Супер, фала ти многу, баш ме израдува Никако не би можела цел ден овошје да јадам, многу киселини имам од него.
Ах ги обожавам овошниве, нема шанси да ги згрешам, дури со душа го чекам да дојде следниот Протеински 9/90 Д: Чаша вода со лимон и 2 мали мандарини Р: 2 пилешки батаци, мешана салата, супа и парче нутри леб В: 1 батак и салата Е сеа вака, кога сум од сабајле на работа доручекот ми е најчесто во 10 а ручекот во 3, кога сум втора смена доручкувам во 11:30-12, ручам во 2 а вечерам во 7. Грешка ли е толку мало растојание доручек-ручек? @LadyinBlack21 help
Кога како, гледам да избегнувам, почнав дома само нес со топла вода, ама у кафич знам да се напијам макијато, шеќер не користам. Искрено па не сметам дека едно лажиче млеко дека ќе ме здебели или дека е страшен грев, гледам да е што поретко. 9/90 Доручек: 2 јаболка Ручек: 2 јајца, парче сирење, зелка салата, варен морков и бистра супа За вечера планирам мимоза салата.
Во никој случај, некогаш ептен малку за живели по повод. Јас сум љубител на винце ама ете се воздржувам, навечер ми е многу шубе кога ќе седнам некаде и пијам чај или кафе, ама алкохолот дебелее и како во секоја диета е забранет.
Ајде девојки посакајте ми среќа после првиот неуспешен обид со вас денес пак од почеток. Моцарела за ручек со печурки и брокула денес, за вечера истото ќе е само пола. Среќно на сите
Што мислите за банана вечера во јх ден? Мислам дека е поздраво а и повеќе ме најадува од торта/колач.
Водениот ден воопшто не е тежок, се е во психата на човекот. Се издржува, дури и полесно од витамински ден. Воден ден 3л вода, 2 чаја од нане (дава ситост и не ти се јаде), 2 кафиња, и денот заминал. p.s. Пуканките се во јагленохидратен ден - несолени за вечера, и чоколадо 75/- 4коцки.
Тука имаш грешка, не треба сирење со јајца не... со сирење- фета / урда-здравје радово ( несолено многу - значи овие) , оди јогурт 200мл и 1 парче црн леб и салата по избор, вечерата пола без леб и јогурт. Кога имаш јајца, стек, печена риба,туна, соини шницли оди супа и салата . Само со сирење / урда оди јогурт и салата.
Грешка е така...подобро јади, пола од ручекот и чоколадо 75/. Пиј 2 до 3л вода, чај (од нане и зелен чај- 2), кафе 2/3 и нема да чуствуваш глад многу, За вечера во јх ден можеш: сутлијаш ,еклери,медено срце 2 коцки, посна торта со јаболки 2 коцки итн... и чоколадо 75/. Подобро е понекалорично благо во јх ден- посен колач 2 коцки, отколку 1 парче торта со филови...Сепак си на диета. Колачот со јаболки, колач со кокос, медено срце доста заситуваат, а можеш да јадеш 2 коцки.
Имаш грешки...не треба сирење.. Значи: Ручек - 2 полнети пиперки со месо (од 1 вид на месо со неутрални намирници- со печурки, маслинки, домати, пиперка итн)- без орис- скроб, 1 парче црн леб, супа- 200мл посна коцка за супа и салата по избор. Лебот не е задолжителен, во протеински и скробен ден, ако сакаш, но супата е задолжитена во протеински ден, и оди само со туна, риба, стек, соини шницли, а со сирење /урда оди јогурт. Вечера: 1 полнета пиперка и салата, без леб и супа. ( пола од ручекот)
10/90 Д: Вода со лимон и банана Р:Ориз со зеленчук и салата од зелка,морков и цвекло В:Исто од ручекот Јас па не верувам во ова за алкохолот И си пијам. Да не се разбереме погрешно, пијам еднаш до двапати неделно и тоа само црно вино. Две,три чаши.. Зависи од пригодата И плус црното виното е здраво и треба дури секој ден да се пие! Ако вие неможете остајте ми го мене