Млеко смееш само во протеинскио ден, а за подлажување јас се лажам со мастики, кога ептен ќе ме фати криза мастиката во уста и се трпи
денес трети ден,за доручек 2 портокали а може покасно и една јаболка пошто сум рано станета,ручек пица со кашкавал и габички и кечап.за вечера нешто благо.вчера малку згрешив зедов една рака диетални грисини,ама од 18 до 1 ипол бев будна само чајче се напив. што мислите на колку дена треба да се мериме на недела или....????
Денес ми е јагленохидратен ден...мммм омилениот За поручек јаболко за ручек мислам да си купам едно лиснато без ништо??Смеам? И за вечера ќе каснам две крем бананчина и еден ред чок.за готвење.
леле мама не пица со кашкавал...никакооо. кашкавалот е многу калоричен а и не спаѓа во овој ден. ако веќе сакаш пица еве ти рецепт за одлична пица за овој ден... тестото намачкај го со кечап, стави му кругови кромид, купи си барем една свежа пиперка, и таа исецкај ја на кругови, исецкај маслинки и посипи ја целата, печурките, и попрскај ја со сусам и суво лукче(ако имаш ако не може и без тоа) кашкавалот во диетава избегнувај го колку можеш, па дури и во протеинскиот ден ако сакаш повеќе да ослабеш затоа што во 100гр кашкавал имаш околу 400 калории а во цела би имала околу 800 калории. а оваа рецепта што ти ја пишав, пицата има само 400 калории а најадува многу. дури ако си гладна, и повеќе можеш да изедеш. значи муабетов ми беше...си изела 2 портокали + пица со кашкавал + нешто благо = 124+800+500 = 1424 калории од кои повеќе се масти и пак ќе бидеш гладна.
смееш лиснато ама многу е калорично...100гр лиснато има 547 кал. а четврт бурек со сирење има околу 600 кал....па сега ти види. наместо лиснато земи си подобро од готовите пити со зелка, или спанаќ или има разни со зеленчуци (незнам кај живееш, ама во специјал има разни ) или наместо лиснато купи си еден симит хеххехе ама сум запнала со калорииве денес досадна сум знам и мене денес ми е јаглехидратен ден...доручек мандарини, за ручек ќе правам банички со спанаќ од готови кори , а вечера може пак ќе јадам банички освен ако не ме фати криза за благо а ако ме фати ќе јадам пудинг, ќе ги баталам баничките
фала за рецептот баш е добар и ке ја направам пицата така.не си досадна со калориите ни најмалку.кога можеш пиши некој рецепт пак.....поздрав
И мене ми е денес трет ден. Околу 11 часот испив еден чај и изедов два портокали, но еве ми се пријадува. Си викам барем да издржам до кај 14 часот па да јадам. Не ми се оди до продавница да земам лиснато, може да си потпечам лепче на тостер без маргарин се разбира? Па ќе комбинирам потоа со кечап, маслинки и салата. Инаку претходните денови воопшто немам каснато леб А за вечер веќе имам подготвено благо бананчиња или наполетанки, со еден ред кухинско чоколадо.
