Сакам да те прашам за колку време колку кг изгуби, бидејќи јас секое сабајле јадам по две банани(200калории), а за еден циклус имам симнато 600грама?
лелеее немој 2 банани наутро. во диеетава бананите се дозволени само во овошниот ден и тоа и тогаш да не се многу (не повеќе од 1-2) еве таблица со калориии и прави си комбинации.
ајде и јас ја чекам табелата со калории... а денес (протеински ден ) доручкував една мала банана и 2 мандарини, со пауза од 2 часа, сега ручав супа и пилешко со салата од кисела зелка, а за вечера мора да јадам пак месо или може салата со сирење? или само јогурт?
Денес 15 ден,јаглехидратен ден за доручек 2 јаболки ручек тестенини со сос од чили и за вечера ресани можеби и црно чоколадо.Инакуу ДО Волшебна:да знаеш ништо мака не видов да ја издржам диетава и многу ми е убаво не гладувам и се ми е подредено тргнав на гимназија цело време сум прва смена супер ми е што да кажам.Тебе потешко ќе ти оди сепак немаш многу вишок али ако си истрајна се се исплаќа.Инаку Меланиии јас бидејќи ич не сум по житарките просто организам ми ги не трпи дали оти сум 0 крвна група ни кафе пијам ни житарки јадам ниту пак да помислам на јарешко или јагнешко месоо просто организам не трпи :/ Ја прашав баба ми вели 70г во 100 грама житарки се јаглехидрат а бидејќи млекото го пишува како исклучително протеин а не е бидејќи протеини мислам дека ми рече кравјо млеко оти имало 3,5 а јаглехидрати 3.2 сепак не е голема разлика, па затоа некако не ми идеше оти има предиспозиции на белковина :/али штом можело јадете.Ајде утре овошен ден,омилениот ден мој :Р Толку овошје неам изедено цел живот колку во оваа диета позз
добра е диетава..Само да ве прашам,имам 70кг а висока сум 178cm.Колку треба да ослабам за да биде она НОРМАЛНО?
^ Па и сега не си многу, 5 кг. да ослабнеш е доволно, а ако сакаш скроз skinny look како изгладнета манекенка тогаш можеш и 10...
не го земај за сигурно ова што ќе ти го пресметам,мојот тренер лично за мажи смета од висината минус 100 па толку килограми треба да сме а за жени бидејќи ги тренира и нив зема - 110.Така да ти би требало да бидеш 68 килограми,али овие плус 2 кг не ти се на одмет шо се секираш и оваа диета не е за тебе.Знаеш Лепа брена е висока 186 а е тешка 90 кг.Кога за 1 пат побарала совет од баба ми во тогашна Југославија била 112 кг,што и пречело во развитокот на кариерата.Но сега изегоа нутриционисти по современи и веќе мислам дека 20 г не се во контакт откако баба ми се пензионирала. Инакууу како што очекував пак хикснав јаглехидратен ден ми е,јадов варени макарони и коа нешо ми примириса толку слатко чоколадно глеам цимеров сварил пудинг и плазма бисквиди у него и почна-Ај те молам земи 1 филџан братко ај те молам како да одбијам земав и апнав :/ али пудингот е јаглехидрат мислам дека не е многу погрешено. позз
Читајќи многу позитивни коментари околу диетава ме охрабривте и јас да ја почнам. Никогаш досега немам држено ниедна диета, не дека сум немала потреба од тоа, туку едноставно не верував во повеќето диети. Оваа ми се чини како многу добра, а и позитивните коментари од ваша страна го докажуваат тоа. Бидејќи ми е прв ден се чудам дали би можела да издржам 90 дена, но мислам дека ако се има силна волја ќе се реализира зацртаното. Среќа што еден ден може да се јаде и благо, инаку тешко дека би издржала. Благото ми е најголем порок и најголем виновник за моите вишок килограми . Без се друго можам без проблем да издржам, па се надевам дека ќе има резултати диетава.
Епа цуро оваа диета е баш за тебе 70% ти е јаглехидратно :Р тогаш добредојде,1 ден и на мене ми се чинеше дека се далеку 90 дена,но ете 15 ден ми е уште 75 остануваат а тие 15 дена одлетаа набргу!Благо ќе си јадеш третиот ден така за вечера! позз и се најубаво
хахаха погоре сум пишала ..еве ви таблица.. а сум заборавила да ја ставам. http://www.dijeta.net/tablice/voce.htm еве јааааа инаку гладна суууууууумм едвај чекам да се испече рибата па да јадаааааам. вчера овошниот ден ме измалтретира ептен. а овој па дечко ми, доаѓа кај мене со голем доритос чипс....он си грицка а јас сум земала 2 јаболки и ги јадам како да не сум видела храна. ама пусто стрвно земав една рака. се мерев прееска....сум симнала 3кг и 400грама....јухууууууууууу
Здраво, јас сум нова на форумот. Многу ми се допадна диетата, видов има доста позитивни коментари и решива да почнам од денес. Висока сум 170 цм и 80 кг, сакам да смалам минимум 15... Се надевам дека ќе издржам до крај... Голем поздрав до сите и ви посакувам голем успех и добри резултати.
денес ми е 8 ден и ослабена сум 4 кг.. ама морам уште да симнам ... барем уште 15 кг... пред оваа никаква диета не ми помагаше стално на диети сум а ти сања колку сакаш да ослабиш ? и колку време ја држиш диетава ?
вечера 1 филџан пудинг од чоколада со 3 мали колачиња(од тие мое колаче што се посните со кокос) и 1 ред црна чоколада.Прашав таму другарки ово оно да ми кажат шо значат тие бројки таму на паковката рекоа дека 1 пакетче пудинг во пола литар млеко од него 100 грама има само 40 кцал.Па си апнав комотно.Утре овошен ден мојот најомилен во училиште една банана и 1 портокал утре имам само 6 часа така да дома ќе си јадам да не се товарувам.Ммм шо убаво!
Nutricionist се имаш мерено дали имаш симнато некое килце? Отприлика тука сме со деновите заедно ја почнавме ( т.е. јас еден ден покасно )ма да јас не бројам кој ден ми е, денес сум на скроб утре ми е ј.х. Се осеќам како да сум ослабната а вчера се мерам не бе, ниту грам
Симонче немој да се споредуваш со нутриционист. он е машко а нели знаеме машките побрзо и полесно слабеат. а и башка он спортувал претходно што значи веќе има оформени мускули кои секако помагаат при согорување на салцето. извини ја се убацив како џокер овде
нема везе јас онака го прашав пошо тука некаде сме со деновите, ама се зачудев како не сум симнала ни грам кога првиот пат коа ја држев за 8 дена симнав 4 кг, некако се разочарав