@christinnn Било какви, само да не се пржени. Уствари зошто не може пржени бе луѓе? Еднаш месечно пример.. Па после диета коа ќе му се нафрлиме пак на помфритот што ќе биде?Некој баланс не треба да има?
Ми помина времето за редактирање, ама чек уште ова да ве прашам. Соја или пилешки крилца што да јадам? Соја има некој во протеински јадено? Наназад читав стари постови и во скробен ја јаделе ама сумљиво мине,мислам дека е богата со протеини Да си испланирам ручек со време, соини шницли со сенф печени само на мрсна хартија или мрсни пилешки крилца ?
Јади месо,сојата не е уствари ништо посебно за да биде сместена во протеински ден Јас денеска омлет со печурки и јајца планирам,и салата. Гледам темава е активна,па ако не ви е тешко сликајте ги оброците и ставајте слики во другата тема за ун рецепти,да си даваме идеи
Фалаа, ќе си знам за друг пат.Денес се најадов гравче од вчера останато.Не можев да чекам да се испечат прегладна бев.
@Viktorijaaa5 Јас сликав,сликав,,и заборавив за што ми се сликите и ги делитнав Ај од денеска ќе почнам да ставам. Сакам да намалам на месо, вегетаријанец планирам да станувам( ) па затоа соја. Битно не е во скроб така? Читав на неа пишуваше здрава замена на месото, значи протеини има. @only44you Може златна, но во протеински само.
Што знам нека кажат поискусните ама јас знам дека соја не е препорачливо. Ако сакаш да стануваш вегетарјанец јади печурки,јајца,млечни производи Си правам домашно црно лебче
Добар ден диеталки, Долго ве пратам и од денес ви се придружувам, (претходно ја држев диетата на жан митрев ослабев 15 кг. но вратив 20кг.) прв ден: Протеински ден појадок ми беа две јаболки и кафе без шекер. за ручек две јајца салата и бистра супа, вечера едно јајце и салата дали е во ред. ве молам дали може малку поддршка и сакам да пишете за колку време колку намаливте. јас почнувам со премногу килажа после породување а тоа е вкупно 104. сега ке видиме како ќе оди симнувањето. Пишете лични искуства имам долг пат пред мене
Ништо посебно не е обично ептен. Имам повеќе видови црно брашно и мешам, ми останаа за хроно кога се спремав Пола сув квасец да стаса и мешав овесно,јачменово и брашно од хељда лажичка сол малку шеќер,зејтин и бело брашно додадов. Повеќе заситува за разлика од купениот црн,одамна не сум јадела купен леб и ми има неубав морис и вкус
17/90 Доручек: 3 мали мандарини Ручек: 2 сарми само со месо и морков, зелка салата плус супа Вечера: 1 сарма, салата. На пауза направив прекршок се напив цеден сок од портокал и лимон, ама не ми се пиеше кафе. Вечер пак ќе направам грешка, ќе се напијам чаша црвено вино имам повод. За скробен може ориз со печурки нели?
Може ориз со печурки,печурките се неутрални Гледај цеден сок само во овошен ден да си пиеш ако не ти се пие кафе тогаш чајче Јас виното не го сметам за прекршок и грешка секако без претерување
Знам, знам дека треба за овошниот ама имав испиено 2 кафиња и чај, освен вода немаше друго. Јас па од вино бегам ко грешен ѓавол, сметам дека е еден од главните причини што вака се поправив, добро де плус кафаните.
Може ли во скробен ден да се јаде пченка? И дека утре ми е јх ден видов некаде пишува тестенини без јајца точно ли е тоа или?
Соино млеко само во јх за вечера, со кафе или со овесни снегулки, по желба... плус чоколадо 75/ -4коцки... не е во протеински ден Во протеински ден е дозволен само јогурт, со сирење/ урда .
Може пченка во скробен ден, се смета како оброк до 200/250гр и салата. Пченица е во јх за вечера, што се јаде со ореви, мед, шекер... Ручекот во јх треба да е посен, што и да јадеш... а вечерата не.Значи посни макарони, интегрални макарони, обични макарони без јајца, шпагети, посна проја, вегетаријанска пица, полента, геврек, перек...
Соини шницли само во протеински ден , сојата е протеин, вообичаено се конзумира за време на пости или ако си вегетаријанец . Во ун диетата, се препорачува да се јаде протеин, од животинско потекло: месо, јајца, риба.. p.s. Соини шницли ги вариш за 5/10 мин, ги цедиш, ги валкаш со сенф и сусам, и печеш на мрсна хартија, 15/20 мин, зависи од рерната... плус, салата, 1 кришка црн леб и супа .
@samovila.red. Токму на истиот начин ми беа подготвени, и сигурно ќе бидат почесто дел од мојата исхрана, вкусот е прекрасен и ви препорачувам на сите да ги пробате 17/90 д:2 мандарини р:4 средни соја шницли со многу малку посен мајонез и минимално павлака, 2 парченца нутри леб и многу свежа салата од марула,морков и лимон в:2шницли и пак свежа салата (мајонез и павлака знам дека не смееше, ама едно мало лажиче ставив само колку да ми помине меракот,инаку не го обожавам мајонезот воопшто и не го користев ни претходно многу, дали еднаш месечно. ) Пита со морозно брашно,кога? Дека има и јајца и јогурт во неа во јх или протеини? Или има варијанта без јајца за неа?
Питите се во јх, за ручек и посни ...ручекот во јх е посен, а вечерата не. За каква пита мислиш,,, на проја ( солена торта ) на таа мислиш можеш и посна да ја направиш...