Од понеделник планирам да стартувам и јас..Малку страв ме фаќа, незнам дали ке издржам..Ама ќе пробам.
@Apina На првата страница пишува, може да се меша јајца и сирење (месото со ништо не се меша!) но, во тој случај му се преполовува количината,така да воопшто не е грешка. @Troi Еве зошто баш темно чоколадо.
Ок се извинувам,јас кога ја имав следено летото не мешав два протеина, така имам прочитано. Сепак ако правилата тука се такви, така треба да ги почитуваме.
Веќе некое време читам за диетава, следам и тука дека се споделуваат добри резултати, но се уште се мислам дали да ја почнам поради начинот што цел ден сум ограничена на еден вид храна. Плус и од табелава имам една дилема. Ако 100 грама ориз содржи 80 грама јаглехидрати зошто треба да се консумира во скробен ден?
Денеска ја почнав диетата. За доручек изедов 2 јаболки, после за ручек планирам 3 варени јајца и сирење. Се надевам на добри резултати.
Здраво девојки, дојде време и јас да ви се придружам. Денес за појадок земав 2 јаболки, за ручек ќе јадам пилешко филе со зелка салата и супа и за вечера пола од филето и секако после јаболките испив две шољи зелен чај со лимон без шеќер. И сега сакам да прашам дали можам нешто за ужина да јадам бидејќи ми е прв ден и некако чувствувам глад
@ergoproxy Може секој ден маслинки. 14/90 Д: 4 суви смокви Р: Тавче гравче поооолна чинија, салата зелка и цвекло и парче нутри леб В: Ако бидам гладна, пола од ручек ако не салата Пред 15мин ручав така да тешко дека ќе вечерам.Или да не биде и тоа грешка,ај ќе си каснам
Здраво девојки читав од претходните постови дека постоела некоја книга поврзана со диета, дали постои некој линк каде може да се процита подетално, бидејќи најголем дел од објавените линкови претходно се неактивни. И ме интересира дали лебот е задолжителен во ручекот во протеинскиот и скробниот ден. Поздрав
Скробен ден леќа, боранија, грав, грашок, пченка,орис, компири,костени, леблеблија се ова е скроб. Секое се јаде посебно, не се меша ( скроб+скорб) , можеш само со неутрални намирници да додадеш, плус салата јадеш, и 1 парче црн леб (но не е задолжителен лебот, можеш и без леб), вечера е пола од ручек, без леб. Некои ги мешаат, но потоа немаат добри резултати, затоа без грешки.
Не е задолжителен , лебот ако сакаш, можеш и без и во протеински. и за скробен ден, истото важи. Задолжителена е супата во протеински ден, и темно чоколадо 4коцки во јх ден .
Појадокот треба да биде свеж , и да се две исти овошки, или една банана, а сувите смокви за витамински ден подобро .
19/90 две портокали ручек една помала чинија тарана и зелка салата потоа излеговме до маж ми леле и јадев две парчиња веге пица вечера пак еден еклер еден ред милка и еден ред црно чоко денес утнав но што е тука е продолжувам понатаму решена сум да ја држам до крај