Вечерата исто како ручекот но количински преполовено! Ајде среќно и не се откажувај. Ако сакаш следи ја и групата на фб УН ДИЕТА МК полесно ќе ти биде
се зачленив во таа група порано , и ја напуштив бидејки си објавуваа свои приватни слики кај што патувале низ светотшто немаше врска со диетата
Здраво дечи. Да прашам за вториот ден 2 ден – Скробен денРучек-грав, грашок, спанаќ, компир. Дали може сето тоа да се меша или само 2 на пример спањак и компир ?
вака , утре ми е јаглехидратен ден , ке јадам макарони за ручек , е сега бидејки не јадам благо дали може пак за вечера макарони ?
@pufi-cufi Си се придржуваш строго по правила? Јас мноооогу се опуштив, си грешам ли си грешам, до 45 ден стигнав вака, наредните 45 планирам ептен строго да терам, и леб да не јадам никаков :/
Па не баш строго еве денес скробен ден јас за вечера јадов повеќе од колку за ручек.. кафе со млеко обавезно пијам едно - две денот (млеко од бадем) , во јх ден некогаш јадам повеќе од колку што е дозволено посебно благо Ама гледам да не е секој ден .. и јас се држам до диетата што е во групата на фб овде гледам малку поинаква е .
Ајде и мене ме занима за печурките нека ни каже некој Јас во витамински 2 пати имам јадено, свежи малку пропржени, па да знам и ова дали спаѓа во грешките Последните два-три овошни многу ми се тешки,цела ден издржувам и навечер утка обавезно. Синоќа сирење каснав и три-четирикомпирчиња (помфрит). Абе ми се плачеше,зошто мора навечер да испогрешам и се у пм да отерам Денес прв ден Турбо УН: д:банана р:мимоза салата со 2 варени јајца в:пола од ручек И на мајка ми и кажав,од денес повеќе на салати и нема веќе обични ручеци сепак диета е Ајт со среќа, до крајот строго!
Печурките се неутрални намирници, може да се јадат секој ден. Витаминскиот ден се започнува со доручек две исти овошки, после се јаде овошје на секои 2 часа (ограничување има само на 2 банани во цел ден и 100гр јаткасти плодови, и 7-8 парчиња суво овошје ) Може да се јаде и зеленчук но откако се почне со зеленчук веќе не се враќа на овошје тој ден. Зеленчукот и овошјето во витамински се јаде свежо НЕ термички обработено. Може и салата но без сол и масло може да ја зачинете само со лимунов сок
Деновите не се менуваат , немора да јадиш благо можиш пола од ручекот и задолжително еден ред црно чоколадо Да се надоврзам за печурките, во витамински ден не се јадат печурки само овошје и свежа салата , ако за ручек јадиш салата не се враќаш на овошје, продолжуваш со салата
Диетата е одлична. Јас уште собирам сила да ја почнам пак. Ослабев 10 килограми за 45 дена, со грешки.