Девојки едно прашање, утре ми е овошен ден и дали смеам банани и колку? Дали е ограничено на 1-2, затоа што знам дека се потешки и покалорични, или нема врска?
Zdravo.. Bidejki mnogu inam zelba da oslabnam mozeli da mi objasnite sto i kako se jade posle 4 den..ne mi e mnogu jasno
Здраво,имаш обjаснуване на првата страна прочитаj си.после 4 ден пак почнуваш од почеток цело време се вртат тие 4 дена...ти си одбираш што да jадеш секоj ден.пример ако утре почнеш со месо наререден протеински земи риба или jаjца. Само тоа што ке го jадеш за ручек да биде во помала количина за вечера ама да биде истото.
@Angeladarija После секој овошен следува протеински од почеток 39/90 Скробен Доручек: 2 киви Ручек: Ориз со мешавина (неколку зрна) и салата од домат и краставица Вечера: Пола од ручек Конечно сум стабилни -5кг полесна
#4 - Овошен Лимонада, две банани, јаболко, свежо цеден сок од три портокали и цитрон, и грст комбинација суво и јаткасто овошје (лешници, ореви, индиски орев, сончоглед, семки, суво грозје и сува брусница) Иии вечер сум на роденден, па со лесно нека ми е гледањето и не јадењето. Барем да се погодеше кога ми е протеински ден да можев мевце да каснам, ама тоа е, ајде ќе се борам со сите сили.
Мислам дека можеш цела, ама мала, и тоа само вегетаријанска. Не сум сигурна нека ме поправат ако сум грешка.
Девоjки во недела ми се пага овошен...досега не сум имала потреба да сменам ден и не планирав,но ете принудена сум прочка е семеен ручек.да го смемам jх со овошен па да терам протеински? Или да ги сменам само недела и понеделник?вие како ке правите?
Утре ми е јх а во сабота овошен но имам посебни причини а недела ќе ми е скробен и пон овошен.Утре 15ден само овие денови ич не сум ослабела до 8ислабев 3,5кг и веќе недела дена ни кг немам ослабнато.Дајте некој совет имам и физичка активност а гледам да сум без грешки...
@P.SIloveyou Таман си, не можеш за 2 недели 10кг да си симнеш. Здраво слабеење е -0.5 кг неделно,ти си и повеќе од супер! Каснав три залчиња од тостот на сестра ми чисто да се потсетам зошто нема пак да јадам таква храна. Цревата ми кркорат ненормално многу,како ли бев секојдневно на тостови ах.. Утре конечно пица,јеееееј
Тесто,доматен сос или кечап,маслинки,пиперки,домати,печурки,оригано и кромид. (Јас кога правам посна пица кромидот го рендам на најтенки кругови прозирни и тоа доаѓа како кашкавал - пробај така). А можеш една пица да си изедеш се е тоа јх и зеленчук
Види недела јади си то што мислиш во случајов јх место овошен и наредниот ден значи по овошниот би дошол протеински-понеделник за да не ти се мешаат деновите 4х4х4х4.....
Утринско мерење без облека нормално, иии 72.5 Абе ќе си пукнам од среќа Ова ми е идеална тежина според БМИ, ама јас сакам да бидам слаба бре И тоа што немам физичка активност,зааамисли Мерете се наутро на гладно без облека, да не се зезате оти и пижамите дури лажат (со моите патем тежам +700гр и они ми го мателе есапот )
Не бре јас не сум човеек, не не и не. Протеински ден ми е а лапнав 4 мачмалоуа и каснав тро мазниче со сирење. И сеа не знам дали да одам на фитнес, се осеќам виновно и мислам џабе ќе е ако одам..
Приметив дека колку повеке се замарам по слабо иде.. малку со храна си кратам ама нескафе секоj ден и тоа како е грешка али ств неможам на работа без нес....реално да не се грешкиве немаше да издржам 50 дена...си згрешила нема гаjле тераj понатака нема откажуване никоj не ни забранил ништо ме мора да се форсираме полека ке биде сите правиме грешки и сите имаме кризни денови затоа сме тука да се подржуваме
Исто и јас со нескафето, не можам да го откажам. Гледам да не го пијам секој ден, но многу ми е тешко зашто сум навикната секое утро со нес и цигарче, денот без тоа наопаку ми почнува. Турско не пијам, особено не горко. Вчера си направив како ај да пробам... ужас, ми се згади не го ни допив. Сабајлево си направив нес со само една лажица млеко, повеќе на вода; пак беше лошо, ама во секој случај поприфатливо од турско.