Појадок два портокала, ручек четири мали компири варени без сол, салата, вечера два компира и салата И девојки сакав да ве прашам дали може да се пие сок? И направив мал прекршок си лапнав една коцка чоколадоо и кога требаше да ја лапнам и втората ми текна дека сум на диета и ја оставив
Вo скрoбниoт ден oризoт мoрa ли дa е интегрaлен и тестенините вo јх ден дaли мoрa дa се интегрaлни или мoже и oбични?
Тестенините битно е да се без јајца, ке прочиташ во составот ручекот да е посен треба , за вечерата не, во јх ден .Додека за оризот е во ред, можеш и обичен и интегрален личен избор .
Палачинките 2/3 доволно се во јх ден, но подобро е нешто посно во јх, сепак си на диета при толку избор на благо, не мора многу калорично...Можеш посна торта, кокос торта, медено срце, чајни колачи... можеш да изедеш 2/3 парчиња Сенфот е неутрален, но без претерување...може секој ден, освен во витаминскиот ден
Јас од утре почнувам со диетава планирам за ручек да јадам варени јајца, за вечера потоа треба 1 да изедам или како? И дали може меѓу ручек и вечера да јадам нешто на пр бадеми или некое овошје? Бидејќи голема ми е паузата меѓу ручек и вечера
Не...диетава нема меѓу оброци, кафе,чај (незасладени).вода само . Појадокот е две исти овошки пр: 2 јаболки . Ручек: 2/3 варени јајца,1 парче црн леб. салата повеќе по избор свежа... и супа (посна коцка за супа-yumis, ја сечеш коцката на пола - ја вариш во врела вода 3/5 мин, ја сипуваш во шоља за чај 200/250мл, ја пиеш после јадењето.) Супата е задолжителна. Можеш и 5 маслинки несoлени и печурки да јадеш, неутрални се. Вечерата е 1/2 јајца и салата, бел супа и леб. Ако јадеш две јајца за ручек, за вечера едно, или ако јадеш три за ручек, за вечера две. Дозволени се пет јајца во протеински ден, но можеш и три доволно.Лебот не е задолжителен, ако сакаш во протеински и скробен ден. Битно растојанието на часот 4часа запазено во протеински ден, и другите денови . Треба добра организација на време, пр :11-15-19 или 10-14-18, сепак да е до 20:00h сепак тоа твој избор.
Овошен,јессс Душава не ми даца на овошен да згрешам и многу сум си горда на тоа,омилен ми еее! Вчера ви кажав дека бев на слава, да не зборувам за храната, ок? Денес со ужасна стомачна болка се разбудив, епа нека ми, е за ум ! Кафето почнав несвесно да го пијам со шеќер, за несот зборам и вчера коа се свестив..Фрлам несот,само турско од сега. Една банана и две мандарини до сега, немам апетит воопшто.
И мене денес ми е овошен... Ама за чудо некое бе, најлесно го издржувам овошниов ден.... Едноставно, уживам во него
Мене денес ми е 6/90 скробен ден и мојот најнеомилен ден. Поима немам што да јадам, ништо не ми изгледа вкусно. А за кафето грешник сум, уште не можам да го пијам без шеќер
@mimiiiii палачинки, со крем,мармалад... Торти, сладолед, тулумби,еклери, чоколади... Све ти е диетално во оваа диета немај гајле @Troi охоо избор имаш.. ориз,компир,грав, грашак, леќа, пченка, боранија, бамија, брокули...микс од овие ( јас миксам) Мене утре ми е скробен Од денес сум пак и јас во ваше друштво Ќе ве пратам и карам А кафе со шеќер и млеко пута три четири пати на ден - секој ден чим јас практикувам, слободно смејТ
16/90 И мене денес ми е овошен. Доручек 2 мандарини Ручек 2 банани 1 круша 1 киви 1 јаболко и 100 гр бадеми Вечера салата марула со краставица. До вечер ако ми се јаде до 8 уште една салатка и то би било то.
Епа диеталки јас денешниов ден го утнав скроз требаше да биде овошен 8/90 и добро започнав сабајлечки со две мандарини ама од ручекот испадна протеински месо со јадев со праз, и сега не сум гладна незнам шо да правам дали да си апнам нешто за вечера или ништо!? А и утре пак протеински така? Фатална грешка знам ама нема назат Ама па да се пофалам од денес и физкчка активност, пола саат на лента за трчање за почеток мислам доволно е
Да прашам, зачин со вкус на пилешко дали може во Јх ден за со нудлс, си мислам јас дека не може ама од друга страна си велам тоа е само зачин, нема пилешко во него, со мирис е само
-1.5 kg со тие мои грешки, јухуу Каква мотивацијааа Имав апетит од ручекот наваму, банана,мандарина,јаболко, 3 суви смокви,кокос и непечен сончоглед како салата, мм И уште една банана и 20гр непечени кикиритки за вечера беше, не се ограничив на 2 банани, 3 беа
Аpina Продолжуваш понатаму,протеински ден , деновите не се прескокнуваат, ниту оброците.Вечерата кога не можеш од ручекот, тогаш само салата јади малку, само не прескокнувај оброк Сега во протеински подобро јади јајца, бидејќи јадеше месо , да не биде исто .