#5 - Протеински Појадок: цеден сок од два портокали Ручек: Три варени јајца, салата од зелка и морков, една кришка црн леб и супа Вечера: Едно јајце, салата од зелка и морков
Вчера 40/90 Јх Доручек: 1 банана Ручек: Пица (3 парчиња и мајка ми кашкавал ми "подметнала" ) Вечера: 2 парчиња баклава и после тоа излегов и пак на јадење фурнарини со печурки на скара и салата. Не е грешка јх е Денес 41/90 овошен Банани,киви,мандарини и суво овошје цел ден. Баник дома имам оооо како мирисаааам
@Maci4k@ Ма како се изнајадов,ич криво не ми е Се тешам кога гледам кило минус и одма одам да надокнадам *мирисА на баник, грешка у чекори
Денеска се измерив сабајлево бев 69.900и конечно под 70 е хахаха.Не се откажувајте јас сум -4,5кг за 16дена ама и пред тоа внимавав цел месец на исхраната.Утре празник ќе внимавам со јадењето а од понеделник си се враќаме строго.
Во диетава не е дозволено кашкавал/зденка, тоа не. Со печурки можеш да ги свариш 5/10мин, па да ги валкаш со сусам и сенф и да ги печеш за 10 мин, во комбинација со што сакаш, можеш да ги јадеш, неутрални се во ун. Со печурки можеш со стек, риба, мелено месо ( од 1вид да е само- пр: полнети пиперки со печурки, маслинки+ салата и супа) или сирење/урда+ салата,печурки и јогурт, личен избор.
@VACA пробаj свари ги малку за да омекнат после можеш некоj намас да си смислиш пр урда е дозволено со зачини можеш копер,бибер сол лукче сусам и печи ги, само што нз колку ке те држи тоа попаметно тие печурки дистани па со маслиново и кромидче пропржено во комбинациjа со стекче и салата али сепак тоа е само мое мислене
Jх...геврек ипол со маслинки и аjвар а за вечера парче од тортава,со мерак си jа направив и со мерак си jадев
Да ви се пофалам девојки! За една недела скинав 2 кила! Искрено, многу се изненадив, затоа што сум чула дека со оваа диета резултатите се видливи после подолг период, а некои ми кажале дека месец дена немале резултати па после тоа наеднаш се покажало. Ако вака продолжам ќе бидам пресреќна! #6 - Скробен - вчера Појадок: две јаболка Ручек: Варен ориз, грашок, морков и краставица, маслинки Вечера: пола од ручекот #7 - Јагленохидратен - денес Појадок: Свежо цеден сок од три помали портокали и еден лимон Ручек: си порачав бабичка да ми направи посебен ручек за Прочка, сите ќе јадат месо, а јас зелниче со праз и салата Вечера: две парчиња торта чоколадо-малина
Прости ми УН, грешев денес Доручек: Банана Ручек: Кокошка и баник од баба Вечера: Копани и 2 ќебапчиња на гости плус 3 кругови чајна,1кашкавал и 1 лажица салата со макарони Ај празник беше, простено е Од утре по старо,строго до крај.
Тука сум јас не сум се откажала. 43/90 јх ден, на мени веге пица Планирам од 46 тиот ден да почнам со турбо УН, пробал некој?
#8 - Овошен Две банани, грст суво грозје + сува брусница + сончоглед + семки + ореви + лешници, свежо цеден сок од три портокали + два лимона + јаболко, многу вода, чаеви и витамински шумливи таблетки Како и секогаш, веднаш штом ќе почнам диета - било каква - мене имунитетот ми паѓа и се разболувам. Ама овој пат не се откажувам! Си продолжувам јуначки!
Иста сум,но прв пат еве уште малку 60 дена скоро од диетава а крвната слика никад подобра.А порано бев буквално анемична со 1 железо ... Ужас,сега ми е 13 што никогаш не ми било толку.Диетава е здрава 1000%.Само упорност
@mimiiiii И јас ќе бидам на турбо од 46 ^^ стојам во место,па да го размрдам метаболизмот побрзо. Денес скробен 3 киви компир печен со салата и парче црн леб помалку од пола за вечера
Крвната слика за чудо никогаш не ми била проблематична. Безразлика што сум јадела, дали буреци или салати, секогаш ми била многу добра што дури матичната ми викала: „Брееее со што те ранат тебе дома!“ Проблемот ми е плуќата. Пушач сум, а имам слаб имунитет, и кога ќе сменам исхрана автоматски ми се намалува и одма закачувам бронхит (пошто имам прележано хроничен бронхит и постојано ми се појавува одново). Толку го имам веќе навикнато, ко другарче ми е, се среќаваме неколку пати годишно.
Како правите бистра супа за само еден оброк? Во ѓезве? Лонченце? Што се ставате? Имам друштво за од утре? Прво мартовски да почнеме ? Среда среќен ден, башка први.