Не кажувам и вчера каква грешка имав и тоа во 3 сабајле,ок? Попуштам веќе, попуштааам Во пмс сум, неможам да се контролирам.Цел ден со овошје и без апетит и ја у***в работата на крај. Денес протеински Д:1 портокал Р:2 ќебапи и поча вешалица,1парче бел леб и салата и бадеми сега,имам вртоглавици па да си каснам нешто Вечера не знам што ќе биде.. У пм,не оди вака на арно.
П:/ р: веге пица в:парче пита со јаболко и десертче во чаша Добро се држам деновиве без ниедна грешка,пу пу да не се заречам
јухуууу 13ти ден ми е, протеински, веќе почнуваат и луѓето околу мене да ми коментираат. Видно ослабната и во стомакот и во бутовите. Презадоволна сум
Нема гаjле,тераj понатака...стигна до повеке од пола нема откажуванjе.подобро вака со грешки па не мора 90 дена ке си jа тераме подолго,него ли после 90 да изезеш све што си мислела.и jас вчера протеини цел ден 2 парчинjа рибни филети,вечерта во кафана похован кромид,пилешки прсти,печурки аj тоа ок ама и парче зденка и кашкавал каснав ама без леб jадам цело време,и тоа ке ми остане навика од диетава почнав леб и благо скрос да неjадам и немам желба.Порано сум jадела по 2 чоколади на ден.Полека ке ни се намали апетитот,само упорност.
Вчера вечера 2 кифли со чајна. Ни П од протеини,ама само тоа имав. Денес јх д:2 мандарини р:2 парчиња баклава в:веге пица морав смена на ручек и вечера такви се околностите денес
Од денеска ве дружам и јас во темава. Сум ја држела диетава и претходно но со мали прекини, па не сум била во можност да постигнам поголеми резултати, нажалост. Имам за симнување некои си 5,6 килограми, па од денеска одиме јако без прекини. Денеска 1 ден-протеински. За појадок имав две јаболка а за ручек и вечера печени соја шницли и салата шопска.
Фала ви девојки, добив огромна мотивација од читање на коментариве. Понеделнички, ви се приклучувам и јас! Не знам колку кг сум во моментот, ама би сакала да намалам едно 7-8. Со среќа на сите!
Ден пред 2 воден.. Не мислам да го држам,туку 2 овошни ќе терам. Вчера убаво се изнајадов пица, уствари цела пица јас си ја изедов оти никој дома неќе со домати и кромид и вечерта 1/8 пица бурек Денес 1 банана сабајле сега бадеми ќе јадам,а до вечер една салатичка
@Chanell* скробен ден зошто си прескокнала? Иначе јас воден ден не држев еве уште 4 дена ја држам диетава и готово поминаа 3 месеци. Воден ден пробав да држам ама тешко ми беше и два дена со овошје држев или си продолжував нормално со протеински. Вчера јадев само круши и малку салата од краставица. А денес имам протеински П: Само пола банана ( немам нешто апетит денес) р: 1 батаче со салата и павлака. в: / не вечерам
ЈХ ден Доручек - две јаболка Ручек - Макарони со домата Вечера - Урма Торта и еден ред црно чоколадо 37/90
Протеински денес, слика од ручек во соодветна тема Сликнете бе нешто и вие,поставете некоја слика за идеа
Хај девојки .. и јас почнувам да ве дружам од утре. Минатата година ја држев оваа диета и ослабев 12 кг за 90 дена без водениот ден ... ама после тоа си се вратив на стариот начин на исхрана : пици тостови пржени компири и така натаму и си вратив 10 кг за целата год . Започнувам со 70 кг . Мојата цел е 60кг ☺ али овој пат сакам да ја задржам таа килажа . Поздрав
@lovemme Затоа што Турбо УН држев 12 дена 2 јх наместо 2 овошни имам, т.е утре ќе биде овошен наместо воден, па третиот месец здравје сакам убаво да го поминам без киксови. Не се воздржувам, си јадам, па и два пати сирење/месо мешав,ама не се потресувам, што знам Роденден ми беше,па вчера и денес само јаглехидрати дома,и со гостите морам да јадам Многу комплименти добив овие денови,баш добро ми дојдоа. Уште 1 месец до крај, па 1 месец пауза и опет назад.Летово планирам стварно згодна да бидам,со грешки или без Ааха,и не дека се правдам со постовиве,чисто ко дневник да си водам,па во вториот круг да знам кога да не потклекнам. Вагата ја скрив и не се мерам до крај. ^Со лесно на новиве диеталки,се се може ако се сака.
Утре јх.Сабајле стандард овошје , е сега за ручек , баничка ке имам со праз и зелка , дали смеам и малце сиренце хахаха ... Денес ми е 6 ти ден и -1кг ,
Денес јх ден ми беше, со каков мерак сум го јадела зелникот мх мх, се изнајадов како да нема утре.Па и нема искрено, овошниот ден смрт ми е, ајде барем нема да пазам што да јадам, строго само овошје цел ден.Плус парче посен кекс си каснав после вечерата, и сега со зелено чајче и вода да ја заокружиме вечерта. Гледам резултати на мене, не се нешто вау големи али ги има.Сакам да се измерам чисто да видам до кај сум ама немам вага Мерењето ќе почека.
58/90 Овошен Една банана Две киви и една мандарина,со 3 оревчиња Попосле уште една банана, и вечер салата. Настината сум и слабо апетит имам денес.Не можам за вчера истото да го кажам Татко ми ручек ќе правел греота било да не сум јадела Јок бре.
Здраво диеталки Се одлучив од утре да почнам со диетава, па ме интересира дали може да ми ги напишете намирниците што се сметаат за неутрални? Фала однапред