NUTRICIONIST јас и ти заедно ја запоцнавме диетата па кажи дали се имаш вагано и дали имасш резултати
12 ден само -1 малце се разочарав а незнам зошто само толку а ја дрзам построго од правилото нели за ручек можеш да јадеш 1 парче леб,а јас јадам без леб и нели за вечера јадеш пола од ручеко со салата ,а јас јадам само салата и пак немам некој големи резултати
sanja-bt прочитав пред некое време во предходните постови дека кај оваа диета првите две недели нема некој голем резултат во однос на изгубените килограми па се дури се навикне организмот на ваквиот режим на исхрана... а исто оваа диета е малце потешка и несоодветна за оние кои сакаат да ослабат 5-6 кг . има поголем ефект кај личности со 10+ кг... се надевам дека ти помогнав.. иначе и јас во моментов ја држам диетава
Sa4y ти благодарам на одговорот ај се недевам дека после првите 2 недели ке има некој поголем ефект,а иначе ти колку време ја држиш диетата и колку си ослабена?поздрав
Не,се немам вагано ќе се вагам утре на протеинскиот ден веднаш штом станам,а за резултати женска ми не ја бев видувал 5 ден ми рече дека малку и изгледам ослабне во лице за некоја нијанса така да се надевам на изгубени 2-3 кг!Ти не се разочарувај,ако си со вишок над 10 кг ќе ти оди брзо но ако си со малце вишок споро ќе ти биде,али шо поспоро подобро оти нема брзо да ги вратиш килограмите! јас се надевам барем на - 15 таман рамномерно со височината! позз
па да сум со вишок над 10 имам 71 точно баш 10 сум вишок,а некако овај овошен ден ми е најтежок па дали мислиш ако јадам цвекло ке ја утнам диетата или не
Овој ден е најлесен бе како можи да биде тешок,слушај за доручек јади 2 мали или 1 голема банана така насечкај си ја,потоа 2 часа не јади и изеди пак 2 јаболка после 1 час пак си јади немора доручек ручек вечера цел ден кога сакаш си јади овошје а може и цвекло али сигурно мислиш тоа од тегла,овој ден имам читано дека е прочистителен ден да се ослободи организмот од сите соли и штетни материи примени преку претходните 3 дена! па пробај со овошје јади киви портокали мандарини јаболку наутро банани па купи си ананас целиот изеди го ништо не штети! а ако сакаш зеленчук направи си некој салата али псоле тоа овошје несмееш!За да се воздржиш јас ќе ти кажам еден трик шо ми го има кажано братучед ми од берово дека кога осетиш гадење во уста жабуркај течност колгејт од ментол и веднаш и апетит се намалува и гадоста поминува па нема да ти се јаде.За тоа ја имам прашано и баба ми вели точно е пеперминтот го намалува апетитот па затоа листови од пеперминт се ставаат и во чорби за да влијае јадачот да не изеде многу!(така прават по рестораните тоа им е финта ) поздрав и пробај воздржи се! овој ден би требало да е најстрог!
Ајде денес скробен ден.. Појадокот стандард - мандариниииии (омилени ми се, после лубеница секако ) Сега ќе спремам ручек...ќе биде ориз во тавче со зеленчук и салата. Имам дома едно најубаво гравче со печени пиперки ама неможам тоа да јадам . Многу ми е криво што гравчето ми прави проблеми со желудникот. Значи ручекот ке биде најдоцна до 3.30, па околу 5 вежбање, и вечерата ако ми се јаде околу 8 затоа што вечер ке излезам па ќе има простор храната да се вари. инаку нутриционист....орбитрекот е одличен за кардио вежби. ако се употребува редовно има резултати и те како, али ја што сум мрза тоа е друго
оуууф ти си лубеничарка како мене ми се чини летно време можам цела да ја голтнам!Инаку јас на топшоп видов некаков појас за стомак изработен од специјален материјал што поттикнува потење и природна елиминација на салото па се чудам сеа дали да убедам некој да ми го зеде за роденден!(веднаш после роденденот ми се паѓа воден ден како ќе издржам со сетоа тоа останато јадење незнам).Само чекам лето да дојде па можда ќе киднам до берово за едно 2-3 недели велат убав бил пределот за трчање! позз
Лелеее џабе фрлање пари е тој појасот. Ако си по трчањето, ќе си трчкаш и ете ти резултати и без појас, нели ќе се облечеш повеќе за да се испотиш. Али па и да ти го купат не е на одмет Дома имам такви 300 чуда...relax & tone, некое специјално одело за топење, сауни и бла бла чуда....ништо не е подобро од патент на уста и физички напор и правилни вежби....ама ај сеа мотивација иначе ручкав и сеа ќе барам да симнам некоја песна за додека вежбам
Mene ova dieta mi ja kaza tetka mi ona oslabna 10-15 kg , no jas pocnav so edna druga dieta .Dietava mi ja kaza brat mi .Brat mi oslabna 20 kila za 2 meseci i zatoa se odluziv i jas da ja probam.Dietata ne e ich komplicirana .....jadesh normalno dorucek , rucek ,blago ,smoki,sok, sve do 5 saat no ne da preterash ,poslem 5 saat smeesh samo ovoshje na pr. 1 mandarina,1 banana ,1 jabolka .Dietava ja pocnav na 16.1.2012 i do vcera simnav 600 grama ,mislam deka e dovolno za pocetok .... Imali nekoj drug koj ja pravel dietava ?....ako ima da mi kaze kolku oslabnal ! ?
