дали може во неовошен ден ако ми се пријаде да се залажам со едно смути (банана,портокал,киви)? втор ден ми е денес
Денес ми е овошен, утре протеински. Дајте некоја идеја или рецепт за протеински ден. Сакам да јадам месо.
Jас си го правам стекот со сенф само малку сол и на фолиjа на тостер...мн е повкусен него ли пржен.Минатиот протеински си направив мелено месо малку го запржив со кромитче и во тавче со морков и тиквичка супер беше.и jас сум утре на протеини но планирам во кафана да одам ме напнаа со диетава 40 дена не сум искочила...па да ве прашам полнето пилешко? Во никоj случаj нели?
Зависи со што е полнето, на пример ако е со кашкавал и печурки прашај дали може да ти го направат само со печурки на пример.
Девојки, сакам да споделам еден рецепт за овошен ден, штотуку го направив и мене личнио ми се допаѓа . https://www.pinterest.com/pin/497788565048610118/ Јас го направив со една лажица мед и со вода.
Многу грешки,многу.. Смоки до сега 5-6пати имам јадено,и чипс. Пмс оди си, ме расипа Пак 74.5 сум, качив 1кг во пмс, многу се нервирам Денови не мешам,ама стрвоста..охоо голема е за грицки. Скробен Банана Тавче гравче Вечера ништо,во 6:30 ручек ми беше,и нема сигурно во 10грав да јадам...
Девоjки доста со грешкиве не мрдам од - 10 кг а веке 45 дем.Само овошен го терам ко шо треба.аj кажете ми денес скроб да зеам само од коцките супа да сварам со морков внатре? И салата? Несакам да jадам сакам малку по строго да терам сега.и се мислам да го скокам jх или кажете нешто по диетално пити кифли и макарони веке не!и за вечера само црно чоколадо какао или кафе.
Ја да си кажам викендов грешев ама тоа е. 36/90 - Овошен добро ќе ми дојде за прочистување, од 1 март почнувам и со вежбање.
Од денес почнувам со оваа диета. Многу се опуштив за празниците и си се подзаборавив малку после празниците убаво ми дојде... мора да се направи нешто! Многу ми ја фалеа диетава, и видов многу големи резултати кај нив со свои очи. Се надевам дека ќе успеам да се придржувам.
Јади тоа што смееш брз да мешаш и претеруваш. Некоја манџичка со грашок или леќа,компир варен и салата.Ако јадеш супа како што велиш ќе огладнеш брзо и пак ќе згрешиш. Во јх јади ѓеврек со некоја маслинка и салата,вечера само црно чоколадо ако до толку сакаш да си строго.Одбирај полесна храна немора да е толку калорично. Јас денеска овошен кој мо е тежок во последно време. Пред добивање сум се ми се јаде
Па и мислев компир да варам.аjде ке пробам вака построго малку.во овошен земи во блендер банана jаболка кива портокал jaс и сува брусница ставам.поише ме заситува така пасирано.
36 Јх Доручек:1 банана Ручек:Тарана со кечап и маслинки, и две коцки чоколадо Вечера:Кроасан и темно чоколадо. А чоколадно млеко-кога?
Сретнав една познаничка која ја држеше диетава,буквално се преполови.Ама еве ја,по неполни два месеца половина вратила,само затоа што како вика таа "Премногу строга бев кон себе" никаква грешка не си дозволувала и сеа нема контрола врз храната,и се што гледала како забрането сега го јаде. Епа јас си признавам еве дека правам чат пат грешки, но се на се 10пати нека сум утнала во овие месец и пол,и имам стварно голема контрола кон себе.Предходно можев пола леб ко ништо да го изедам на еден оброк, секои ручек и вечера ми беа обилни и калорични,а сега не. И што дека сум каснала парче повеќе месо,или чоколадо повеќе во јх,или смоки кога баш пливам во тренерките кои ми беа кнап (ги испукав дури) и стомакот ми е скоро па рамен,не штрчи кога носам потесно Кг може не одат многу надолу,но обемот драстично се намалува. Поентата е да ви кажам да не се потресувате толку навистина, а не да ве охрабрам за грешење Но,не на начин како случајот погоре. На се треба баланс Без нервози и кога гладдта е поголема,и кога повеќе ќе изедете, секако ќе ослабнеме сите.Трпение ...
Mene ovosniot mi e kako kazna mn tesko ama drzam se strogo sakav da prasam i za medot smeam li da go upotrebuvam nasabajle so limon i voda
Женски дајте ми предлог за посен солен кекс за јх ден или било што, само да не се тестенини и да можам да вметнам и печурки, ми се смачи од макарони постојано.
Уште од прв ден малку утнав работа, ама поради тоа што не ми дозволуваа околностите да ја повторам вечерата. Пробав да се придржувам колку што можам, барем да се држам до тоа дека ми е протеински ден. #1 - Протеински Појадок: две јаболки Ручек: Салата со марула, 3 јајца, рендан морков, Кубети (место леб) + супа без фиде Вечера: мало парче сирење, малку Кубети и кефир