луге ја најдов книгата или дел од неа.влезете на овој линк https://rs642l34.rapidshare.com/#!downl ... A73271|0|0
Зина Вариор само така продолжи,јас наредно качување ќе имам дури после водниот ден! Инаку денес ми е протеински ден, за доручек на училиште јадев 4 мандарини а за ручек наминав кај моите и како секогаш баба ми како нутриционист спрема секогаш нешто здраво па дури и на лист сум ја запишал рецептата за да ви пренесам: Пола кило ослич риба,исецкана на мали кругчиња кои потоа се сецкаат на четвртинки се ставаат во тава тефлонска со 2-3 лажици зејтин,па се додава на тие пола кило 2 големи црвени кромида кои се иссецкани,па се додаваат 3 главички лук сето тоа да се пропржи додека не се упие маслото,па потоа додала вода повеќе одшо масло и сол за да испари малце и од маслото а и водата,па на крајот ставила сос од чили пиперки за да биде луто,пржела пржела уште малку додека скроз да нема течност.коа отидов си ставив во чинија,1 парче нутри леб,зелка салата и една гадна супа.Сакам да кажам,нитриционистичките рецепти се ОДВРАТНи.Не сакав да ја навредам,но со инат сум ги голтал залаците.По гадно немам пробано на мајка ми и се бендисува и на баба ми бидеќи е здраво и се.Отидов во станот,на цимерот му испратиле кифли од дома уште беа топли празни беа внатре и морав 1 да земам само една малечка кифла и хикснав :/.Сеа Ќе пијам многу вода, и бидејќи ми беше многу гадно за ручек,дали можам за вечера да јадам пилешко или мора и за вечера да биде риба? ако мора риба да е,дефинитивно подобро жива да ја јадам одошто истиот рецепт.позз
Луѓе, држете ми среќа и јас од утре ја почнувам. Се мислев дали да почнам али читајќи ве, добив мотивација. Доволно ми е 8 кг да симнам пошто сум висока 158цм, а сум 60 кг. Се надевам дека ке успеам
Вечера сеа јадев,за жал неможев риба бре човече освен тие филетите Се најадов соја,за жал во презла и јајце и на маслиново масло пржена.Ај ај знам оти хикснав и направив катастрофа,сеа дали да продолжам утре скробен или воден ден да држам...?! Сепак мислам да си продолжам најдобро решение...Од сега натаму БОКС давајте ми коа хикснам!!! хаха
Не знам колку го прочита тоа што една феминка го имаше постирано предходно...Ако не си го прочитал ќе ти кажам: Вика и да направите грешка наредниот ден продолжете понатаму, не се демотивирајте...Така да да продолжиш утре си скробен и да немаш направено некоја голема утка, сепак немаш излешано протеински со скробен....Уживај и гледај ракомет сега и не се секирајј, не сфаќаја диетава мн озбилно биди поопуштен
Да да така и си мислев знаев дека имаше некој таков коментар...од утре строго!!!За ручек утре компир варен и маслинки исто и за вечера.нема хикс.Инаку таков си ми е карактерот се распукнувам за нешто ако не го направам како шо ветам.А шо се однесува до ракомет,тоа секако,тренирав едно време ракомет!Гоу гоу Македонија!
Нутриционист и јас ко тебе можи ја завркнав работава Од сабаље излегов едно јаболко,потоа мајка ми правеше кифли,и каснав две пред да одам на училиште,на училиште на одмор јадев од онај чипсон со зачини Patos,и две крем бананчина и за крај кај 7 часот појдовме во млечен ресторан и јадев лиснато со шунка (ама малку имаше ) и пола чоколадо за готвење Ja зафркнав работава знам ама тоа е ! Си се опуштив дека јагленхидратен ден Aј утре ми е овошен Цел ден овошје че си јадам А да ви кажам 8ми ден ми е,се немам мерено а и немам вага дома ,но стомакот го понамалив се гледа тоа Ете така да ви кажам од радост
Мене денес ми беше скробен ден и си јадев убава чорба добро се најадов а после тоа си јадев овошје место пак од чорбата бидејќи бев прилично заситена . Патем ете сакав да ве прашам дали е тоа лошо што јадев овошје по ручекот бидејќи во диетата е само напоменето јадење овошје од сабајле а за по ручекот слабо
мислам дека не си згрешила...некои викаат дека навечер јаглехидрати не било препорачливо бидејќи се претварале во масти и тоа на пределот на половината . Значи овошјето е јаглехидрат, но и скробот спаѓа во група на јаглехидрати па така да незнам. Но секако е подобро што си изела овошје отколку манџа . Помал е внесот на масти и калории. Затоа да нема многу мислење и забуни, ако не си многу гладна за вечера изеди си салата АААа инаку јас денес добив и вагата ми покажува 1 кило повеќе Што ми текна па да се мерам секој ден. Ќе му ја дадам на некој да ми ја скрие и ќе побарам на 9ти да ми ја даде Денес во јаглехидратниов ден и јас се утепав од грешки правење...ама ај утре овошен и на поправен.