@Annabeth Па најлесно е на овошен ден, ем си јадеш почесто, ем можеш да си праиш комбинации овошни салати,смути,јаткасти плодови,свежи салати..Ем утредента одма си полесна за 500-600гр Почнувај,ич да не се мислиш
73/90 овошен Доручек :Пола банана Ручек:Марула салата со сварени печурки со сусам сол бибер и копар Вечера:Уште пола банана.Грешка е може вечерава но морав банана енергиjа дава а многу трчам и вежбам плус и пошо вака во другиве денови не jа конзумирам.Денеска печено мисиркино со кромид и морковче уфф едваj чекам
од утре на турбо ун.овие неколку дена наместо да ослабам сум качила 1кг.ако некој бил на турбо ун би сакала да ми каже дали така побрзо се слабее или не?
Јас уште два дена и завршувам со диетата. Вчера протеински: -Банана -лосос стапчиња со сенф, кришка нутри леб, чаша јогурт. -пак од стапчињата, салата од кинеска зелка, морков и маслинки. Денес скробен: -Пола банана и пола јаболко. -плескавици од грав и компир, се брзав за на работа па не земав ниту супа, леб, салата. -повторно од плескавиците со малце доматен сос, салата од кинеска зелка и морков.
Здраво, Јас денес сум на овошен ден,мислам дека поцркав,Јадев 2 портокали и 2 киви од свежо овошје,не можев повеќе,ме дотепаа киселини,затоа земав и јадев и 2 чаши супа (без фиде),како и околу 200 гр.суви сливи и малку смокви и една мешана салата и сеа ме гризе совест за тоа што толку суво овошје изедов,а и за супата.Има ли врска ова?
Супата е грешка, само во протеински се пие. Сливите исто така,мислам дека е многу количинско, до 5-6 мислам дека смее суво овошје. @Victorianaa Јас држев Турбо ун од 46 ден, и немав никаква разлика во врска со тежината, не ослабев повеќе Ако имаш стагнирање повеќе од 2 недели држи турбо, а инаку ако се си е во најдобар ред немаш потреба. Јас бидеќи стагнирам, ќе ја почнам пак сега на 75 ден.Леб воопшто не јадам btw, само во јх јадам тесто инаку го избегнувам.
Девојки каква е таа турбо ун, прв пат од вас читам а пред да ја почнам нема страна која не ја прочитав .Ако ја држиш и одиш по правила ќе ослабеш. Ако веќе сум решила да слабеам нема да правам разлика продолжувам и сум трпелива. Јас ослабев 23 кила за 3 месеци . Правев грешки свесно (пр. манџа компир со потпршка , грав исто. Мешав компир и грашок во скробен ден , во скробен ден јадев и пржени компири два пати во овие 3 месеци, супа само 4-5 пати јадев во овие 3 месеци)но со тек на време се навикнав на диетава веќе 3 недела од првиот месец без грешки продолжив. Почнав некаде со 92 кг имам уште малку за слабеење . Диетава ја прекинувам како што е по правило и сл. 3 месеци се враќам на нормален режим со појадок овошје. Па потоа пак ќе ја почнам. Брат ми ја почна пред 3 недели но понекогаш има два протеински денови , или два јх па овошен, и до сега само 1 кг има ослабено , според мене е на некоја си своја чудотворна диета. Само бидете упорни и правилно следете го режимот. Според мене си претерала малку со сувото но не е страшно. Супата е ништо, како вода да си испила. Без гајле терај и не се предавај. 1 парче леб само за ручек , понекогаш и за вечера по пола парче.
18/90 Доручек : 1 банана , какао , Ручек : грашак и салата , вечера исто .. Утре ми е ЈХ . па дајте предлог за некоја убава погача ( полесна за подготовка )
68/90 Скробен Д:банана Р:гравче тавче и салата од зелка В:пола од ручекот со салата 69/90Јх д:2 киви р:макарони со кечап,сенф и маслинки в:2 посни колачиња и мал кроасан
1 јајце 250гр. шекер 250мл. млеко 2 лажици мармалад 1 мала лажица сода 1 пециво 350гр. брашно се мати со лажица и се пече половина час на 180 степени се остава да се олади, се сече на коцки и се прелива со 2 лажици какао (наместо какао може и кухинско чоколадо) 10 лажици шекер 20 лажици млеко и мало парче маргарин за говење (преливот се остава да врие додека не се згусти)
Откако ја започнав диетава цело време сум со крајници, и антибиотици, апчиња (не ми е заради неа секако, мене и онака крајници ме фаќаа), дали антибиотиците можат да влијаат побавно да симнувам тежина?
Здраво девојки, сакам да прашам дали овошјето се јаде само на сабајле (освен во овошниот ден) или може да се јаде и во текот на денот помеѓу оброците. Ви благодарам
Само наутро,ужина меѓу оброци нема никаква,во овошен ден цела ден кога сакаш. Денеска скробен д:/ р:компир варен +зелка салата в:пола од ручекот
Здраво унки јас да ви кажам гурман сум, гооолем. 100 пати ке почнам со диета и се откажувам никако да истерам до крај. Е сега јас др.проблем имам покрај истерувањето- сакам од утре да почнам ун ама незнам како да го распоредам времето дали треба да имам и доручек и ручек на работа? Од 8 до 4 сум.ве молам некој што веќе е на диетава да ми помогне со организација на работа. Извинете за комплицираниов пост
Јас мислам пред да тргниш на работа да јадеш овошје, на паузата(претпоставувам кај 12/1 часот е) да ручаш, и вечерта кај 6/7 вечерата да ти биде.