Салеп во јх.. Ми менува вечера или сепак е само топол напиток кој може да го конзумирам во овие денови?
Јас нешто се испомешав, место овошен скробен имав.. Не знам како до скроб стигнав Уште 10дена и Турбо УН ќе почнувам.. некако многу грешење ми се собра
Мене добро мо оди освен што денес морав да направам уште една грешка т.е. трета по ред, пробав пита едно минимално парче тоа се некои 3 грицки а сум на скроб.но под казна за вечера само пола краставица, секако и не сум гладна сега. А за турбо ун сакав да кажам, целта на турбо ун не е да ослабиш побрзо туку да ти го размрда организамот пошто таму се во поинаков редослед деновите. И не ти гарантира никакви резултати, не мора да значи дека ќе намалиш повеќе.
@Apina Да да,знам која е целта, но ете од неколкуте грешки осеќам дека стојам во место па сакам да го размрдам метаболизмот малку)
Една година како помина од ко се породив имам 80 кг / 170 цм и од денес починам со диетава редно беше не бива вака... да си пишам на форумов оти ми е поубаво
Ќе успееш ајде и јас сум на твојот пат, пост породилно слабеење. Ќе бидеме и ние убави мамички Среќно!
Вчера 11ден јх добра бев цел ден: една банана, шпагети со кечап, сенф, маслинки и печурки и за вечера едно кроасанче и црно чоколадо. И после бељата на слава ја напраив се најадов како прасенце ама мрсна слава е кога ќе почнат посните ќе се контролирам сигурно
Се дур се казнувате и сте престроги кон себе нема да издржите долго со диетата. Секој пат кога ќе бидете во искушение помислете на резултатот што ќе го имате ако го одбиете тоа и кажете си „Не сакам“ наместо „не смеам“. Имам читано дека ваквиот став може да ви помогне бидејќи кога постојано си кажувате дека не смеете одредено нешто да јадете, само правите контра ефект и цело време ќе мислите на тоа. Додека ако кажете дека не сакате, така ќе имате повеќе контрола врз искушението. Не знам колку ме разбравте хаха, се надевам колку толку ќе ви помогне, јас имам читано статијава за ова дека начинот на кој размислуваме може многу да ни помогне (или не). Инаку, јас почнав да ја држам пред 2 недели и со сите слави измеѓу ја прекршив 100 пати ама сепак имам ослабнато 2 кила сега пак се навраќам на режимот, мора малку посериозно до Нова год.
40/90 п:2 Јаболки и чај од гоџи ( саат време пред ручекот 2 реда чоколадо ) р:шпагети со печурки,маслинки,доматно пире и малку мајонез в: малку шпагети што останаа *Имам едни панталони што само два пати ги имав носено но ми беа ептеееееен тесни.. Епа влегов во нив!! Не сум сеуште задоволна, ни малку, но ова е мотивација плус. Туку да прашам, после Турбо УН си бројам пак кај сум застанала или како ?? Пример ако турбото почнува на 40 ден одкако ќе завршам бројам 41 или не?
За турбо ун , да , си продолжуваш кај шо си застана. Иначе и јас гледам голема разлика во обем , стомакот и нозете ептен ми се намалени , а во кила и не сум баш пд последно консе мерев, се мислам и јас за турбо ун
Девојки не сум ве заборавила. Имам здравствени проблеми и поминувам низ тежок период. Здравје само. Диетава ја прекинав. Но некаде после 20-ти пак ќе ја почнам. Терајте само не се откажувајте. Позз
Тоа е индивидуално кај секого, ако ја започнуваш со многу вишок ќе намалиш повеќе, ако немаш многу вишок слабеењето оди побавно. Знам девојки што имаат ослабено по 30кг за 90 дена ама започнуваат со 130 и стигнуват до 100. А други што започнуват со 70кг намалуваат по 12,13,14. Исто така не треба да правиш грешки, бидејки вагата стои во место. Но сепак има успех нема да зажалиш ако ја почнеш. Среќно!
фала на одговорот , денес почнувам јас појадок две јаболка ручек стек и салата од домати вечерата ке биде иста како ручекот .