Било какво месо печено или сварено, јас често стек и копани си правам, риба со салата, туна и салата марулка, омлет со печурки, варени/пржени јајца исто со салата, млечни производи..
Еве рецепт за посна проја: Шоља за чај 200мл 1 шоља бело брашно, 1 шоља пченкарно брашно, 2 шољи полента, 1 пециво, 1 мала лаж. сода бикербона, 1 мала лаж. сол, 1 шоља масло, 2 шољи кисела вода. По желба, внатре се додава маслинки сецкани, оригано, сув магдонос може и без. Се става во подмачкан плех ( масло/ брашно)бр: 28, одозгора се става сусам и се пече на 200С - 35мин .
Кажи ми ако сакаш како ја спремаш сојата. Јас освен мусака со трошки соја друго незнам. Ти шницли или....?
@lilo Да да шницли, ги премачкувам со сенф ги ставам на мрсна хартија, поросувам со сусам одозгора, и ги ставам на печење. Прв пат кога ги пробав се изненадив од вкусот, многу се вкусни и не се приметува дека е соја.
Се оставаат во вода неколку часа за да набабрат шницлите (кај мене 2часа стоеја) ги исцедив и ги ставив во зовриена вода со сол за да се сварат. После 15-20мин ги извадив и исцедив од водата, ги исчукав и ги премачкав со сенф,ги посолив со вегета, бибер и сусам и ги ставив на печење во загреана рерна. За 15мин се убаво заруменети и спремни за јадење
Чоколаден мус Еве како јас го направив: 1 банана 1 авокадо 1 лажица мед 1-2 лажици какао малку вода или бадемово млеко (јас вода користев) Сите состојки се ставаат во блендер и се миксираат. Блендерот ќе направи густа смеса нешто слично на чоколаден шлаг. Се сервира и декорира по избор.