Утре за овошниот ден си спремив од вечерва пудинг од чиа семе.Чиа,вода и јагоди ќе биде. Дајте уште "рецепти" за со овошје, не ми се јаде така еднолично само.
Можеш да испечеш јаболка,со малку цимет,ем вкусно ем заситува. И јас утре овошен ден,ќе јадам банана,портокали,јаболка и јагоди.
4/90 Доручек: "пудинг" од чиа со јагоди и цреши ручек:2 мали банани Вечера:салата со домат,краставица,пиперка и кромид Немам вежбано 2 дена, ама од утре се враќам во форма.
Неславно заврши првиот овошен. Денес 5/90 1 мала банана и 1 јагода 2 часа после бананата Ручек: Сендвич со сирење(со црн леб) и салата Вечера:Исто како ручекот
10/90 скробен... Компир печен со зелка салата. Немам батерија на вагата ама некако се осеќам полесна. Ми рекоа сум била стесната. Најдобро од се е шо не осеќам глад за вечера и не вечерам. Освен чај шо пијам и вода. Ај шо влегов во фармерки шо ги купив пред да останам бремена со второто сеа дури ми се и широчки во нозете и стомакот. Добро е шо има ефект. Можда на кг нема ама во обем да, засега. Идемо даље. Далеку е 90ти ден.
Хахаха... добра си. Нормално дека ќе заврши неславно. И мојот беше неславен. Не се издржува тоа овошје, не држи, не заситува Јас си јадев шопска со парче леб. Ама се тешам дека беше заради циклусот ќе видиме како ќе е следниот.
Па топли кифлички имаше домаааа Издржувам ама мајка ми ми прави бељи Јас се тешам со тоа што вежбам,дека трошам па ми треба храна ама не треба киксови,полесно и поубаво се осеќам кога не правам.
46/90 Океј, сеа навистина се осеќам преослабнато,иако уште сум дебел, ќе се мерам пак после вториот воден. Доручек : цедени портокали Ручек : телешко, шампињони и марула. Моментално јадам.
Трет ден и веќе 2 кг помалку, веројатно е течност, но сепак, пресреќна. Утре овошен, не знам како ќе издржам. Совети? Какао смее? Тоа обично ме заситува, можеби и заради магнезиумот го намалува апетитот.
Дечки, јас од утре стартувам со УН... ја држев пред 4 години и имав супер резултат, ама следеше бременост, па накачени кг во бременост + додадени во текот на првата година . Се размислував дали да почнам со УН или Хроно исхрана, ама некако УН ми е помалку захтевна за спремање и готвење особено со екстра темпераментно дете од 16 месеци . Па со лесно нека ми е, ќе ми треба поддршка за да не потклекнам... да си знаете Стартна тежина 94 (од пред месец дена, сега не сум мерена) Поздрав и убав ден
Какао не. Можеш маслинки или суви смокви, суви сливи, сончоглед мене тоа ме заситува. Во моментов јадам домати и маслинки, досега 3 средно големи јаболки, 2 банана и подоцна најверојатно некоја салата. Не пишувам, бидејќи правам грешки, ама ич не сум мотивација.
Ти благодарам многу, не се предавај, сите грешиме, важно да не се откажеме, утре вечер ќе пишам како сум издржала
Само да ве поздравам Се држите ли храбро Само така, ма и по некоја грешка да се случи нема гајле Ајде летото е на врата, покажувајте ја вашатљ убавина гордо
По кој знае кој пат здраво и од мене Трет протеински денес (9-ти ден) . Почнав со 75- кг , денес имам 72.9 леле таа двојката ама ме израдува ама не сте свесни... се надевам овој пат ќе одам до крај