Да да јадам протеинскиот ден например денес: доручек:2 јаболки ручек(сеа само шо јадев)-Пилешко со сос од габи(во него има 1 лажица брашно па затоа не јадев леб и кромид имаше беше подпржено на масло и вода) и зелка салата една чинија и на крај од тие коцките за супа пилешка сркнав една мала чинија вечера:1 парче стек со зелка салата! се надевам дека нема грешка!
здраво дечки јас од влера почнав со турбо ун. тој е дозволен за тие што ја држат диетата по втор пат и се почнува на 17 ден а мене тој вчера ми беше. турбо ун иде вака протеински, јаглехидратен, витамински. па протеински, скробен, витамински итн се се повторува. денес дор две јаболки зљ ручек некоја паста ќе биде со сос од домати. пишете дљли некој има искуства со турбо ун би ви била благодарна љко спиделите некој совет. поздравче
Е мене денес ми е овошен, и до сега имам изедено 2банани и 4лимуни нив ги исцедив(секое сабајле пијам заради целулитот) и тоа е тоа, сега сум на фитнес па знам дека од кога ќе дојдам ништо нема да ми се става во уста и толку за денес од утре здравје од новоо, со нови сили
Не ја знам таа турбо Ун а и не би ја држел повеќе практикувам редовната така со турбото нз некак ми изгледа како за послаби :/.Инаку повеќе од 1 лимон не се практикува дневно бидејќи тоа е дупло од дневната доза на Ц витамин! немојте редовно лимони може да се предозирате со овој витамин и да настанат проблеми! за ваше добро е позз!
Денес ми е јаглехидратен ден за појадок изедов две јаболка,за ручек 1 тањир кори,сега мислам да каснам салата и после кај 7 ипол нешто благичко...мммм
денеска за појадок имав: 2 мандарини за ручек: 3 јајца и зелка салата за вечера: 1,5 јајце и зелка салата Само што вечерав, појадок ми е во 8 ручек 13 и вечера 17 часот После тоа не јадам ништо, се чуствувам презаситена, а денеска мајка ми спремила моите омилени јадења , благичко уф уф, јуначко срце издржа не ја прекршив диетата а утре ке треба да правеме торта, на мајка и е роденден и уште денеска испланирав ке си го оставам мојот дел за Јагленохидратниот ден Утре планирам здравје да си сварам компир и некоја маслинка, немам време да спремам друго јадење бидејки ке бидам на работа, тоа ми е најбза опција.
Ммм убаво а како мислиш кори?:О лиснати ли теста?овој ден на мене ми е нај пекол едвај го издржувам неможам да се контролирам колку да изедам ако сум изел 1 тањир тестенини мора уште пола да апнам а за вечера исто едвај ако поминам со 2 поп кејкови и црно чоколадо! по слаткото за јагоди рипнувам али сега иам нов трик ќе јадам црна чоколада и по 1 тегла компот(иако има шеќер во него пак има и овошје)
Кори се еден вид на тестенини.Незнам како ги викате кај вас ама кај нас така се викаат (еден вид на лентички од тесто така идаат)слични како макарони и шпагети Мене ми е супер овој ден вечерва не изедов многу благо само пола црно чоколадо,ни торти н и ништо и се чуствувам заситена
Малку доцнам овие денови не бев нешто многу активна во секој случај едно големо БРАВО за тебе Нутриционист се надевам со истото темпо ќе продолжиш со диетава и сега за сега можам слободно да кажам репер си ни на сите нас во врска со држењево на диетава... Голема поздрав и keep it going
Хахаха фала фала :Р се надевам дека сите ќе бидеме истрајни, а јас секако продолжувам денес 14 ден скробен ден доручек 2 портокали за ручек ориз ќе јадам и за вечера исто ориз со цвекло салата.ти како напредуваш?? позз
Најубав е овошниот! највеќе се издржува зашто знаеш дека мора само овошје а не чоколади или тестенини да се прејадеш! keep going..!
овошен ден тудеј.. до сега само мандаринки и кафе. денес на мени само мандаринки киви и јаболки. мислам дека ке издржам. нутриционист...блазеси ти што ова ти е најлесен ден мене ми е скробниот затоа што обожавам компири и грашок и манџички. ако ме фати криза ќе се апдејтувам после
Си го направив профилот на форумов само поради оваа тема фала ви, ми давате инспирација да си ја истерам диетата како што е редот втор ден ми е, од втор циклус ( може и трет циклус да се каже, ама по првиот пат правев една глупава пауза од 2-3 дена си се почастив пицичка, блачко, за џабе... ама ајде сега нема! ) и така денес оризче мхм мхм моето омилено и цвекло ... охоо па ова не е диета бре, ова е живот имам едно 6-7 кг. за слабеење ама не ми се брза па и си вежбам по 3-4 пати во неделата... охх само да не ми дојде преку глава еден ден
Јееј денес благичко и тестенини Задутре ќе се мерам,а осеќам веќе дека имам симнато до 2кг а,може и неколку грама Него,луѓе да ве прашам ќе го држите ли водниот ден? Јас кога ја држев првиот пат сите водни денови ги држев и да ви кажам искрено,дека ПОДОБРИ МИ СЕ ОД ОВОШНИОТ ДЕН! Смешно и чудно,ама стварно ми беше така,и најсмешно од се што ми беше е дека неможев да заспијам тие денови,дека ништо не јадев нели и толку имав енергија за чудо што ми идеше да трчам низ градов Овошниот во врска со водниот ден ми е многу тежок,затоа што во овошниот се залажувам со некакво јадење и ми се јаде повеќе...а водниот знам уште од самиот почетокот на денот дека ништо нема да јадам,и само вода пијам и мнооогу подобро го поминувам тој него овошниот
Оуу па ти го јадеш истото што и јас :Р за ручек еден гооооолем тањир си ставив ориз во него има подпржен кромид малце лук и златна мешавина црвен пипер и зачини и потоа подпечен со вода леле слатко псолатко па и плус цвеклото е сеа малку повеќе изедов онака од најмалите плехчиња половина отиде у мојот тањир али ништо ќе се контролирам по натаки! поздрав и продолжи ова е најомилената храна за скробниот ден!
Да да во право си така се залажувам и јас во јаглехидратниот ден -.-! јас едвај чекам да ми дојде водниот ден да видам какво е ова чудо цел ден на вода! инаку нов трик шо баба ми ми го има кажано..Во присуство на ручек запалете свеќа од ванила, јас прашувам зашто она ми вели -*Ти молчи и да ти кажам одошто те интересира ќе заборавиш* е ај сеа де шо да се прај жената е 82 години али уште е многу разумна и подвижна! е сега незнам дали пали тоа, али со ванила свеќа коа јадам ќе пробам валјда мислам дека влијае исто како пеперминтот да се намали апетитот!
Тебе кој ден ти е?? имаш ли резултати?? во првите коментари кога прочиутав дека си намалила накај 20 кг ми беше идол па поради твојата мотивација почнав!