Зависи се е до карактерот. Има и такви што ја издржуваат, еве и претходно имаат пишано а има и такви што не можат да издржат. Мене ми е тешко дури ја почнам, денес сум на ј.х утре овошен (дефинитивно ми е најтежок), ама откако ке се навикнеш после полесно е организмот се задоволува и со помалку храна, во принцип не е тешка диетата, а и храната е соодветна за нашево поднебје. Што се однесува за водениот ден има некои што не го држат воопшто, а пак има резултати, пробај види ако можеш да го држиш супер, ако не прескокни го и оди на протеински, колку кг планираш да симнеш? Освен вода, чаеви и кафе без шекер може и сок ама свежо исцеден подготвен дома без шекер. Кај нас за диетава мн малку се дискутира, случајно видов на еден српски форум има доста работи разјаснето, дури има и табели за следење на диетата и посебни рецепти за секој ден соодветно да си подготвиш храна се со цел јадењата да се разнолики и да не ти се здосади диетата.
decki mene mi e 8mi den ovosen...no...nemam jadeno voopsto ovosje t.e probaf ama go povrativ..denes dobiv i imam mn bolna menstruacija, bolki, povrakanje i sl.Edinstveno sto jadev denes e eden bake rolls(zosto samo toa mozev )od se dugo mi e loso,neznam od utre dali da prodolzam so proteinski ili so voden den??pomos
А знаете ли праз каде спаѓа? Денес ми е месен ден и јадев месо со печен праз. Да не ја утнав диетава јас денес
^ Ако си ги јадела заедно,поточно истовремено и двете во комбинација си ја утнала прилично Ако си ги јадела одвоено тогаш супер Иначе и јас ја започнав повторно после толку време,веќе ми е 3ти ден - шеќерен ден јас го викам или мрсен хаха И добро иде сега за сега.. најтешко е првите две недели секако,ако ги издржите тие после тоа немате гајле Планирам пак 3 месеци целосно да ја држам како и првиот пат,ама сериозно без прекини
Добро утро срцка празот е зеленчук а зеленчук може колку сакаш да јадеш. не ви смеела пр месо со пченка или грав или ориз, компири... тоа е мое мислење инаку 15 ден ми е јаглехидратен дор: 2 јаболки руч: качамак ммммм едвај чекам веч: интегрално колаче плус ред или два темно чоколадо пс. пишете некои трикови за полесно слабеење што ги користите при диетава поззззз
Какво овошје секое утро јадеш?? ако јадеш портокали или киви мандарини веројатно од киселоста ти е надразен желудникот,ми рече оти од мрсна,кисела и лута храна има грчење во желудникот и маткаата па да не си јадела нешто луто?? а продолжи си слободно со протеински! позз
Пиј наутро пола литар вода(млака вода) на празен стомак,конзумирај зелен чај(1-2 дневно немој само приквечер зашто содржи повеќе кофеин од кафето и не би можела да спиеш),после обилен ручек напиј се 1 филџан црн чај(ги разбива маснотиите јас обично во јаглехидратен ден го пијам),пиј црвено вино(1 чаша незз во кој ден спаѓа виното,вели баба ми дека спречува таложење на мастите околу стомак),јади лут сос од чили пример или пак чили пиперки,пијте кафе(тие со нормален крвен притисок)...за други трикови шо ми има кажувано ппфф па сеа не ми текнува ако ве интересира друго слободно прашајте!
Појма немам дали ќе го издржам водниот ден,малку зимава накачив килограми,и потребно ми е да ослабнам барем 6-7 килограми ако не повеќе .Ти како напредуваш?
^ Moжеш Ништо страшно не е тоа,зачини се Наведено е во диетата дека зачини,оцет,такви додатоци смее да се користат при секое јадење Јас да си се пофалам сум ослабнала килце јеј
Оууу ми се чини ќе се изедам! Хикснав сеа за ручек,бидејќи се пости јадов грав со туршија и парче леб и така јадејќи дојде брат ми кога баш јас завршував,си беше купил помфрит и беше топол ми рече земи си ако сакаш јас заборавив и диета и се од стрвост 3-4 пати со виљушка бацнав си апнав од стрвост и кликерот ми заработи си реков абе ејјј Александаре ти на диета си зар заборави...! И ај сеа шо да праам,да се казнам за вечера ништо да не јадам или утре воден ден да држам! инаку скробен ден ми е,а и компирот е скроб(немаше ни кечап ни мајонез низ него) па тоа ме малку теши! таман се мотивирав сеа се демотивирав!
^ Еее добро де,сепак е скроб компирот,иако не треба да биде пржен.. Ништо,следен пат гледај да издржиш И не почнувај утре воден ден,уништуваш редослед на диетата. Продолжи како што ти идат деновите по ред и готово,али памет за нареден пат А,за вечера да можеш да јадеш на пример само овошје и касни едно парче леб и доволно,ако сакаш и ептен се двоумиш за дали да јадеш или не
Е фала утешуваш,ја и онака сум паничар по природа! за вечера можеби зелка салата ќе каснам нема ниту грав ниту ништо ама малце компир беше онака ако сум изел половина од среден компир! ај белки нема мн да штети! позз
леле шо специјалитет сум си направила денеска не знам дали е во ред,ама па ми беше вкусно овошен ден ми е иначе.....си исецкав 2 банани на крукчиња,малце бадеми и сончоглед,1 лажица мед и малку цимет мх мх мх смеам да си дозволам ваков луксуз или јок????
мислам дека е ок, ама гледај повремено да биде а не секој овошен ден бидејќи се што наброја е доста калорично. инаку браво за специјалитетот мммм супер звучи за нутриционист: јас не би се демотивирала да сум на твое место, сепак имаш 90 дена на располагање па понекоја утка не е ништо страшно еве јас пр претходниот витамински/овошен ден изедов накај 100гр семки од тиква. и тоа го рачунам како не до толку утка, колку така да си се почастам и фала мн за советите за слабеење. а тој црн чај што го збориш каде може да се купи и по која цена?
Црниот чај го има во секој поголем маркет и во аптеките, има бел , зелен и црн чај и се прават од истот растение.
Да, го има во сите маркети и е многу убав јас сеа пиев после вечера! бидејќи ми е скробен ден за ручек јадев грав а за вечера го беа изеле гравот,дедо ми од другата родбинска страна дошол му ставиле и тоа што требаше јас за вечера да го јадам, и немаше шо друго и туршија дури снемало и решив 1 колаченце леб со ајвар да јадам и мислам дека хикснав! ја прашав баба ми шо у ствари е ајварот рече јаглехидрат не е но може да биде во комбинација,претставува пржен зеленчук сиров и си велам ај ајвар сеа и начисто хикснав! али утре јаглехидратен ден продолжувам,да се казнам од вечерата ќе си скратам ке апнам само 2 реда црно чоколадо ништо повеќе! ветувам цеќе нема утки! позз
sekogas jadam razlicno ovosje ne jadam mn portokali,inaku za toa sto rece za nadraznuvanjeto ne e prv pat zna4i samo kogai mam dobieno vaka mi se slu4uva fala sepak pozz do baba