Како само до 15 часот?Оваа да не ја имаш смешано со друга диета..Хмм Плус само благо можеш да јадеш во Јагленохидратниот ден
fala NUTRICIONIST али колку и да јадам овошје не можам да издржам а од поручек ако може да се јаде салата тогаш супер сигурно салатата нема да штети не е калорична сепак е зеленчук. поздрав
Јас од денеска повторно ја почнувам диетата, не ми се чека повторно 3 месеци за да ја почнам, минатиот пат за 3 месеци изгубив само 6 кг, незнам, можеби јас грешев негде.. овој пат сакам да ги споделувам моите искуства со вас можеби ке му помогнат на некој или на самата себеси. едно мое неразјаснето прашање е, дали на пример, денеска ако имам за ручек 3 јајца и зелка салата, треба да ја јадам прво салатата па потоа јајцата или може да се мешаат најизменично?
3 месеци а изгуби 6 кг па тоа и без никаква диета можеш да го постигнеш све да јадеш за ручек само навечер салата и да не пиеш газирани сокови и ке ги изгубиш тие 6кг за толку долго.јас можеби сум како тебе еве 2 недели само 1кг имам изгубено сега ке видам како ке биде уште 2 недели и ако нема поголеми резултати одма ја прекинвам диетата и ке си држам моја измислена диета па барем нема да гладувам ке јадам се само навечер нема да јадам и то е то,а иначе за салатата и јајцата јас мислам дека можеш да ги јадеш како сакаш сто има врска кое прво кога ти едно по друго ке јадеш то пак се меша ти не јадеш салата за да се заситиш па помалце да изедеш од ручекот туку ти и така пак ке изедеш 3 јајца а не помалку зато мислам нема врска тоа
Леелеее колку сум среќен 13 ден ми е наутро се мерев од 99кг и 300 г бев утрово коа виснав има што да видам 94 кг и 700 грама па тоа се неверојатни 4 кг и 600 гр минус лелееее сеа цел ден ми се усреќи цимерите прашуваат шо ечиш бе е како да не ечам хахаха ај се надевам дека ќе продолжи така денес протеински ден доручек 2 јаболки, ручек можеби пилешко и салата и супа или 3 јајца испржени без масло на тефтелиска тава(мислам дека така се вика хаха).Многу сум среќен и еве ви 1 поздрав од мене http://www.youtube.com/verify_age?next_ ... 6ob%3Dav2e
Се мешаат зеленчукот и продуктите за ручек, и тоа најубаво, со секое залче приготвена храна 3-4 залчиња салата. Најмногу помга при слабеење ако при оброкот имаш овал салата само за тебе и да се концентрираш на салатата како да е главно јадење, а приготвената храна прилог. Можеби првиот пат си симнала само 6 кг затоа што имаш помалку вишок, не си јадела салати, т.е свежа храна, не си пиела доволно вода....итн. Во текот на овој циклус од диетата јади повеќе манџички, експериментирај со нови вкусови и отфрли го лебот целосно (иако пишува дека по едно парче леб може) Инаку бравоооооооооооооо нутриционист....за 13 дена скоро 5 кг.....поцекај да видиш после 20 тиот ден како наеднаш ќе ослабеш..(ќе ти изгледа како да си се издишал хахах) ако продолжиш вака, 100% за 2 месеци губиш најмалку 15 кг
лелеле милјкович и мелание и на другите фала ви за подршката, се надевам дека за 2 месеци толку ќе ослабам мислам толку ми и треба.Вие како напредувате?