Јас еве веќе 9ти ден и скроз се навикнав. Не се вагам, не ми е битно колку сум и дали сум намалила само знам дека многу полесно се осеќам и поубаво. Стомакот ми е намален а исто и рацете и нозете по малку.. одма си забележав промени и сум задоволна иако имам направено 2-3 прекршоци ама нема гајле
Не се предавај , немора да значи дека немаш изгубено во обем, најмногу по тоа гледај.. јас не се замарам многу со вагата оти пијам многу вода .. најубаво да се мериш насабајле после одење во WC... aалиштата ќе кажат најмногу
Јас пред неколку дена исто се зачудив..бев 74 па после другиот ден ме кажа 75 а иначе и стомакот ми е слизнат и плус по фармерките одма осеќам дека не сум истата што бев. Ама како и да е ќе терам до крај без разлика колку кила ќе ослабам.
Добро јас приметив по алиштата да,во струкот сум намалено, па тоа панталони широки леле леле Ама стомакот ко уште ист да е, и вагата се инати..Ај не се вагам веќе само огледалото точно ќе ми покаже * со колку кг почна ти?
Тиквички овие малите зелените се неутрални може секој ден, а тиквата што е сега сезонската можеш во витамински
Зависи што внесуваш... Ако те боли по јадење земи пола лажичка содабикарбона со вода испиј ја, веднаш ќе помине. Денес ми е прв ден од овој режим, го почнав ради стомакот бидејќи ми е голем. Е ако ми е, инаку немам проблем јас со режимите на исхрана, само сум мотивационо настроена.
Ако завчера кога ви пишав бев 76, сабајлево 77 покажа После пола саат (читај после wc) 76.3 бев. Па амаан бе луѓе што изрод ќе бев? Сите слабеат јас се дебелеам изглеа Имам проблем со количината јас,ама нели да јадеме додека се заситиме.. А и не се прејадувам :/ ама и белиов леб..па една кришка е де :/
Јас мислам дека ако јадиме дури да се заситиме како што сме си бевме навикнати џабе ни е и диетава и се.. јас јадам многу помалку од порано и пијам многу вода. И да осетам глад прво пијам вода па после ако не престани гладот ќе јадам.. и леб не јадам ич.. денес јадов едно јаболко на школо во 9, после за ручек во 15 јадов кори (некои ги викат јуфки) и кај 18:30 јадов три мали колачиња и ред чоколадо за готвење. Од тогаш се изнапив вода до сега и сега рает си легнав в кревет. Иначе јас не се вагам..рано ми е бе, 11ти ден ми е не ќњ очекувам којзнај што.. поарно ми е вака. И бај д веј почнав и да си вежбам дома од ко ќе си дојдам од школо па ај да видиме.
@Nikolina L Не сакам никако да ја прекинам ама па премногу се разочарав..Некои до сега 10 кг ќе ослабнеа за 53 дена а јас 3 Се мислам само салата навечер да јадам ама не знам дали ќе издржам :/
Несолени пуканки можеш да јадеш за вечера во ЈХ ден плус ред црно чоколадо. Не треба да ги мешаш со ништо друго. Со оглед на тоа какви убавини има за вечера во ЈХ, јас би избрала нешто друго Кашкавалот е протеин, како и месото, а тоа не смее во ЈХ. Пицата треба да биде веганска, значи можеш да ставиш доматно пире, печурки, авокадо, пиперки, домати, маслинки, сусам и слични неутрални намирници. Престани постојано да се мериш! Ја прочитав само последнава страница од темава а ти веќе си се измерила трипати во 24 часа Знам дека е фрустрирачки и сите сакаме да ослабеме побрзо, но воздржи се од секојдневното мерење и мери се најмногу еднаш во две недели (ако можеш уште поретко - уште подобро ). Килограмите не се намалуваат апсолутно постепено, па може да стагнираш 10 дена, па да изгубиш два килограми во еден ден. Заборави на вагата, на сите главната цел ни е да ослабеме, но речи си водам здрав начин на живот, му помагам на телото, порано сум јадела триста глупости, а сега внимавам на исхраната, не чувствувам грижа на совест затоа што минатата вечер сум изела мрсен хамбургер, па сабајлево ми е тешко, внесувам повеќе свежа храна со витамини, се чувствувам полесно, имам повеќе енергија и ќе биде подобро! Факт е дека сега се храниме мнооогу поздраво од претходно, а резултатите - кај некој побрзо, кај некој побавно - ќе си дојдат. Не знам колку си висока и колку треба да намалиш, но не се споредувај со некои што почнале со 100 кг и за три месеци изгубиле 30. Кога почнуваш со помала тежина побавно се слабее, но пак се слабее Ако сакаш да направиш некои мали промени за да го убрзаш процесот не јади бел леб со ручекот, туку црн или Тонус, јади многу салата со ручекот и вечерата, не пиј вода за време на јадење или веднаш по јадење, вечерај најкасно до 21 часот и почни да вежбаш. Не мислам дека треба да јадеш само салата за вечера затоа што така не велат правилата на УН, а и така ќе бидеш погладна, па поверојатно е да посегнеш по нешто друго, забрането Со среќа и да читам убави постови од тебе во иднина!
@Oxymoron Хахаха па не беше баш 3 пати во 24 часа, но не ми се веруваше дека не намалувам и непријатно се изненадив минатата недела па сакав да проверам да не е вагата грешка Да, баш така и го сфатив режимов- како начин на здрав живот, и на секоја моја грешка ќе се трудам да ја надокнадам во наредниот циклус што следува, за да има резултати де А покрај гости ова она, што и да се спрема јас морам да го пробам Е тука најмногу се зезнувам, не пазејќи.. Размислував и наново да ја почнам од прв ден, и да не забегувам надвор од правилата но нема потреба Не ќе се тепам за -кг кога свесно си грешам.Тонус лебот е одличен избор-да, ќе почнам да го купувам Со него всушност и ги намалив тие 3кг, и тоа во првите 10дена, па после се опуштив. Како и да е, ветувам само убави постови од мене во иднина