Денес протеински ден За ручек планирам омлет со млад кромид плус салата и парче леб. За вечер можно е само салата.
здраво на сите!вчера ми беше воден ден и машки го поминав ама денес некако енергијата на нула...туку да ве прашам кус кус во јх ли смее да се јаде?поздраав
Не треба да се јадат брускети затоа што содржат млечни додатоци (млеко во прав или сурутка во прав, не сум баш сигурна) како и многу сол и разни адитиви. И плус нема да те држат сита подолго време.
Zdravo devojki ... Denes za dorucek 2 jabolka , za rucek planiram , makaroni so pecurki , e sega me interesira dali moze da gi jadam so TOMATELO ili nekoj drug sos i za vecera castenje BLAGOOOO uff edvaj cekam hahaha
Девоjки 61/90 - 13 кг. Пресрекна сум.Со тоа што не се придржував баш строго,одлично е Вчера скобен 60/90 доручек лимон со гимбир,ручек спанак,вечера малку спанак со зелка салата,е денес ке терам со овошен jх ке немам сабота и недела протеини (морам) и си терам после нормално.Се надевам не е голема грешка.
Јас често јадам макарони со томатело понекогаш и домашен сос,зависи што се наоѓа по дома Денеска скробен ден. Ручек манџа со ориз и компир 80/20 со салата или туршија. Вечера пола од ручек или компир салата.
@Maci4k@ Браво девојко! Секоја чест Јас многу кикснувам на скробен,и дали се утешив со -кг па се опуштив овој циклус..Ем стомак си разболив,ем потешко за слабеење си правам да ми биде. Вчера цел ден ориз,ама вечерта помфрит,и ќе беше ок пошо ај и ова е скроб, да не јадев грчка салата, 2 коцки сирење беа ама ме испореметија и ко камења да носам денес во стомак. До 54 ден догурав нема смисла да се откажам сега иако размислував и за тоа, ама ептен се разочарувам од себеси Ох,ај со нови сили од денес до крај. Не сакам грешки,не сакаммм!
Не бе какво откажување,и да прајш грешки гледај да се минимални. И јас правам де Знам дека до јуни ќе сум ма Ун сигурно за понатаму ќе видиме Денови и кг не бројам огледалото зборува се
@Viktorijaaa5 Зошто до јуни,2 круга ќе правиш?Јас до 15 април сум, да не правам пауза,м? Ама несвесно е ова со грешките,од коа ќе јадам ќе ми текне И овошниот после секоја грешка ептен строг го држам. Слаб карактер,огледалото ме фали а јас му се инаетам
Не бројам дали ќе се 2 дали 1ипол не е важно.Кога немам контрола сама вака подобро унапред знам што да јадам што не,и веќе навикната сум.Сакам да влезам во некои кошули и панталони што ми се мали па тие ме мотивираат.Вагата фаќа прашина и небитна е. А да ти кажам и мене некој штом ме пофали дека сум минус се частам т.е грешам,слаб карактер тоа ти е.
Јас на 17 дек почнав еве туку речи на крајот сум. Последно се мерев пред еден месец и бев ослабена 19 кг. Од минатата недела почнав да вежбам немам вага дома да се мерам , но по облеката што ја купив пред 1 месец сум 2 броја ослабена. И јас грешки си правев на почетокот сега ми е супер Само упорност девојки треба
А јас на секои два дена се мерам Ќе ја качам вагата на шифоњер,несакам да ја гледам веќе. Така поинтересно ќе ми биде во неизвеснот ќе бидам и ќе си слабеам По облеката и јас приметив многу разлика,денес носам фармерки што точно 1 год ги немав облечено бидејќи ми се откопчуваа 54/90 Овошен Два портокала за доручек Бадеми за ручек Банана и две киви вечера
И jас се опуштам ама подобро да си поткаснам нешто па пак да продолжам него ли да се одречам скрос од нешто,вака можам сигурно подолг период од 3 месеци да терам и сиг би биле по траjни резултатите Еве овошен реков денес ке терам и одма грешка, си сварив печурки со зелка залата но без зеjтин ги jадев и без леб
Кус кус бидејќи е тестенина оди во јх ден. А дечки, не ли треба да се направи пауза од еден месец помеѓу два циклуса? Сметам дека не е здраво толку долго да се држи диета.
@Maci4k@ Не гледам грешка јас тука, печурките нели се неутрални?Ваљда не е страшно и во овошен ако ги јадеш. @Kitten Здраво е, и јас би ја држела подолго Немам надуеност веќе од храна,не јадам прженици,конечно го пројадов овошјето, ако се вратам на стар начин нема да е здраво а вака супер е. Може пауза секако, но може и да продолжиш со немешање на храна ама да не одиш по редослед со деновите.
Направив мал "research" и на повеќето места пишува дека диетата после 90 дена не смее да се продолжи, мора да се направи пауза од 3 месеци. Ете и на првата страница од темава прочитајте го воведот.
Девојки, овошен ден е всушност витамински ден. Значи не се сведува само на овошје и јаткасти плодови, туку и на зеленчук, свеж или печен. Само треба да се запази да кога ќе се јаде зеленчук после него не треба да се продолжи со овошје, фактички зеленчукот да биде последен како оброк во однос на овошјето. Не се мерите секој ден. Баш денес на некоја од групите (српска или македонска, не ми текнува) беше споделен линк за причините зошто да не се мериме често и кога да не се мериме, нпр.7 дена пред добивање, кога се конзумира солена храна па утредента итн. затоа што вагата може да покаже повеќе поради зголемени течности во телото. Ако го пронајдам ќе го прикачам тука. И да. После диета се оди на одржување 90 дена. А што е одржување ако не истото како и првите 3 месеци, со многу мали незначителни (поздрави?)измени? Не гледам некоја посебна разлика во одржувањето од првиот круг на диетава. Патем, мене денес овошен ден. Само на овошје бев. Исто ве прочитав тука порано и сакав да додадам. Оброците во овошен/витаминскиот ден се на 2 саати. Значи на секој два саата ( ако имате потреба) може да си правите комбинации Јас воопшто не чувствувам глад.
13/90протеински ден. Доручрк: 2 киви Ручек, кисело млеко, изварка, спанаќ и две парчиња црн леб. Вечера најверојатно изварка и кисело млеко.