Мене денеска ми е скробен. ама валентајн е за два дена и дека ми е овошен мојов запнал салата да ми прави некоја со пченка... е ќе му кажам да не става.
28/90 Доручек Една банана Ручек: Една мандарина и 4 суви смокви Вечера пола банана и мешани јаткасти плодови И многу вода плус, се осеќам ко на воден да сум била денеска. А,утре нема да има воден. Ќе ми биде криво,ама во друг град цел ден ќе бидам и само на вода како да издржам
Девојки пишав и предходно дека сакав да ослабам 8-9 кг Јас навистина имам проблем со диетава. Минатиот пат за 8 дена ослабев цели 4 кг и се исплашив. Па качив 2 после цели два месеци. Денес ми заврши 3от овошен ден и јас сум полесна за 6 ипол кг. Ме фака страв да ја продолжам. Совет? Инаку во јануари месец направив секакви испитувања од крв до желудник и жолчка. Ако продолжам до нареден овошен ден ке ослабам уште 2-3 кг. Навистина не знам што да правам. Можеби јадам премалку количински, ама баш поради овој режим мислам дека ептен брзо слабеам. И предходно јадев малку количински ама мешав се и за време на бременост и после. Чудно ми е што вие ја држите и по 3 месеци а слабеете 10 до 12 кг, а јас за 12 дена слабеам 6 кг. всушност дневно слабеам по 500 гр односно 1/2 кг @joy1 стучно мислење?
Диетава можеш да ја продолжиш бар еден месец, да видиш самата колку ке си во мисус, но можеш и да ја откажеш личен избор... Инаку со диетава се ослабнува многу кг., кои почнуваат со над 100кг ( имаат во себе голема количина вода прво, потоа масти)... Доколку личноста почнува со 80/70/60кг. потешко ги симнува килограмите, бидејќи има масти (сало, но не и многу вода во организмот, што треба ја исфрли). Зависи од тебе со колку килограми почнуваш, колку сакаш да имаш... Инаку некои личности, ги губат на почеток килограмите, некои на крај на месецот, после водениот ден. Тоа зависи од организмот на човекот кај секој разично. Битно да нема грешки, за да има подобри резултати...
пред 6месеци се породив ,дека бев со царски рез првите 40дена дома лежење ,никаква физичка активност и многу се поправив веќе месец се обидувам да ја почнам диетата ама никако да се решам хахха сега сум 73кг во животот не сум била толку и многу тешко ми паѓа мислиш како комплекс ми стана веќе а се бчижи пролет / лето . Ако ја држам исправно диетата што мислите за колку време би имала резултати нормално секој организам различен ама би сакала искуства
29/90 Сеуште сум во дилема, или воден или протеински ќе биде.. После вчерашниот ригорозен овошен, веќе сум 73.5 1.5 кг за еден ден, уфф
@bella.s Со 78.5 @VACA Јас мислам за 45 дена ќе го нема вишокот. Јас еве 5кг ослабев за 28 дена, сл многу грешки, си признавам. Ако се држиш строго кон правилата ќе ги снема одма
29/90 Воден не држам, примам антибиотици па не се нафаќам, саботата грешев ама овошниот го истерав. Доручек 2 портокали Ручек: 2 јајца варени моркови со брокула и марула салата Вечера пак јајца Јас сум минус 5 и одлично изгледам и баш онака за месец си ги симнав, уште 5 и до целта.
27/90 Јаглехидратен Појадок: Банана Ручек: Симит погача (многу ми се јадеше) Вечера: Лепче со кечап и ред црно чоколадо.
Воден и јас не држев. Цезар салата јадев,и толку.Не знам дали да биде протеински, или уште една салата до вечер и да биде.. #салатаден Или па протеински денес, а два овошни по ред ќе направам,и таман ќе ми бидат деновите. Апликација во тел имам па да не го измешам редоследот по денови. -5кг за месец.Уште 10 сакам и со 7 ќе бидам задоволна, ама нема шанса да се откажам,сигурно. Веќе се приметува и тоа многу, се ми станува широко, каишот на последно го закопчувам и пак ми е широк @Angella13 Пуканки во скробен,како оброк.