Ако имаш многу вишок можеш без грешки и без вежбање да намалиш и до 10кг за 48. Ама ако имаш многу за намалување
Не вежбам засега , планирам да почнам да се затегнам малку.. ова ми се изгубени кила со ситни грешки, ма да имам уште многу за губење.
Здраво! Нова сум овде а гледам премногу има пишувано па сакам некој да ми помогне во некои работи.. имам нагло добиени килограми од нередовен живот (105кг ) Е сега знам дека многу побрзо ќе изгубам неколку килограми на почеток затоа што имам мноооогу за губење, а исто така планирам да почнам и со вежбање, па да прашам дали се враќаат лесно килограмите по завршувањето на диетата? Исто така видов нешто за турбо УН? Ако може да ме упати некој Ви благодарам многу!
Добредојде. килограмите нема да се вратат брзо затоа што ќе се навикниш да се храниш поздраво и помалку од порано. Јас не ја имам држано цела диета ама другарка ми имаше 106-107 кила ова лето и за 90 дена ослаби 25 кила и сега има вратено само 2-3. И плус си продолжи да јади само овошје на сабајле па упорноста и се исплати. Среќно!
После секоја завршена диета ако не се внимава и се продолжи со стариот начин на исхрана според мене има јо-јо ефект. Ама со оваа диета доколку ти ја држиш 3 месеци тоа ќе ти стане начин на исхрана, стил, начин кој ќе ти биде тешко да го смениш отпосле верувај, бидејќи пред се ова е само здрава храна нема мрснотии и се и сешто. Јас знам кога ја држев 2 месеци, после отидов на одмор и многу ни беше тешко да сменам. И секако по завршувањето не треба да се продолжи пак на истиот режим, можат да се мешаат намирници но тогаш треба да внимаваме на количината. Почниод денес, не вели ај од утре или ај од понеделник, нема да се покаеш! Среќно!
Најважното - изгубените килограми нема да се вратат НИКОГАШ! Проверено. Почни си ја стандард ун, турбото е пократка и поригорознс верзија протеински ден, скробен па овошен, па протеински па јагленохидратен па овошен итн значи секој трет овошен. Не се форсирсј, терај си ја стандсрд унот. Мое искуство, пред 5 години ја држев 90 дена диетата и нели оди 90 дена само овошен појадок. Еве 5 години има и појадувам секогаш само овошје. Изгубив 30 кила. Од тогаш родив уште две деца, качив труднички килограми (по 30 двата пати) и за кратко се враќав на старите 60. Јас практикував појадок овошје и кафе до пладне, не ссмо 2 јаболка на пример, туку колку шо сум гладна толку, денес 5 утре 1, некогаш и банани, некогаш и 5 врти овошја како салата или смути. Резултати имало, зборот ми е ако ти е тешко и се онесвестуваш со само две мандаринки до ручек подобро касни си уште нема штета, моето искуство покажа дека е така. Со лесно и со успех! Тука сум за поддршка, совет, рецепт, идеја за оброк
8/90 витамински ден Во ПМС сум и јадев една солена кифла неможам да издржам прегладнета сум А може ли да се направи замена на деновите? Утре да ми е скробен па протеински
Кој ме дружи од утре,ајде заедно да се мотивираме! Овој пат планирам сите 90дена да ги држам,а и убаво ќе ми дојде периодов,во време на слаткиши и слични слатки работи.
Три месеци трае и три месеци одржавање што значи појадок овошје, значи трае 6 месеци диетава за ефект да има!!
Деновите не треба да ги менуваш, ама чим си гладна појадувај поголема количина овошје. Сум практикувала и геврек на пладне со што леб за ручек не сум јадела, нормално е некои демовидаимаме поголем апетит за разлика од други, сум имала и два пати ричек некогаш, сум имала и десерт за ручек а макарони пример за вечера... битно е видот на храната да не се меша, а грешки па и да ги има неколку ништо страшно, си продолжуваш понатаму а резултатите нема да изостанат Е сега за сите кои ве читам коментирате леле 7 ден сум на диета и само некој грам изгубив, немојте, значи немојте да ја гледате вагата сега, овој режим е да го смени метаболизмот, па кој резултат сакате за 7 дена?? Процес е тоа, затоа и 6 месеци си трае, прво ќе приметите зголемена посета на тоалет, па ќе ви слизнуваат фармерките..итн, видни резултати може да имате вториот месец, па стагнација, може и ко мене на 7миот месец наеднаш да се стопите, и имајте на ум дека не може исто резултат да има некој со 100 и некој со 70 кила, дефинитивно. Најважно од се е да осетите вие сами позитивна промена и да се чувствувавте убаво, а ако сето ова ви е мачење барајте друг режим!
Здраво девојки. Еве ме и мене, 22 ден од ун. Веќе ми се здосади се едните исти оброци, на работа не можам многу да изводам. Оладено, суво, невкусно. Најлесно ми е на витамински кога сум на работа. Денес скробен ден, ориз со спанаќ е планот и краставица салата. Леб не јадам. Не се мерам на вага сега толку често, ќе се мерам по водениот ден. Инаку отприлика сум минус 5кг, ама многу во обем. Вагата знае да стагнира, ама фармерките си го кажуваат своето. Сфатете си го секој циклус од 4 дена како нов почеток, нова можност секој пат да сте се подобри и по добри, со помалку грешки од еден круг во друг. Јас така си се водам и успева.
Денес витамински-омилениот Појадок банана и една лажица мелени семиња. Имам киви и јаболка на репертоарот Мене воопшто не ми претставува мачење режимов-напротив,знам унапред што ќе јадам утредента наместо да седнам прегладнета и свашта да изпомешам. Па десерт,па грицки,па кока кола, па пици, тостови,прженици.. Аи ми се гади. Од недела во недела се' полесно и полесно се осеќам. Да,правам грешки имам кажано и претходно но не се притресувам толку за нив, сепак ова е долгорочно и го сфаќам како начин на живот а не како диета со која ќе изгубам 5 а за месец дена ќе качам 10кг. Вчера јх геврек јадев ама..и едно кебапче Вечера корнфлекс,2 атлантис и тоа. Малку-многу, за мој апетит таман Таман да не се опуштам сеа пред слави,имиња,празници.. Уште со вежбање да почнам и бонбона Успешно!
Луѓе, пак јас. Што би било кога наместо стандардната Ун-ја држам турбо ун до крајот? Ај се молат поискусните да ми одговорат, па и не толку искусните ако знаат Полесна ми е турбото..
@Nikolina L Се почнува на 46 или 75 ден. Протеински Скробен Овошен Протеински Јаглехидратен Овошен Протеински Скробен Овошен Протеински Јаглехидратен Овошен воден
Ја држам веќе 6 денови, само еден прекршок. -2ипол кг, со тоа што не планирам да се мерам често и за брзо, за 10тина дена пак. Стомакот спласнат, глад не осеќам воопшто и пијам многу вода. Првиот ден ми беше најтежок, со главоболка и раце тресење. Од вториот наваму веќе се прилагодувам и јадам се ко што е пропишано, па ќе видиме.