47/90 2/12 Турбо Д:1 банана Р:Грав печен, 1кришка црн леб и туршија В:Пак малку грав со салата Се немам мерено цели 3 дена Не се мерам додека не завршат овие 12 дена оти се опседнав
Девојки дали може да се јадат брускети за ручек во ЈХ-ден во замена за пица пример..? Прееска купив со маслинки, домат и оригано, па да си прашам
55 дена сум имам уште 35 до краj.-10 кг сум.но овие 10 првиот месец ги ослабев,вториов стоjам во место....а имам уште 20 кг вишак со 90 почнав,но тоа е метаболизам каj секого е различно.
Вчера протеински ден: Доручек: 2 мандарини Ручек-салата марула, две парчиња црн леб, неколку маслинки и три варени јајца(само белките) Вечера-две варени јајца(повторно само белки) и мала количина на пржени туршија пиперки со печурки и компири.Вчера згрешив и вечерта каснав пооголемо парче торта.Критични ми се викендите ептен, ама то е продолжуваме понатаму. Денес скробен: Доручек-Две мандарини Ручек-манџа компири со печурки, салата марула и едно парче црн леб Вечера-само манџата
да ви се придружам и јас диеталки,ovoj rezim go praktikuvam 24 Dena I veke imam smaleno 6 kg,ama imam uste mnogu poveke za slabeenje.samo napred!
6/90 скробен, Рано ми е да кажам, но приметив дека мешето ми е намалено и некако се чувствувам како.. полесно . Можеби и трипам, сепак е рано за промени..
48/90 3/12 Овошен Д:три киви (јадам по три пошо се малечки малку бадеми и кикиритки (со сол беа,околу 50гр двете) Р:Овошна салата со 1 банана,1круша и 3 киви ужина смути со банана и 1 кива ќе биде В:Салата од зелка Многу енергија имам од кога почнав повеќе овошје да јадам, значи не да се ограничувам туку баш да јадам за да си внесам доволно витамини,што никогаш не правев. Јадете повеќе овошје!!!
Девојки ај хелп незнам што да правам. Вечер сум на вечера кај дечко ми а денес ми е овошен ден си го почнав убаво со 1 јаболко и за ручек 1цитрон и 1 портокал. И сеа за вечер не оди јас јаболко да јадам, а он месо, благо итн. Ке каснам и ја малку.. Дали може да го заменам за протеински, бидејки утре ми е протеински за вечера да ми биде овошје? Јас незнам друго чаре..
ухх, би сакала да ти кажам “јади бе не стегај душичката“ , ама си се фатила на орото... Гледај да издржиш и по гордо ќе се чувствуваш, гарант . Порачај си некоја овошна салата и вода и мисли си колку ќе ти се исплати ова за некое време и на тежина и на кожа и на енергија. Гледај да не отстапуваш. Јас барем така функционирам, си се лажам сама како дете, а енос сум на почеток... Ајде со среќа со инатот
Браво за мотивација, така и треба Си се лажам и јас,претходниот овошен ден ми беше тежок на јадев и вечерта направив грешка ама денес еве овошен ми е пак и се држам супер. Банана,портокал,цеден портокал,кафе и многу вода. А да и салата марула јадев
и јас чат пат некое зрно сончоглед колку демек да меле нешто желудникот, ваљда и тоа не треба ама ајде да си се почастам. Пред недела дена со чоколадо си се частев, сега со сончоглед... браво бе. Ама сакаме тенки половинки
Вчера: Доручек-две јаболки+ кафе Ручек: омлет со пиперки и ептен малку сирење, патлиџан салата. Вечера немав, само макијато и две залчиња од палачинката на ќерка ми Денес ден 18/90, скробен. Доручек: кафе со стевиа, банана. -Кафе Ручек: манџа спанаќ со ориз и кришка леб. Вечера: интегрален ориз со моркови и кромид (запржен па варен). Искрено ретко правам грешки, но се согласивме со маж ми (и двајцата сме на режим) дека премногу тешко ни паѓа периодот од доручек до ручек, а за вечера најчесто не ни се јаде. Почнаа и тахикардии да ни се јавуваат. Решивме дека малку ќе ја прекршиме диетата и за доручек ќе јадеме нешто повеќе во склад со предвидениот ден, а вечерата ќе ја прескокнеме. Незнам какви резултати ќе даде, но мора да пробаме да смениме, јас немам енергија и неможам да издржам со една банана 4 саати.
Тоа ќе биде некој ваш режим а не уд диета.Но јас ти предлагам да тераш мени како на ун да не мешаш протеин со скроб протеин со јх.Со тоа што ќе избегнуваш вечера може и лошо повеќе ќе си правиш во случај да ти се јаде.Па мислам дека најдобро е вечерата да ти биде салата најчесто.
Да, така планирав, редот да го запазам, во протеински ден само протеини и тн. но да не се изгладнувам за доручек со една банана или две јаболки пр. туку да каснам уште некое овошје плус или пак нешто протеинско. Вечерата како што пишав и погоре и така често ја прерипувам зашто не сум гладна. Некако повеќе енергија ми треба за преку ден, неможам да функционирам, ептен тахикардии ме фаќаат. А од понеделник ќе одам и крв да проверам.
Браво, јас цел ден овошен го држам без проблем и на крај вечерта грешка, затоа си стојам на -5кг цело време
7/90 јаглехидратен Д: 2 киви Р: пица со домат, кромид, карфиол, брокула и чат пат некој морков, малку сусам и оригано (колку да ме потсети дека е пица) Не знам за вас, но брокула не ми е омилено, нареден пат ќе ставам повеќе кромид да го прикрие вкусот И за вечера, најверојатно едно парче баклава