е да си носиш од дома подготвено соодвртно за денот што ти е дали протеински,скробен,јх или овошен..друг начин нз
Самата ако веруваш и си убедена во тоа што си го читала нема ние тука што да те тешиме. Сум пишала и ќе пишам пак , не верувајте во се што ќе прочитате по интернетот , не само за диетите туку за било што , пишуваат луѓето све и свашта, на вас е дали ќе верувате во тоа или не. Инаку, колку што имам јас знам ( од искуство )диетава не е како останатите диети туку претставува еден по друг начин на исхрана , ги внесуваш сите потребни хранливи состојки што му се потребни на организмот , само што храната е распределена во различни денови , различен вид на храна , и не гледам зошто тоа би довело до намалување на имунитет или па до рак на плуќа Инаку денеска 4ти , витамински ден Од сабајле една банана и една мандарина , потоа една калинка , јаболко , сува брусница , салата марула иии до вечер изгледа пак кје јадам салата
@levely Кочиииии,пооооолека Дискусијата беше поттикната од нутриционистка, затоа и ги отворив очите малку повеќе, затоа и споделив на форумов, затоа и побарав мислење, што се лупаш во глава од тоа што јас сум прочитала? Инаку, вчера и денес ми се утнати. Вчера затоа што немав исто од ручекот, денес затоа што прегладнав ручекот во 6и30ми беше, во 5 ајвар и кришка леб јадев ми се вртеше Така, мотивацијата е тука, почнав и со вежбање, од понеделник здравје и со трчање, нигде не се брзам, што е мое ќе си дојде полека
Јас ред млечна чоколада сеа изедов и еден ред црна,а порано кога ја држев јадев кроасан seven days на винцини некој тортини,јас рачунам да внесам како една кришка леб нз колку грама би дошло тоа..зависи што јадеш
Дека пишува две парчиња торта, четири топки сладолед мене тоа прилично многу ми изгледа па според тоа си мислев дека ако јадам чоколадо можам од него малку повеќе да си дозволам па затоа прашувам
Дааа можеш изеди си два реда комотно надогнади си за др денови ама ја не сам љубител на благо па затоа хаха а и мене ми ова некако изгледа мн 2 парчиња торта ..