Јасен ми е концептот на диетата и намирниците само како тоа оризот кој и билдерите го користат за јаглехидрати не е во денот за јаглехидрати пс. Почнувам од утре
Почнувам да ве дружам и јас од утре. Не мислев дека некогаш ќе почнам со посебен режим на исхрана бидејки сум преемногу тврдоглава и губам интерес ако треба стрикно да се придружувам по некои правила, али сега морам.Гледајќи една моја школска како наеднаш ослаби со помош на ун, си реков па зошто да не и јас. Епа, со среќа нека ни е на сите, ќе ви пишувам редовно за напредокот кој се надевам дека ќе го има.Паралелно почнувам овој месец на фитнес, па мора нешто да бидне овој пат, редно е.
Ја започнувам диетата во вторник (ако е се по план ) но не сакам да ослабнам повеќе од 5кг по важно ми е да го доведам организмот во ред и да не претерувам со јадење. Да ве прашам дали може да се јадат бадеми секој ден кога си гладен бидејќи јас ќе сум постојано гладна а мислам дека неможам меѓу ручек и вечера да вметнам овошје или навечер
Успешно поминат и денешниов ден. 6/90 компир денес јадев, поточно пире со маслинки и марула салатка и една лажица пинџур. За вечера дури и помалце од пола јадев, не бев гладна. Не се мерам сега едно 10тина дена па ќе видиме можда ќе и недостигам на вагата па ќе ме награди со - некое килце
Не бадеми до 100 гр, само во витамински ден, несолени и непечени, а меѓу оброци нема јадење, само кафе, чај и вода, Во витамински ден, можеш наместо бадеми пр: лешници, ореви. кикирики исто несолени и непечени, сончоглед исто така несолен и непечен, битно да се, до 100 гр.
Не, масло 1 лаж. е дозволено од големите, или три, од мали лажици, Компирот подобро варен, како манаџа, или пире. За печен на мрсна хартија подобро, отколку путер.
Пак грешка, кифли за вечера и неколку смоки. Ооооо стрвлааа а шо убаво гравче имаввв @samovila.red. Доручек - сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошјаили еден грст суво овошје. Од каде тоа дека мора да е свеж Немав ништо свежо во моментот..
Мед само во јх ден за вечера , со благо нешто што јадеш, не знам што мислиш, во витамински не е дозволено. Пр: 6 чајни колачи со мед и плус темно чоколадо 75/ 4 коцки. Инаку постојат некои од здравствени причини го користат медот, секој ден или на два, тогаш е ок, онака не е дозволено во ун секој ден..
Така треба според ун , но можеш и еден грст суво овошје, не често еднаш месечно .Сега јади: јаболкa заситуваат доста , портокали, мандарини, киви . Cyво овошје за витамински ден подобро: една рака брусница, суво грозје, 3 смокви, 5 урми плус јаткастите плодови до 100 гр. Сувото овошје да не е кандирано тоа содржи шекер, ќе прочиташ на пакувањето .
14/90 Доручек: 2 портокала Ручек: Грашок со салата плус 3 голтки узо Вечера: Пола од ручекот без салата (едвај и тоа го изедов) 15/90 Доручек: 3 мали киви Ручек: Интегрални макарони со доматен сос, печурки и маслинки ( едвај чекам да ги јадам ) Вечера: чоколадо за готвење и уште немам инспирација или ќе биде пола од макароните или некое благо. Се држам добро, едвај чекам да помине месец за да застанам на вагата.
Гледав еден рецепт "крокети од пченкарно брашно". Јх ден ми е, да ги направам? Или пак грешка ќе биде? @mimiiiii Браво, колку си ти послушнаааа! Јас дури се мислев да не пишувам оти се зачестив со "Јас грешев" мислев демотивирам Ама не, се мотивирам со вас! Ќе се опоравам дечки, ај промис
Ќути не ме подрекувај Не верувам дека некој не греши, луѓе сме де и не сме на диета оти сме биле со многу јака воља претходно. Крокетите ваљда се пржат не знам дали смее.
Да да, пржени се. Ќе си сварам макарони, со сенф и малку посен мајонез нискокалоричен и кечап и маслинки и оригано и се
Не можам да редакитирам, да прашам дали јадете палачинка за вечера во јх, гледам дека многу јадат ама некако не ми е диетално?